1. Да и имаат право да сакаат такво нешто.
2 . Се борат, се обидуваат, имаат право да користат легални средства.
3 . Не, еднаквост во професии не постои ниту кога се работи за луѓе од ист пол, а камоли за луѓе од спротивни полови.
4 . Не, но има и земји од развиениот запад каде исто има случаи жените да се помалку платени од мажите.
5 . Зависи тоа од работно место. Зависи и од карактерот на индивидуата. Имаш индивидуа која има желба за докажување и елан за работа, а имаш и индивидуа која ќе забушава без разлика на полот.
6 . Пак зависи од работно место. Ако треба нешто екстремно да се работи можеби можат и жените да го работат тоа нешто, но ќе им треба веројатно повеќе време за истата работа да ја сработат за разлика од мажите да бидеме реални.
7 .Ова ти е добро прашање. Нема да давам мој одговор на прашањево туку еден пример. Пример е тенисот до пред 4-5 години од тениските турнири мажите земаа повеќе пари од жените, логично беше посебно со тоа што на гренд слем турнирите мажите за да победат во натпревар треба да освојат 3 сета и тоа значи играат од натпревар минимум 3 а максимум 5 сета, а жените за победа им треба 2 сета и играат од натпревар минимум 2 а максимум 3 сета, и сега заработките и на жените и на мажите во тенис се изедначени. Имаше доста коментари и за и против ова, но сепак се донесе одлука и имаат иста заработка во тенис и жените и мажите.
Само ќе додам не е лесно и тоа да гледаш во фирма како некој има полесен третман во поглед на професионалниот развој на кариера, но ете животот е таков.
Не сум против да има еднаквост меѓу мажи и жени, напротив сум за еднаквост на половите, но да има ред и да нема злоупотреба во барањата од жените. Помагам дома и во домажни работи кои некои и ден денес ги сметаат за женски работи, јас немам ништо против и да работам по дома.
Само да нема злоупотреба да се бараат само права и привилегии, а да се заборава на другата страна на медалјонот да се забораваат обврските и должностите. Да не е како во случајот со рамковните сограѓани бараат права а забораваат и на обврските кои треба да ги исполнат.