Богородични пости

  • Креатор на темата Креатор на темата mickey mouse
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе ги постите Богородичните пости?

  • Да

    Гласови: 5 21,7%
  • не

    Гласови: 18 78,3%

  • Вкупно гласачи
    23
  • Гласањето е завршено на .

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.007
Поени од реакции
2.798
Локација
секаде
Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без зејтин, во сабота и недела се пости со зејтин, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да се заборави и духовниот пост.
 
Џабе и само на вода да си кога 99% кога седнат во кола пцујат кој коњушари на семафори или низ град, оговараат ко стари баби седнати на камен пред порта или си ги тепаат децата дома оти сакале нешто... храната нема врска, умот има, ако сака нека се 365 дена пости онај кој нема мозок и култура ништо не му ги исправа гревовите...
 
Од вчера почнаа Богородичните пости кои од понеделник до петок се јаде без масло освен на 19.08 петок кога се јаде риба, па некој ќе пости?
 
Разбира се; постот е начин на живеење, не е дилема дали „ќе„ или „не ќе„.
 
Од вчера почнаа Богородичните пости кои од понеделник до петок се јаде без масло освен на 19.08 петок кога се јаде риба, па некој ќе пости?
Ја да, али не баш така, туку само без животински продукти (освен риба).
 
Џабе и само на вода да си кога 99% кога седнат во кола пцујат кој коњушари на семафори или низ град, оговараат ко стари баби седнати на камен пред порта или си ги тепаат децата дома оти сакале нешто... храната нема врска, умот има, ако сака нека се 365 дена пости онај кој нема мозок и култура ништо не му ги исправа гревовите...
Да но токму постот служи за поправање во наброените грешни постапки и однесувања. Постот делува отрезнувачки, расти свесноста, сочуствителноста. Некогаш е доволен за значително поправање. Во некои случаи кај луѓе треба да се превземат и други мерки.
 
Еве јас како некој на 34 години кој мисли дека верувањето во религијата е приватна работа, не се крсти при секое поминување пред црква и никогаш во живот не постел заради календар туку затоа што сакал не можам да сфатам како не внесувањето на одредена храна може да ни го расчисти умот од лоши мисли или нас како луѓе да не спречи од правење лоши дела кон други луѓе или општо кон општеството. Постот е добар за организмот исто како пушач да паузира со цигари или дијабетичар да се откаже од обичен шеќер. Тоа е за здравје физичко а за умствена стабилност доволно е само да поединецот живее трезвено и го сфаќа своето место во општеството, не живее во имагинарен свет.
 
И во другите облици за растење на трезвеноста исто така се работи за вежбање во некакво воздржување.
Со оглед на тоа што земањето храна е примордијален и постојаноприсутен порив, затоа има посебно значење во тие вежбања.
 
Последно уредено:

Не знам, можеби, сепак лични мислам дека самоконтролата кон јадењето не е ништо специјално. Лично не знам кога последен пат сум чувствувал глад а сум јадел еднаш или ниеднаш во 24ч. Има разлика од ми се јади и треба да јадам. До умот е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom