Со ова сака да каже дека „македонскиот контекст“ на ливерпулските фанови не чини, односно сме срање како фанови. Тоа е навреда, ја сум македонски фан, исто како и ти, и сите што сме тука, нели? Каква е таа генерализација? Има право да каже „ти чиниш како фан, ти не чиниш“? Не. Има право на свое лично мислење, ама не истото да го адресира преку официјалната страна. Башка што вика дека нашиов фан пејџ ги има истите правила што ги има официјалната страна на Ливерпул. Ама официјалната страна на Ливерпул нема ова да ти го каже никад. А и покрај мојата реакција поради навредата, уште ми се заканува со бан. Затоа реков, не ми се свиѓаше, реагирав, искритикував и оттогаш више намалив со нивно следење, тоа е тоа.
Па и јас се согласувам дека не чини. Ти не се согласуваш дека сме тралалајки? 100 пати го имаш тоа кажано. Единствена грешка е тоа што за момент личниот став го искажал на официјалната фејсбук страна. Тоа не го менува фактот дека заклучокот, констатацијата е на место.
Мизерија сме зошто во секое добро го наоѓаме лошото. Не дека тоа е проблем, проблем е што лошото пробуваме да го наметнеме како приоритетно, како причина за која што мора да исплукаме по работата на клубот. Мизерија сме зошто никој со ништо не придонесува за работа на здружението а јас лично знам колку се имам окозено, колку имам одвоено време, финансии и колку пати мозок ми прскал за да фунцкионира. Мизерија сме зошто 98% не се ни понудуваат да ти помогнат, за после да дојде време ладнокрвно да кажат „наше е“. Наше е, ама не е. Не е зошто е на клубот ама јас сум му татко, ти си му братучед. Роднинска врска ама не е тоа тоа.
Јас, никогаш не сум го користел како лична своина нити кажувам дека имам ексклузивно право на истото ама заслужувам максимална почит заедно со Горан, Игор, Вања, Фикла, Ека и Орце кои го започнаа ова.
Исто така, како што ние сме критикувани, имаме право и да критикуваме.
Мизерија сме што мора да даваме подароци во вид на маици за да натераме некој да уплати 500 ебани денари за да профункционира здружението и да се сврти некој денар.
Мислиш дека ме има некој прашано дали имаме поднесено завршна сметка? Дали ја имаме истата платено? Мислиш дека некој праша колку пари требаат за регионалниот собир? Мислиш дека некој, со чест на исклучоци како Бодо дојде и даде по 50€ или 100€?
Никаде никој го нема. Е боли бе Рики, боли до коска кога СИТЕ се тука само да критикуваат и да кажат „абе јас од кога го имам пратено клубот, марш пилиштар“.
Ама затоа ги боли сите нив, имаат по 50-60 години кога ќе им кажам „прати го од 1955та ама јас имам направено 1000 пати повеќе за навивачите на овие простори од тебе“.
Има право на сФе, мора да разбереш.
Единствена грешка е што својот личен став го пресликал на официјалниот фб пејџ.