Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дрва се сите тројца, ништо подобро од она што веќе го има во репрезентацијатаMoментално ќе набројам тројца шо вредат повеќе од одредени избраници-говеда во репрезентацијава.
Алтипармаковски
Несторовски
Зоран Даноски
Па во 2013-та имаше поприлично многу постигнато голови, еве на википедија вели 48 во 64 натпревари и знам дека имаше некое официјално признание..........Шипон шо го утна некни пеналон поарен да не е?каде со несторо бе брат
Јас сум изреволтиран од моменталниот состав кој за онакво не го бива. И сакам само да се направи некаква промена, по цена на неуспех, тој ризик нека доведи до неуспех но нека се проба. Ионака веќе години наназад навикнавме на неуспех, а и знаеме одредени поединци како играа (земи го детево нека трчкара таму).Абе др е втора лига хрватска др е репрезентација.Се виде него колку го бидува во словачко каде даде еден ебан гол во 2-3 години. А и металург кога го вратија за никаде играше.
Како тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евраЕден текст кој е напишан од поодамна кој го покажува проблемот со кој се соочуваме со македонската репрезентацијата.
Инаку текстот е напишан од Панче Ќумбев.
"Болен ми лежи македонскиот фудбал"
Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...
Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација... изгубивме од Луксембург Да, изгубивме и затоа спортот е интересен... Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц.
Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.
Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред.
Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3, нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред.
1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)
Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци.
А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они?
2. Професионалноста??
Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?
3. Квалитетот на лигата.
Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е, за жал. Кај нас може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е.
4. Репрезентација
За секој играч е светост, чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото"мора да игра". Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Знаете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите,нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како, само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација.
5. Селектор
Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра, или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други?
6. Раководство
Само едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал.
И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке дојде Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас.
Толку...
Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.
Мое мислење со погоре кое го осетив на своја кожа. Јас кога бранев во вардар се погоди времето кога немаше ни денар кога си замина трифун клубот немаше пари за да плати што се вика за струја а најинтересно беше што немаше пари ни за топки нови да се купат. Затоа јас како и останатите кои бевме моравме од свој џеб да даваме пари за превоз секако кога одевме на утакмици тука спаѓаа и останатите работи кои мораш сам да си ги купуваш и едноставно месечно излегуваше да мораш да трошиш најмалку 200 евра за да играш за своја желба а да добиеш пари беше исто како да сонуваш. На мојот тренер Мутобариќ баш тогаш паметам му должеа најмалку 3 плати а што беше со останатите? Потоа откако заедно се префрлив со Муто во работнички игравме на трева која искрено на мојот плац имаше подобра трева а за соблекувалните да не правиме моабет ама ај тоа беше одамна ама како и да е и сега не е ништо сменето освен кога бев во Еуромилк кога беше во трета лига па ние го имавме најдобриот терен и соблекувална кој да не вложеше Јане птица пари во теренот и се останатото ќе беше тим со соблекувална од на перу од трета лига. Малку се вложија пари сега во Фудбалот али како и да е она најважното репрезентацијата ни е катастрофа се вкупно. Порано кога се играше фудбал на градски паметам имаше публика над 5,000 секој викенд посебно кога играше Вардар тоа беа деновите кога гледав вистински македонски фудбал сега катастрофа.
текстов е од пред 3 години максимум. Инаку да не играаат за 150 евра ама не играат и за 1,000 евра. Инаку читав дека минимална плата за тренер е 500 евра сега. Ако го најдам текстот кај што пишуваше кој тренер и кои играчи колку зимаат сега баш ќе го постирам тука.[DOUBLEPOST=1441750675][/DOUBLEPOST]Како тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евра
Еве го текстотКако тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евра
Јас па се мислам дека изигравме колку што Шпанија ни дозволи да изиграме...Слабо нешто да коментирате,после Луксембург 12912904129 страни се напишаа,кој од кој покреативен. Денес можам да кажам само едно огромно браво за залагањето на сите играчи,почнувајќи од Брдаровски кој го провоцираше цела утакмица Диего Коста,па се до Мирко Ивановски кој имаше исто неколку блиски дуели со Рам(б)ос и Пике. Позитивна сум изненаден од Радевски и Брдаровски,одлично функционираа и се надополнуваа а и реално многу истрчаа(и сите други,освен Пачовски...ама ајде,ќе му се опрости една лоша утакмица,надокнадувал со добри одбрани пред тоа). Уште еднаш,секоја чест за залагањето,баш ме интересира зошто не играат секоја утакмица вака...
Абе..тој ни е капацитетот реално,нема шо да се лутиме. Џабе се лупаме у гради ние вака,ние така кога погледни го составот колку играчи ни играат јаки утакмици у јаки лиги? Колку наши екипи играле у Европа? Направивме 2 шанси,едната ни ја блокираа во последна секунда а беше опасна ситуација другата незнам кој не ја зафати со глава најдобро+слободниот удар..Немаа мотив шпанците и то је тоЈас па се мислам дека изигравме колку што Шпанија ни дозволи да изиграме...![]()