Феминизам!

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
И тука нема ништо лошо, затоа што и јас плукам на истиот, но не и на оној вистинскиот, поради кој денес ги „уживам“ истите права како и ти. Нели? Значи во ред е да не ти треба, не е во ред да го плукаш.
Ама токму поради ова и се јавува прашањето, ако веќе ги уживаш истите права, зашто уште постои движењето? Кои се денешните цели на феминизмот? Кон каде води ова движење?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Ама токму поради ова и се јавува прашањето, ако веќе ги уживаш истите права, зашто уште постои движењето? Кои се денешните цели на феминизмот? Кон каде води ова движење?
Според мене многу феминистички движења треба да го сменат правецот кон кој се движат и да се преиспитаат за приоритетите. Инаку факт е дека на некои места сеуште се потребни феминизам и еманципација.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Ако феминизмот се разбира како тоа што жената има кур тоа не е верно и никогаш нема да биде верно.Ако се разбира дека жената треба да има равни права со мажот тогаш и јас сум феминист!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Ова не е феминизам! Престанете да ја труете темава со овакви бљувотини.
ама е последица од “модерен феминизам“

Или ако ништо друго еве вие вистинските праведни феминистки огласете се против ова, или си траете на страна?[DOUBLEPOST=1430303748][/DOUBLEPOST]Еве типкава убаво си кажува од што се состои денешниот фемнизиам

1430295863540.png
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
ама е последица од “модерен феминизам“

Или ако ништо друго еве вие вистинските праведни феминистки огласете се против ова, или си траете на страна?
Нема такво нешто, не постои модерен феминизам!

Јас не сум феминистка, но како човек, пред се`, реагирам на овакви лапсуси. И зошто мислиш дека не реагирам?

Женава е во право, но не ги прикажува вистинските феминистки, туку ванаби феминистките и оние, како тебе, кои не ја разбрале суштината на феминизмот.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Не е ни критика на феминизмот, оној феминизам каков што навистина треба да биде.
Па јас не го ни критикувам феминизмот ко што треба да изгледа со правилна форма, со еднаквост меѓу половите. Сосема го поддржувам. Но тоа што се случува во пракса е друго, убаво постирав горе за тоа какви жени се моментално на чело на феминистичките движења

Нема такво нешто, не постои модерен феминизам!
Тогаш како може толкаво влијание да имаат феминацистиките(feminazi)?

1430296977865.png
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Па јас не го ни критикувам феминизмот ко што треба да изгледа со правилна форма, со еднаквост меѓу половите. Сосема го поддржувам. Но тоа што се случува во пракса е друго, убаво постирав горе за тоа какви жени се моментално на чело на феминистичките движења



Тогаш како може толкаво влијание да имаат феминацистиките(feminazi)?

Прегледај го приврзокот 120110
Во пракса? Колку феминистички организации познаваш? Да погодам, ги знаеш само оние што ги промовираат по медиумите, оние феминаци организации кои се платени од некој да креваат бука и да прават раздор. И нормално, секогаш ќе постојат глупачи кои ќе паѓаат на тие фори.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Во пракса? Колку феминистички организации познаваш? Да погодам, ги знаеш само оние што ги промовираат по медиумите, оние феминаци организации кои се платени од некој да креваат бука и да прават раздор. И нормално, секогаш ќе постојат глупачи кои ќе паѓаат на тие фори.
Ова е ко да кажеш дека е голем бројот на муслимани што се миротворни, а само глупаци паѓаат на ИСИС и Ал Каеда. Демек не треба да им се обрнува внимание на нив, доволно голем број на добри муслимани има.

Колку сакаш негирај, ама влијанието кое го имаат феминаците е поголемо од тоа на феминистките. А светот не им прави некоја разлика, го прифаќа влијанието и од двете.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Колку сакаш негирај, ама влијанието кое го имаат феминаците е поголемо од тоа на феминистките. А светот не им прави некоја разлика, го прифаќа влијанието и од двете.
Поголемо е. Прави разлика и тоа огромна!
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Се надевам дека со темава нема да има многу емотивни реакции. Ја отварам темава поради љубопитноста која ме мачи и сакам да знам на кој начин мислат и мажите и жените на оваа тема.
1.Дали жените сакаат да се еднакви со мажите во 21 век?
2.Што превземаат во врска со тоа?
3. Дали кај нас постои еднаквост во професии?
4. Дали сме исто платени?
5. Дали мажите и жените можат да работат исто и имаат иста работна етика?
6. Биолошки сме различни, но дали можеме да имаме еднакви достигнувања?
7. Што значи тоа да си еднаков? Да земаме исти приходи но да не работиме исто? Да си во иста фирма, а да немаш еднаков професионлен развој на кариера?
И уште многу други прашања, како на пр човекови права меѓу мажи жени
ЕДНАКВОСТ- како би се дефинирал тоа ??
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
1. Да и имаат право да сакаат такво нешто.
2 . Се борат, се обидуваат, имаат право да користат легални средства.
3 . Не, еднаквост во професии не постои ниту кога се работи за луѓе од ист пол, а камоли за луѓе од спротивни полови.
4 . Не, но има и земји од развиениот запад каде исто има случаи жените да се помалку платени од мажите.
5 . Зависи тоа од работно место. Зависи и од карактерот на индивидуата. Имаш индивидуа која има желба за докажување и елан за работа, а имаш и индивидуа која ќе забушава без разлика на полот.
6 . Пак зависи од работно место. Ако треба нешто екстремно да се работи можеби можат и жените да го работат тоа нешто, но ќе им треба веројатно повеќе време за истата работа да ја сработат за разлика од мажите да бидеме реални.
7 .Ова ти е добро прашање. Нема да давам мој одговор на прашањево туку еден пример. Пример е тенисот до пред 4-5 години од тениските турнири мажите земаа повеќе пари од жените, логично беше посебно со тоа што на гренд слем турнирите мажите за да победат во натпревар треба да освојат 3 сета и тоа значи играат од натпревар минимум 3 а максимум 5 сета, а жените за победа им треба 2 сета и играат од натпревар минимум 2 а максимум 3 сета, и сега заработките и на жените и на мажите во тенис се изедначени. Имаше доста коментари и за и против ова, но сепак се донесе одлука и имаат иста заработка во тенис и жените и мажите.
Само ќе додам не е лесно и тоа да гледаш во фирма како некој има полесен третман во поглед на професионалниот развој на кариера, но ете животот е таков.
Не сум против да има еднаквост меѓу мажи и жени, напротив сум за еднаквост на половите, но да има ред и да нема злоупотреба во барањата од жените. Помагам дома и во домажни работи кои некои и ден денес ги сметаат за женски работи, јас немам ништо против и да работам по дома.
Само да нема злоупотреба да се бараат само права и привилегии, а да се заборава на другата страна на медалјонот да се забораваат обврските и должностите. Да не е како во случајот со рамковните сограѓани бараат права а забораваат и на обврските кои треба да ги исполнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom