Дај бе веќе еднаш член од закон кој тоа го вели
Па добредојден си да го побараш.
Не ти претставуваше проблем да го најдеш членот 152 за неовластено снимање, сигурно можеш да почепкаш подлабоко во законите и да го најдеш и тој член.
Јас ти реплицирав со ставовите на адвокатите - кои се дипломирани правници за разлика од мене, а претпоставувам и за разлика од тебе - но ти ги отфрли нивните ставови.
Јас не сум правник, но членот 152 кој ти го цитираше јасно забранува видео надзор на туѓ приватен имот, а не на приватен имот кој е во сопственост на снимателот.
не се сили него напрај го тоа шо му реков на Декстер па ке праиме муабет
без нејзина согласност е објавена снимката и ред други работи, има поткрепа за тужба
значи во законот мора релевантен доказ а не судијата да суди понесен од чуства- непрофесионалност
сеа ова е зборење како навистина би требало да биде ама заокните се на страната на старкава моментално
Не зборуваме за чувства, туку за доказ обезбеден од приватен извор на приватен имот, и секако дека таквиот доказ подлегнува на веродостојност и релевантност.
Забораваш дека дадилката е снимена на приватен имот кој не бил нејзин, туку во приватна сопственост на снимателот, а правилата на приватност на приватниот имот ги одредува сопственикот на имотот, а не посетителите на приватниот имот кои не се вдомени во истиот.
Колку е веродостоен и релевантен доказот, ќе одлучи судот.
@Dexter26 доколку постоело сомнеж има институции каде можеле да пријават за да се консултираат како понатаму а не некој ке изиграва закон и сега цацко им е крив
Мислам дека најдобро ќе биде да оставиме судот да пресуди дали некој си изигравал закон на сопствен приватен имот и кој на кого му е крив.
Освен ако си правник по професија, па да можеш малку подетално да ни ја објасниш ситуацијата.