Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
брат нели гледаш дека си го ладам, ти си тој што се нервира :icon_lol: .. ви велам, муабетите дека Јуве се местачи, ќе продолжат да се зборуваат, помирете се со тоа и продолжете да си го живеете животот со таа мисла, никој не е опседнат со Јуве, еве веќе од 2006 година па до ден денес муабетите се тие и ќе си останат, едноставно се зацрнивте или ве оцрнија засекогаш во очите на секој обичен човек што прати фудбал :) ти сега скарај се за фудбал со некој фан на Барса, Реал, Манчестер, Ливерпул итн .. истото ќе ти го префрли за твојот клуб, у стил "бегај бе, вие сте местачки клуб", зар и тие се опседнати со Јуве ? цел свет е опседнат со Јуве? Не бе друже ... :neetaka:

Да де ко Милан што е оцрнет засекогаш зошто во осумдесетите ги исфрлиле во втора лига ради местење(па и во 2006 беа казнети).Пола и поише фанови на другиве екипи не ни знаат за ова,поминале 35 години никој не ни го спомнува тоа,генерациите од 90та навака ако не прочитаат на википедија нема ни да знаат за овој факт.Никој не ги смета за местачки клуб,а иронијата да е поголема повеќето од нивните фанови земаат за право да ги ребрат Јувенташиве за Серија Б,а они се првите во Италија што се исфрлени во втора лига ради ваков скандал.

Исто и со Јуве ќе биде,поминати се само 9 години и сите биле сведоци на тоа затоа и ќе го зборат.По 20-30 години твоите деца нема ни да знаат за ова ако не прочитаат негде по интернет.До тогаш може ќе има некое ново Калчополи и пак ќе бидат исфрлени некои екипи во втора лига.Еве може Рома и Интер ќе бидат следните :D
 
Кондогбиа е најдобриот играч од средина
Икарди е најакиот напаѓач икад
Миранда и Мурило се Дуо од соништата
Ковачич Никад нема да го нашушти интер (евентуално ако се деси тоа ке плаче)
Јоветич Ја знае сериа а на памет и не се повредува многу
Шакири си отиде пошто се сликал со официалниот оџа на ИСИС

Само работата е тоа што апсолутно никој фан на Интер не ги тврдеше овие работи ниту па искоментира вакво нешто,едноставно не е логично екипа што завршила на 8-сма позиција во мизерната Сериа А минатата сезона да има играчи со ваков капацитет во тимот...сега барем и ние фановите на Интер не сме дотолку ретардирани и си го знајме капацитетот на нашиот омилен клуб :D
 
Вие што се објаснувате со оној на Уфо бетер сте.
А ти па продолжи да изиграваш најкоректен фан на форумот,па ќе здосадиш на сите со твојта присебност и монотоност :D
 
Јас па сериозно мислам дека сезонава ќе си ги видат маките од Алегри. :)

А и неколку години по ред ги избегнуваа повреди, најмногу поради ротацијата, али годинава нема да биде тоа случај. Ќе форсираат 15 играчи што ќе им носат бодови затоа што да се погодат сите засилувања нема теоретска шанса.
 
Кондогбиа е најдобриот играч од средина
Икарди е најакиот напаѓач икад
Миранда и Мурило се Дуо од соништата
Ковачич Никад нема да го нашушти интер (евентуално ако се деси тоа ке плаче)
Јоветич Ја знае сериа а на памет и не се повредува многу
Шакири си отиде пошто се сликал со официалниот оџа на ИСИС
Друже упорно форсираш хумор, ама не ти иде. Дај поштеди не од рак иди земи играј пинг-понг, земи прај нешто корисно, не е хумор за сите.
Пријателски совет.
 
Да де ко Милан што е оцрнет засекогаш зошто во осумдесетите ги исфрлиле во втора лига ради местење(па и во 2006 беа казнети).Пола и поише фанови на другиве екипи не ни знаат за ова,поминале 35 години никој не ни го спомнува тоа,генерациите од 90та навака ако не прочитаат на википедија нема ни да знаат за овој факт.Никој не ги смета за местачки клуб,а иронијата да е поголема повеќето од нивните фанови земаат за право да ги ребрат Јувенташиве за Серија Б,а они се првите во Италија што се исфрлени во втора лига ради ваков скандал.

Исто и со Јуве ќе биде,поминати се само 9 години и сите биле сведоци на тоа затоа и ќе го зборат.По 20-30 години твоите деца нема ни да знаат за ова ако не прочитаат негде по интернет.До тогаш може ќе има некое ново Калчополи и пак ќе бидат исфрлени некои екипи во втора лига.Еве може Рома и Интер ќе бидат следните :D

Да бидам жив и здрав,јас ќе им кажам :pos:

Шала на страна,тоа со Милан не одекнало толку, али ваша несреќа што сега живееме во модерен свет :) :)
 
Освојте бе нешто:D
Ваа година ќе издоминираме во купот, а од сребената ѕвездица што ќе ја добиеме на дресот,америве наши ќе направат триста чуда само за да заработат :D
 
Переира е еден од најдобрите играчи на неговата позиција што се однесува на играње фудбал во 20 минути, колку што добива на секоја 2ра утакмица.
Стураро е еден од најдобрите играчи што знаат да избијат топка пред глава на противнички играч во полуфинале.
Пирло и така веќе е стар и не им беше потребен.
Видал и така изигра ептен слабо ланската сезона, само последните 3 ипол недели од првеството изигра добро.
Тевез беше немирен пред 5 години и праеше проблеми во Манчестер.
Мората е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Дибала е еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.
Ругани е најдобар штопер во Италија и еден од најдобрите млади штопери во Европа.
Манџукиќ е топ 4 шпиц играчи во Европа.
  • Aлекс Сандро е најдобар лев бек. Најдобар по добиени дуели, пресечени топки и одземени топки во ЛШ оваа година, Топ 5 воопшто од сите играчи во одземени топки и пресечени акции.
  • Ругани e најголемиот талент, нема ниеден жолт картон.
  • Переира е далеку од еднодимензионален играч, со него нема да се осети отсуството на Видал.
  • Пирло лани беше очаен, одигра 4-5 утакмици на ниво другите сите беа под нивото на просечен Серија А играч.
  • Дибала е еден од најголемите таленти моментално на светот.
  • Видал беше катастрофа до март, дух ама си ја дигна формата, како и да е тимот наш не осети никакво отсуство додека не играше Видал.
  • Манџукич беше еден од главните играчи за БМ кога ја освоја ЛШ. Едноставно убиец е в шестанесетник и трча ко будала за 5 души и не е толку лош со топка.
 
Roma impazzisce per Dzeko. Totti-Batistuta-Toni, 3 in uno

нескафе три во едно бил.
Сакаш да кажеш дека Џеко е Тоти-Бати-Тони во едно? :pos:
Као прво Џеко ја нема таа визија и техника како Тоти, никој го нема тоа а не па Џеко.
Бати го неам гледано многу ама од снимки што сум гледал Џеко е светлосни години далеку од него, кај може Џеко да се залета, да издрибла 3-4 играчи, да ги качи на грб и гол да даде со полумакази од мртов агол.
Со Тони може да се споредува.
 
  • Aлекс Сандро е најдобар лев бек. Најдобар по добиени дуели, пресечени топки и одземени топки во ЛШ оваа година, Топ 5 воопшто од сите играчи во одземени топки и пресечени акции.
  • Ругани e најголемиот талент, нема ниеден жолт картон.
  • Переира е далеку од еднодимензионален играч, со него нема да се осети отсуството на Видал.
  • Пирло лани беше очаен, одигра 4-5 утакмици на ниво другите сите беа под нивото на просечен Серија А играч.
  • Дибала е еден од најголемите таленти моментално на светот.
  • Видал беше катастрофа до март, дух ама си ја дигна формата, како и да е тимот наш не осети никакво отсуство додека не играше Видал.
  • Манџукич беше еден од главните играчи за БМ кога ја освоја ЛШ. Едноставно убиец е в шестанесетник и трча ко будала за 5 души и не е толку лош со топка.
Седи 5.
 
Пошо го спомнавте Џеко, да додадам дека мислам дека ќе е најдобар стрелец сезонава во Сериа А, плус ќе имат 2-3 гола-шајки во стилот на Ибрахимович.

И дај стаете една анкета за најдобар стрелец, далеку поинтересно е од ова за кој ќе освојт Сериа А, пошо реално Јуве сеуште се најголеми конкуренти..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom