Небулозни се тврдењата на наши таканаречени воени експерти кои ги слушам веќе 20-ет и кусур години како на Македонија не и се потребни борбени авиони, па таа ќе се бранела само со хелихоптери бидејќи таа била многу мала, немало простор каде да се движат и слични глупости.
Општо е познато дека при дејствувње на борбени хелихоптери ако се без подршка на борбени авиони хелихоптерите лесно можат да бидат неутрализирани. Жал ми е што на многумина им е кратко помнењето и заборавиле колкава значајна улога одиграа Су25-ките во 2001 година особено во Радуша и Арачиново. Да не беа истите ангажирани во воените дејствија тешко може да се претпостави во која насока ќе се одвиваше војната.
На Македонија сега и во блиска иднина бидејќи долго време нема да станеме членка на НАТО не и се потребни скапи летала кои што чинат по 50,70 или 100 и кусур милиони евра по парче. Исто така Македонија не треба да купува старо железо од Советската ера ниту пак современи борбени летала произведени од Руската федерација. Прво поради тоа што животниот век им е од 4000-6000 часа летање исто така тие почесто се испраќаат на сервис, второ постојано би биле под притисок на Јенките да се откажеме од таквата набавка.
Владата издвои последниве години 50-тина милиони евра и добивме најсовремен центар за обука на воени пилоти за хелихоптери во регионов и тоа е за поздрав.Сега е потребно да се создадат услови и за обука на пилоти на борбени авиони.
За 50-70 милиони евра можат да се купат 4 нови современи летала изградени од композитни материјали, со животен век од 15000 часа летање, со ниска цена на летање по час за обука на второ ниво и со современа вградена западна авионика (за прво ниво на обука веќе ги имаме чешките злинови) и четири тренажни авиони за трето ниво обука со ниски трошоци на летање и истите би се користеле за борбени дејства врз цели на копно и би давале подршка на нашите борбени хелихоптери.
Земјата која што вложува во својата Армија вложува во својата иднина.
Нашата армија може да бира во моментов помеѓу понудите што ги даваат Италијаните и Чесите и да го затвори овој проблем на Македонското воено воздухопловство за наредните 20-30 години.
Италијаните веќе го нудат М-345 НЕТ за второ ниво на обука и истиот може да се вооружа за да дејства врз цели на копно. Бидејќи италијаните го воведуваат М-346 Мајстор за трето ниво на обука (истиот за нас е премногу скап), имаат намера да ги тргнат од употреба МB-339 инаку топ тренажен авион со современа западна авионика истиот се користи за трето ниво обука на италијанските пилоти.
Привезок до М-345 НЕТ и МB-339 веќе имам нешто напишано за овие два авиона.
Чесите за второ ниво на обука го нудат L-39 NG кој по своите карактеристики е на исто ниво со М-345 НЕТ, додека за трето ниво на обука го нуди L-159 кој во секој поглед го надминува италијанскиот МB-339.
L-159 чесите го нудат за 2-3 милиони долари по парче а триесетина се чуваат конзервирани со по само 200 часа летање.
Привезок до
L-39 NG и
L-159 и за нив имам нешто повеќе напишано на форумов.
Aermacchi MB-339
ALCA L-159
Aermacchi MB-339 или ALCA L-159 за мене воопшто не е важно. Важно е дека еден пар од овие лесни борбени ловци дежурни на скопски Петровец за пет до десет минути можат да неутрализираат било каква закана која што доаѓа обично од нашата северна граница.
Што се однесува до Air Policing по десетина години ако станеме членка на НАТО нема по нашево небо да шетаат Селџуци и Татари туку веќе би имале обучено искусни пилоти кои лесно би преминале на авионите од генерацијата 4+.