- Член од
- 25 март 2012
- Мислења
- 8.607
- Поени од реакции
- 5.241
Во Косово имаше етничко чистење, а во Сирија можеби жителите се заложници, кој успева да бега, бега.Jaс поставив неколку прашања на кои никој од овие што ги бранат мигрантиве не успеа да одговори. Па еве ќе ти ги преповторам тебе и на останатите, па да ги видиме вашите аргументи.
1. Меѓу бегалците претежно доминираат военоспособни мажи кои си ги оставиле родните огништа да им ги бранат жените, сестрите, мајките, ќерките. Ако мажите избегале, кој ќе им пружи отпор на крвниците од ИСИС да стигнат непречено до нивните домови? Со што ќе се одбранат жените? Веројатно со ова:
Зошто очекуваат дека ИСИЛ-овците ќе им ги поштедат жените од силување, тепање, и убивање? Можеби затоа што ИСИЛ-овците им се соборци? Што мислиш?
Паметиш ли @puno, кога твоите бегаа од Косово кон Стенковец колку жени и деца имаше во колоните? Паметиш ли колку трудни жени имаше помеѓу нив? Зошто тогаш не ги оставивте жените на Косово да ги пречекаат војниците на Милошевиќ, како што прават Сиријците сега?
Во Сирија работата е премногу компликувана за обичниот граѓанин да ја сфаќа, ниту ние овде илјадници километри без притисокот од куршуми и бомби не можеме да знаеме кој кон кого пука.
Нема врска, иселениците не бараат засолниште кај швеѓанинот дома, туку кај државата, не знам зошто ги мешаш работите.2. Вашите @@puno, кога бегаа од Косово не паметам да бараа засолниште во македонските семејства. Тие беа привремено згрижени кај македонските Албанци, значи кај сличните на нив, по вера, обичаи и менталитет. Тогаш зошто Сиријците не бегаат кај сличните на нив, како што се Саудиска Арабија, Кувајт, Емирати, Иран, каде што ќе бидат прифатени и лесно ќе се вклопат туку во Германија, Франција, Шведска, кадешто живее народ со друга вера, други обичаи и друг менталитет скроз некомпатибилен со нивниот, каде нема да бидат прифатени и ќе живеат во гета, каде сите ги мразат и каде е сосема извесно дека ќе бидат изложени на напади на ултрадесничарите?
Тоа ти е исто како да речеме неколку Македонци од мариовските села поради немање услови, не можат да останат на родните огништа и се преселат не во Прилеп, Битола или Скопје, туку одлучат да се населат во Мала Речица или друго село со 100%-но албанско население. Што мислиш, дали овие Македонци таму ќе ги пречекаат со добредојде, или што поскоро ќе им го покажат патот за назад?
Албанците што беа кај нашите домови сите се вратија, не дојдоа за да останат, но тие албанци што побегна кој САД или Австралија уште се таму. Баш едно семејство што живееше кај нас тогаш му понудивме наша земја по поволна цена, се насмеа, викаше јас сакам балканот да го напуштам, сакам да живеам без да се плашам дека во следните 10 год ќе има пак војна.
Така да, тоа семејство имаше шанси да живее меѓу своите, но сепак заминаа во САД, без знаење јазик без ништо, некако дозна дека имаше квота колку ќе примат азилант, како за Сирија денеска.
Мислам дека САД и Австралија се доволно далеку за да се побие овој твој аргумент. За Германија и швајцарија да не збориме.3. Вие кога бегавте од Косово, бегавте во соседните земји. Не бегавте од две до четири илјади километри далеку од дома колу што има од Сирија до Германија, Франција, В.Британија и Шведска и тоа по воздушен пат. На оние што бегаат од Авганистан и Пакистан поблиску им е Малезија кадешто патот е многу полесен за одење бидејќи претежно поминува по рамнини и крајбрежја, отколку Западна Европа кадешто мораат да минуваат преку планини и пустини низ Иран и Турција.
Западните држави имаат далеку подобар третман кон азилантите од било која источна земја, изгледа им треба работна рака, кој знае....
Не знам што сакаш да кажеш со ова...4. Читам на форумов како ги осудуваат Македонците што им наплаќале по 2 евра за да им наполнат телефон. Од истите тие, не прочитав ниту еден збор осуда за криумчарите на луѓе кои истите овие Сиријци ги превезле од Сирија до Родос, а кои им земале многу, многу повеќе од 2 евра.
[DOUBLEPOST=1441035550][/DOUBLEPOST]Ајде сега да ги видиме вашите аргументи. Повелете!
Јас не сум адвокат на албанците, ниту може некој да биде.@puno
Не за друго, чисто за информација...
Иначе околните села се: Ваксинце, Лојане и Сопот кои се чисто Албански села.
За осуда е, се срамам што сум албанец заради ваквите кримогени мајмуни.
Последно уредено: