Анкета: Кој тип на веб сајт/блог фали или е послабо застапен во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Epowah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Здраво форумџии.

Би сакал да поставам еден вид на анкета каде што би ги видел вашите мислења во врска со прашањето: Кој тип на веб сајт/блог фали или е послабо застапен во Македонија?

Ми значи вашето мислење и ви благодарам однапред!
 
некој со смешни слики, вицеви, занимливости, смешни видеа. такви сајтови фалат.
 
некој со смешни слики, вицеви, занимливости, смешни видеа. такви сајтови фалат.
Такви сајтови веќе има..на пример како Мотика, Вицотека, Бисерко..Мене ме интересира дали постои некој дел што не е опфатен гледано од едукативна страна.
 
Такви сајтови веќе има..на пример како Мотика, Вицотека, Бисерко..Мене ме интересира дали постои некој дел што не е опфатен гледано од едукативна страна.
Да имаше некој такво истражување сам ќе го работеше тоа.

П.С Што е до мене нека има повеќе сајтови за гејминг :D
 
Секаков вид на сајтови затоа што 95% се превод од англиски. Фалат оригинални сајтови, со оригинални текстови, истражувања и тн.

P.S. зависи и која ти е целта. Ако бараш брз ќар подобро е да идеш на копи пејст со мали измени. Сепак генерално ќар од македонски сајт тешко.
 
Последно уредено:
Сајт строго за наука и најнови научни достигнувања, сајт за филозофија (моментално само на од едно другарче сајтот akindin ми текнува како посериозен од оваа област).
 
+1 блог/сајт за наука

И да не е копи-пејстер на артикли и постови од други сајтови пошто врие такви. Ко што рекоа и другиве, оригинална содржина, или барем ако веќе се третира тема начната на повеќе сајтови/блогови, да биде со свои зборови напишано, и инфо/факти проверени.
 
Фалат за наука и едукација
 
Абе кaј нaс диплoмски сo кoпи пејст спремaaт, a не пaк стaтијa зa веб сaјт.

Дечкото праша што фали. Фино лепо одговоривме што фали.
 
сајт со професионални рецензии на хардвер, компјутерски компоненти, аудио видео техника итн. затоа што сега нема таков сајт во МК.
тестови за монитори, телевизори, аудио опрема итн да се изведуваат како што треба, со мерење, а не онака од око.
или некој сајт од типот на http://www.testfreaks.com каде корсиниците ќе можат да оставаат кратка рецензии за производот. може и да се линкува до странски тестови за производот кои ќе бидат автоматски преведувани на македонски.
 
Ни фалат сајт(страница) за наука за секакви области и тоа на македонски јазик
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom