Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Од што се појавува главоболка после спиење и тоа посебно во пределот на темето?
 
Лошо си лежел и од притисок. Понекогаш и јас имам, посебно, ако претерам со спиење.
Не спијам предолго. Прво си помислив да не е од перниците, па еве деновиве земав да спијам на Дормео перница, но пак истото.
 
Било кој железен препарат да го земаш орално ќе го им истиот ефект, бидејќи резорпцијата на железо преку гастроинтестиналниот тракт оди доста бавно, така што минимум три месеца се потреби да се корегира една железодефицитна анемија и притоа да се пополнат резервите на железо.
Интравенозна апликација на железо не би препорачал бидејќи ги дразни периферните вени и прави често тромбофлебити. Трет и најбрз начин е да примиш трансфузија и со неа да примиш железо кое го има во хемоглобинот, но и овој метод не е баш идеален и крие свои ризици.

Б12 и фолиева киселина не ти требаат, бидејќи се потребни години да не внесуваш од овие два витамина додека да се развие анемија и доколку се појави нема да биде причината поради недостаток во исхраната на Б12 и фолиева киселина туку поради недоволна резорпција на истите.
Дали дразбата на периферните вени и она со тромбофлебите е сериозно и предизвикува оштетувања, дали се санираат тие или се трајни? Дали (само) поради тоа не би препорачале таков внес?
Досега два пати имам примано инекции железо со Б12 плус мислам, по 10 беа, секој втор ден ми ги ставаа. Првиот пат веднаш и постојано ставав облоги од ациди борици, малку ме печеше ама немав ништо потоа, вториот пат не ставав често облоги и ми се направија модринки на колкот и многу ме болеше, едвај седев и доста долго време требаше за да ми пројде, месеци.
Дали има врска и со каква игла те боцкаат, дебелина на иглите и слично?
 
zdravo nova sum na forumov i sakam da ve prasam nesto.Bratot na decko mi e mnogu laden t.e teloto mu e ladno a osobeno vo zima a inaku on e super vaka samo teloto i zimo i leto mu e mnogu ladno kako guster e i prasanjeto mi bese kako moze da se stopli da ne bide tolku laden dali e nesto do cirkulacijata ili do nesto drugo?fala odnapred na odgovorite i imajte ubav den:)
 
Не спијам предолго. Прво си помислив да не е од перниците, па еве деновиве земав да спијам на Дормео перница, но пак истото.
Да не бидам како докториве: е ај да снимаме ова, ај она... :D Обично е притисок во прашање. Мене на клиника ќе ме исфрлеа надвор од премногу прашување :D
 
@ХулахопкиСоТочки а знаеш од што губиш железо? Џабе и пиење и боцкање, ако постојано го губиш. Најди ја причината прво.
Да, ми правеа испитувања и има дијагноза, не ја знам на латински. Плус со исхраната не внесувам железо, односно не јадам многу продукти што содржат железо, а тие што ги јадам не ги јадам во доволни количини изгледа..:)
 
Дали дразбата на периферните вени и она со тромбофлебите е сериозно и предизвикува оштетувања, дали се санираат тие или се трајни? Дали (само) поради тоа не би препорачале таков внес?
Досега два пати имам примано инекции железо со Б12 плус мислам, по 10 беа, секој втор ден ми ги ставаа. Првиот пат веднаш и постојано ставав облоги од ациди борици, малку ме печеше ама немав ништо потоа, вториот пат не ставав често облоги и ми се направија модринки на колкот и многу ме болеше, едвај седев и доста долго време требаше за да ми пројде, месеци.
Дали има врска и со каква игла те боцкаат, дебелина на иглите и слично?
Тоа што го кажа ти е аплицирање на железо во мускул а не во вена, венската апликација треба да оди бавно бидејќи при брза апликација може да се пречекори капацитетот на трансферинот во крвта (носителот на железото) и слободните железни јони делуваат токсично. Обично овој вид на апликација се прави кај пациенти кои се на хемодијализа и исклучиво мора да биде во болнички услови.

А зашто не земаш железо во форма на таблети/капсули?
 
Дигестивни прoблеми, oсетлив стoмaк oд oние штo се зa џвaкaње, a кaпсули не мoжaм дa гoлтaм :) Зa aплицирaње вo мускул ме интересирaше пoвеќе дa ми кaжете, дaли е oк, дaли имa ризик или штетa, штo билo...Тoгaш кoгa примaв ми се пoпрaви зa мнoгу брзo и пoсле тoa дoстa дoлгo не бев aнемичнa, пред две гoдини примaв пoследен пaт
 
@ХулахопкиСоТочки среди ја прво "дијагнозата" :) или барем почни, па после играј си со железо. Да не направиш поголема белја, тогаш ќе те видам. Не сум сигурен дали имаше за железо, прашај за депо лекови (мислам така се нарекуваат). Оние што еднаш ги примаш и сами "испуштаат" во организам колку треба. Да не те бодат на секое.
 
Среденa ми е и тoa ми е сo гoдини. Фaлa зa сoветите вo секoј случaј. :)
 
Јас сум лош пациент. Сега немам осет за мирис.

Денес не работи матичната до понеделник
јас не одам на лекар дури не ме однесат, и така завчера ме однесоа, ми препишаа панцеф, грлото ми беше пред тоа испив една терапија амоксиклав не ми помогна па реков ако не сакаш да ми помогниш не мораш (на медицината и реков за инает)
И така ме стегнаа синусите, главата ме боли како никогаш досега, и сега се жалам овде пошто го немам осетот за мирис. Душкам на кутијата со кафе ништо, на ариелот за перење ништо, на сјајот ништо. Не осеќам никаков мирис.
Пред да кликнам на кајгана кликнав на гугл. Најлоша идеја што ми паднала на памет било кога. Прочитав за некакви полипи и се преплашив, ама не чувствувам никаков израсток или херпес, тоа ако го има се осеќа? Сега имам и хипохондрија. Кај ми е матичната, каде? Уф...
 
dobro nikoj li neznae da mi odgovori?zosto bratot na decko mi e ko zmija laden?
 
dobro nikoj li neznae da mi odgovori?zosto bratot na decko mi e ko zmija laden?
дали ти си слушнала дека постојат лекари и дека треба да оди да се прегледа??? никој тука не е видовит па да знае што му е. има милион фактори
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom