И јас не сакам да ги делам луѓето по потекло или боја на кожа, затоа што тоа во никој случај не го определува еден човек дали е добар или лош. Но, ако јас утре сакам да се иселам и да живеам на пример во Иран или некоа друга земја каде се следи шеријатот, каде на пример законот, нормите и обичаите ќе ми налагаат за се воздржувам од алкохол, да не шетам со крстови околу врат или ако имам сопруга ќе треба да носи бурка, јас бидејќи по своја волја сум избрал да живеам таму, ќе се обидам се прилагодам и ќе ги почитувам тие закони и обичаи, и нема да кршам прозори, да палам автомобили и да убивам луѓе затоа што тие правиле не ми се допаѓале, затоа што ЈАС по свој ИЗБОР сум решил да живеам таму.
Истото е и со муслиманиве во европа, никој нема да има ама баш ништо против нив, и генерално поголем дел од луѓето и немаат со оние кои прифатиле да се однесуваат согласно нормите и законите на државата која ги примила, им пружила шанса за подобар и попросперитетен живот. Но кога ти офрлаш, го мразиш и се бориш против поредокот во државата за која си прошол мачни иљадници километри, не може да очекуваш дека мнозинството ќе те сака или дека ќе сака уште такви како тебе да им дојдат, оти да не заборавиме една многу битна работа, и покрај сите апокалиптични сценариа, во овој момент муслиманите во европа се сеуште малцинство, дури и во државите каде се најбројни не се повеќе од 20%, значи наспроти нив имаат 80-90% мнозинство кое го малтретираат со своето понашање бидејќи се ептен гласно малцинство, слично како и нашиве малцински сограѓани.
Е па, за муслиманите ќе биде лошо ако еден ден на тоа мнозинство му пукне филм и му се стемни пред очи, а во комбинација со економски кризи, виновник најлесно се наоѓа во малциството, еден европски народ не така одмана за своите порази и неуспеси најде колективен виновник во едно малцинство, и тоа малцинство на територијата на Европа повеќе не постои, го нема воопшто никаде. Да не дојде работата пак да гледаме логори и кампови на смртта како во 33-45.