- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Нити си бил некогаш нити ќе бидеш навивач на ИНТЕР. Навивач на ИНТЕР не може да напиши ваков пост, оди и навивај за РЕАЛ или БАРСЕЛОНА. Ова е фан клуб на ИНТЕР а не на играчи на ИНТЕР, без секој се можи, и ако се продаде за поголеми цели го прифаќам трансферот. Па еден Роналдо беше продаден еден Адријано беше отсранет од екипа, па ИНТЕР заедно со јувентус останаја клубови со најповеќе навивачи (ама вистински навивачи).

Одјеби бе!! Кој го интересира твојата проценка за тоа каков фан сум.
Што е ова бе support group за разочарани фанови на Интер..........

Не се секирај не се трескам од ништо, уствари баш смирен го пишувам постот. Ако има некоја нервоза во мене, не е сигурно поврзана со Интер, евентуално некои остатоци од пред 10 години кога уште без тинејџер. Ова е и за тебе и за оној погоре со медаљата за најдобар фан: Со сета должна почит, што следува за секој анонимен член на форумов, за кој незнам ништо и не ме интересира, ама стварно не ми прави разлика твоето мислење за мене на форумов, а и не е тоа тема во фан-клубов. Не е релевантно и најверојатно никој не дошол на форумов ради тоа. Не сакам да изгледа ова како непочитување, ама сите сме тука само куп мислења, што не поврзуваат само определени теми на кои што ги даваме тие мислења. Тоа што ги интересира сите тука се мислења и дебати за Интер, иако слободно може да се отвори тема за мојата емоционална интелегенција и каков фан сум, ако некој има волја да троши време на тоа. Јас како разбирам тоа е поентата на форумот, да се задржиме на тоа.
За тоа дека не ги гледам веќе, не пробувам да бидам драма квин, за мене е тоа разумно решение, зошто како активност гледањето натпревари на Интер ми е само губење време веќе, никаква сатисфакција не добивам од тоа, квалитетот не се крева ни има изгледи дека ќе се крене, едноставно не ја добивам забавата што треба гледач на фудбал да ја добие. Подобро ќе одвојам време да гледам квалитетни натпревари од други лиги, од тимови што не ми значат ништо, отколку ради некои детски причини, упорно да одвојувам време за тим кој очигледно не го боли за неговите фанови и кој со ништо не враќа за поддршката од навивачите.
За мене тоа е разумна одлука, што е небитно за било кој друг фан и што не му прави разлика на било кој друг фан на клубот. Не ни мораше ни да се става во постот уствари, али ете. Нормално е да се покажува незадоволство, не знам што е толку чудно во целата ситуација.
Или нешто друго ве повреди? Клубот веќе три години е надвор од ЛШ, откако пред само 5 години освои тројна титула, кажи ми кој друг клуб имал таков пад и неуспех?
Свесни сте за каков пад станува збор. Ако не се искористат и овие следни сезони, клубот ќе влезе во спирала од која тешко дека некогаш ќе може, без многу сериозно инвестирање, да искочи. А такво инвестирање во лига која константно заостанува зад врвните е скоро невозможно. Едноставно бизнисот не остава простор за неуспех. Нема случајности, конкуренцијата ќе си го направи своето. Знаеш ли што прават цело лето. Купуваат играчи на одложено плаќање, всушност си ја заложуваат иднината на претпоставката дека Манчини ќе има прогрес со резултатите. Прво ЛШ, па борба за титула, па титула. Нема друг начин да успее цела приказна. Колку си оптимист дека Манчини ќе успее да го оствари тоа? Не дали може, колку е веројатно. Што од подготвителните, од претходната сезона и од методот на работа на Манчини во други клубови те убедува дека ќе успее во тоа? Значи, повторно, колку е веројатно.
Он може пак на крај на сезона да си фати патот со пуни џебови, ама какви ќе бидат последиците врз клубот. Ние имавме и претходно период со неоснована амбициозност на сопственикот и сите знаеме каков беше исходот. Не е издржлив таквиот циклус за клубот, нема шанси да помине пак.
Така да, не е ова за Ковачич зошто ни е симпатичен или има убав карактер, Ковачич е симбол, за 20 години лоши, ужасни одлуки од клубот. Кога една организација постојано прави ист вид на грешки, мислам дека заслужува епитети пред нејзиното име. Може овојпат ќе испадне подобро, ама веројатно е дека нема.