Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Далеку од тоа дека може и се живее подобро пред све во Германија,но кога ќе прочитам некој си минимални плати од 2000€ и повеќе ми се врти во главава.Па уште споредување Македонија и Германија:confused: тогаш мораш да бидеш откачен на ниво џабе школото кое го поседуваш..
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
15
Поени од реакции
0
дечки да не знаете некој контакт за Германија за работа со гипс картон?
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Првпат налетав на темава и прочитав онака низ неколку страни и нормално како што и очекував поголемото мнозинство од тие што се негде на страна викаат дека не се каат. Сепак сигурен сум дека бар еден мал дел имаат некакво каење или бар некаква носталгија или желба да се вратат во Македонија.
Лично бар знам неколкумина Македонци кои се вратиле од Австралии и Канади за да си го продолжат животот во Македонија. Не дека не можеле да останат и не дека немале работа и слично, туку едноставно сакале тука да ја градат својата иднина. Сепак морам да признаам дека сите тие сепак се во најмала мера луѓе кои што се солидно ситуирани. Точно работат тука за помала пара но има нешто друго поради кое што се вратиле тука.
Од друга страна ги разбирам и оние што одат во странство кога тука не се ценети и едноставно не се цени нивното знаење и труд или пак не можат да најдат работа а едвај се врзува крај со крај. На крајот на краиштата ги разбирам сите тие на кои им е скурчен системот што не функционира, закони што не важат еднакво за сите, тоа што не се цени знаење и квалитет туку други „вредности“ или на крајот на краиштата тоа што логичните нешта се реткост а нелогичностите секојдневие.
А исто така има и една група кои што можеби се им е наредено тука но едноставно сакаат да пробаат во странство или пак знаат дека таму нивниот потенцијал може да се искористи и напредува а тука многу брзо ќе го достигнат плафонот.
Како и да се секој со своја среќа.

Без разлика на се, свои предности и мани си носат и останувањето во Македонија и сељенето во странство. Не е се така сјајно ни на запад. Исто така и перцепцијата за тоа како е таму е многу субјективна. Ако тука не можеш да врзеш крај со крај, немаш сопствено живеалиште и работиш напорно за плата со која едвај би го поминал месецот, нормално дека во странство ќе ти е подобро бидејќи со истото залагање ќе заработуваш за кирија и пристоен живот, ако штедиш може ќе тргнеш и нешто на страна. Од друга страна доколку тука си имаш сопствен стан, имаш плата од која дури и можеш да заштедиш, сите твои роднини и пријатели се тука, имаш богат социјален живот, во тој случај не верувам дека доколку отидеш во странство и заработуваш малку повеќе (во однос на стандардот таму), плаќаш кирија и немаш баш толку многу пријатели, дека баш така лесно ќе кажеш не се каам или дека ќе немаш желба да се вратиш назад.

Така да во секој случај мислам дека се зависи од човекот, што сака моментално од животот и како си го замислува.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Jas nemam sretnato stranec sto zivee vo Germanija podolgo od 1 godina, a vo megjuvreme ne nauchil jazik. Eve tatko mi i majka mi dojdoa 2 meseci posle mene, pa sega vekje pijaat kafe so komshiite (Germanci) od sosedniot stan, a nikogash vo zivotot ne posetuvale kurs po germanski jazik. Lol


Sent from my iPhone using Tapatalk
Стар пост но морам да коментирам. Смешно ми е, затоа што точно знам како им е “научен“ јазикот :D За помалку од година дена германски никако не се учи. Gib mir pepeljara...остатокот е со раце и нозе :icon_lol: И на мои 18 години тука пак заглавувам некаде. Потежок од германски здравје. Ама ок, и јас милев на почетокот дека течно зборат некои постари нашинци шо се тука, а покано дознав утвари колку не го знаат и по 40 год. престој.:facepalm:
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Мое мислење - ако сте на долните ~20% од населението во РМ, вашата среќа се наоѓа во странските западни земји.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Стар пост но морам да коментирам. Смешно ми е, затоа што точно знам како им е “научен“ јазикот :D За помалку од година дена германски никако не се учи. Gib mir pepeljara...остатокот е со раце и нозе :icon_lol: И на мои 18 години тука пак заглавувам некаде. Потежок од германски здравје. Ама ок, и јас милев на почетокот дека течно зборат некои постари нашинци шо се тука, а покано дознав утвари колку не го знаат и по 40 год. престој.:facepalm:
За година се учи и тоа како, комотно Б2 ниво ако одиш на курс редовно.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
За година се учи и тоа како, комотно Б2 ниво ако одиш на курс редовно.
Да, ама под услов ништо друго да не работиш во животот туку 5 дена во неделата на курс да одиш. Ем што не е можно тоа, ами и прескапо иди на крај.
За некои си 3 до 5 години се учи да можеш течно да зборуваш. Нема да можеш елоквентно во никој случај да се изразуваш и да имаш богат фонд на зборови, ама барем ќе можеш нормално да комуницираш во 80% од случаите.
А за 1 година ќе научиш колку леб да си купиш.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Мое мислење - ако сте на долните ~20% од населението во РМ, вашата среќа се наоѓа во странските западни земји.
Ti vo koja grupa spagjash, vo gornite ili dolnite. Po komentarite sto gi postirash nakaj dolnite mi lichish.

Moj sovet: nemoj mnogu da mislish, ne veruvam deka na nekoj mu treba tvoeto mislenje. Uzivaj go zhivotot ednostavno.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Ti vo koja grupa spagjash, vo gornite ili dolnite. Po komentarite sto gi postirash nakaj dolnite mi lichish.

Moj sovet: nemoj mnogu da mislish, ne veruvam deka na nekoj mu treba tvoeto mislenje. Uzivaj go zhivotot ednostavno.
Не се согласуваш или не ти се допаѓа мојот пост?
Зошто?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Каење да бе да???? Секој вика лошо е што си заминал од овој пекол наречен Балкан, ама нејќе да се врати интересно?!?!?!?! балкански менталитет ти го опишува лошо се плаши да не ти дојде на памет и ти да заминеш и да имаш живот нормален , но да скапеш овде цел твој живот заработувајќи за да преживеш, а тие секогаш да се чуствуват над тебе, и кога ке дојдат за посета да им ги носиш куферите, да им бидеш таксист да ти продават памет,да ти се фалат со нај модерна технологија, скапа облека, скапи плани за одмор,трип низ цела Европа (а ти можеш да дозволиш себеси еден ебан одмор со патличани,пиперки паштети,конзерви), како се таму е добро,чисто ги имаш сите услови а ти кутриот треба да ги слушаш целовреме и на крај кога ке те приметат дека ги завидуваш и сакаш и ти да се спасиш од ова мизерија и почнуваш да правиш планови како аааа викат чекај таму ова го немаш, немаш роднини, немаш пријатели, немаш слободно време како тука, ти мислиш лесно е таму секогаш ке се чуствуваш странец, ќутете вие не знаете колку убаво ви е тука сепак дома си е дома леб и сол ама нема поубаво од дома, татковината над се Македонија вечна. :facepalm:
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Што мислите како живее еден емигрант од Косово, или Пакистан или Турција, да речеме во Германија?

Мислите ли дека македонскиот емигрант живее подобро или полошо од Турчинот, Пакистанецот и Косоварот?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Таму живее подобро тој што сака да живее нема врска националност, вера. И таму имаш опција сакаш да живееш ке гледаш цело време што подобра работа да најдеш, не сакаш да се замараш многу ке живееш посиромашен живот, но верувам дека и тие со најниски плати таму живеат далеку подобар живот од платите на нас "интелектуалците" што работиме по државни институции
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Каење да бе да???? Секој вика лошо е што си заминал од овој пекол наречен Балкан, ама нејќе да се врати интересно?!?!?!?! балкански менталитет ти го опишува лошо се плаши да не ти дојде на памет и ти да заминеш и да имаш живот нормален , но да скапеш овде цел твој живот заработувајќи за да преживеш, а тие секогаш да се чуствуват над тебе, и кога ке дојдат за посета да им ги носиш куферите, да им бидеш таксист да ти продават памет,да ти се фалат со нај модерна технологија, скапа облека, скапи плани за одмор,трип низ цела Европа (а ти можеш да дозволиш себеси еден ебан одмор со патличани,пиперки паштети,конзерви), како се таму е добро,чисто ги имаш сите услови а ти кутриот треба да ги слушаш целовреме и на крај кога ке те приметат дека ги завидуваш и сакаш и ти да се спасиш од ова мизерија и почнуваш да правиш планови како аааа викат чекај таму ова го немаш, немаш роднини, немаш пријатели, немаш слободно време како тука, ти мислиш лесно е таму секогаш ке се чуствуваш странец, ќутете вие не знаете колку убаво ви е тука сепак дома си е дома леб и сол ама нема поубаво од дома, татковината над се Македонија вечна. :facepalm:
Исселувањето од место каде што си се родил, си се школувал, си живеел, секако дека има свои предности и недостатоци. Предностите вонглавно се финансиски. Познато ми е и тоа ,,жалење,, од западниот живот на македонските исселеници, но не мислам дека тоа е само ради тоа дека сакаат да се чувствуваат дека се над некој, туку за избегнување обврска да се грижат за некој определено време. Животот во Германија, а верувам и во другите западно Европски земји е сличен, а тоа вклучува да немаш многу слободно време за да пречекуваш роднини од Македонија, да им бараш работа, да ги издржуваш со месеци и сл. Тоа го искусив и на моја кожа. Втор братучед од Македонија ми се жалеше на тешкиот живот, и покрај полното работно време што го имаше во Македонија, со плата од 350 еу. Па ајде, извал бугарски пасош, и дојде кај мене. Прво, секако беше проблем наоѓањето на работа - не прифаќаше било каква работа, туку сакал баш административна, каква што работел во МК, а гермаснки знае само неколку поздрави, и некое средно ниво на англиски. Никакви стручни, барани квалификации. Тоа траеше веќе 2 месеца, и се беше на мој трошок. Потоа најде, односно му најдов работа во трговски центар, и мала соба за живеење - па не сакаше да се тргне од кај мене. Проблеми со јазик, па санитарна книшка, па одјавувања, пријавувања, сметки итн итн. Тоа веќе доаѓа преку глава, и не мислам дека некогаш повторно ќе пречекам на гости од поширокиот круг на семејството.
Тие што се способни, можат да се снајдат во било која држава, самостојно. Ја летово гледам доста млади луѓе од МК, по Бургер Кинг, Мегдоналдс, разни болници. Исто, на одмор бев во Малта, и таму далеку повеќе од очекувано, Македонци кои работат од чистачи, до келнери, па и до одлични работни позиции. Зборував со некои од нив, сите се снаоѓале самостојно, некои преку агенции, преку посредници. Значи, тоа е до секој индивидуално. Никој не може да спречи некого да оди било каде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom