тоа си е приватна снимка на приватен имот и не може да се користи како доказ нитиу смее да се дистрибуира наоколу ако на таа снимка има трето лице кое не даде дозвола да биде снимано зато што тоа е забрането со закон
сега шо прајме
Но доколку тоа трето лице е снимано под сомнеж дека врши малтретажа врз малолетник, снимањето е во целост оправдано и снимката е веродостоен доказ.
Според твојата логика, и убиство, киднапирање, силување и други злосторства извршени под нечиј приватен покрив, не можат да се докажат со видео снимка, доколку снимката е направена без согласност од жртвата или извршителот на злосторството.
@Dexter26 ај дома додека ја клецкаш девојкати снимај ја и прикачи го видеото на нет, чисто онака дека нели дома можеш шо сакаш да правиш, толку
Ќе те викнам тебе за да не' снимаш.
Бабава е за секоја осуда али осеќам ке се извлече додека родителиве може да го нафркаат со казни..
1.вработување без лиценца на црно
2.снимање и објавување без дозвола
3.приватна тужба
има има доста работи
искрено незнам како го остаиле бебето -цицалче да им го чува странец така да според мене делумно и самите си се виновни : )
Па да, и не.
Од една страна, да - родителите можат да заработат тужба поради ставање на детето во рацете на непознат, но истовремено, од друга страна, да - и дадилката може да заработи тужба поради вршење на работна дејност без соодветна лиценца.
Снимањето на приватен имот со согласност на сопственикот на имотот е законско, а самиот факт дека со видео снимката се докажува криминално дело, го оправдува снимањето. Родителите се тие кои имаат аргумент за приватна тужба - детето може да биде прегледано од лекар, кој ќе потврди дека повредите на детето се предизвикани од физичко малтретирање, а видео лентата посочува кој е извршителот на таквото физичко малтретирање.
Но не, тешко дека бабата ќе види бел ден после ова, дури и ако родителите го извлечат подебелиот крај од стапот, благодарејќи на Интернетот, видео снимката ќе стане вирална, нејзините лични податоци и нејзиното криминално минато ќе станат вирални, поради што многу потешко ќе и биде наоѓањето работа на ново, или живеење на пензионерските години во мирна и удобна атмосфера.
Без разлика што ќе одлучи судот, таа веќе е осудена од јавноста, а познавајќи го македонскиот менталитет, не ја чека баш светла иднина, без разлика како ќе пресуди судот.