Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Не дека е слична ама сигурно не ти е гледана германската мини серија Generation War
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не дека е слична ама сигурно не ти е гледана германската мини серија Generation War
Има сега многу добра германска серија излезена Deutschland 83 годинава.
Мене ме освои уште кога почна и кога ја слушнав музиката во неа.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Има сега многу добра германска серија излезена Deutschland 83 годинава.
Мене ме освои уште кога почна и кога ја слушнав музиката во неа.
Фала ти, одлично изгледа малку по трејлерот ми личи на The Americans. Јас во последно време гледам доста германски филмови одкако ја изгледав Generation War
 
Член од
25 ноември 2014
Мислења
71
Поени од реакции
10
може некој да ми препорача некоја серија слична на Mistresses и Betrayal :D
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Outlander

Изненадувачки е колку малку луѓе знаат за серијава. Вистински скапоцен камен, кој како таков финален производ сигурно си влече голем буџет. Да беше попопуларна, од прво гледање, ќе си помислев дека е во продукција на HBO, со таа разлика што тука недостасуваат дијалозите на HBO сериите кај кои ефектот секогаш бил - станувале напорни за гледање со тек на време, и тоа не во квантитативен туку во квалитативен смисол. Не дека фалат дијалози, напротив, и серијава е slow burner, само некако имаш чувство ко да читаш роман, се е некако спонтано и се отплеткува полека. Нарацијата е совршена, тоа е тој дел кој серијата најмногу ја прави да личи на книга. Исто така снимана е според книги, и од многу фанови кои првин ги прочитале книгите се тврди дека можеби ова е првата екранизација која е подобра од книгите. Инаку е sf - историска драма - романса, така да кај женскиот дел од гледачката популација, кај повеќето, би требало да биде hit and run. :) Највеќе од се е историска драма а темата е Шкотска во средина на 18 ти век под окупација на британската империја и Кралот. Ова е најдобриот дел, импресиониран сум од сите оние ситни детали, ко костимографијата, шкотскиот акцент од тој период (имав проблеми да ги разберам во доста ситуации, па враќав назад пошто не гледам со превод), the Gaelic language кој актерите го зборат совршено пошто сите се Шкоти, а го има поприлично во серијава. Потоа пејсажите, планините, изворите, шумите, малите планински селца, само тоа да го гледаш ќе бидеш презадоволен, Шкотска е преубава земја. До сега не можам да и најдам мана на серијава, а стигнат сум до 7 ма епизода (а има 16 во прва сезона) и си ја терам полека, заради тоа и пишувам предвремена рецензија. Секоја епизода трае по саат време отприлика, така да на тоа кога ќе ги додадеш и совршената глума, камерата, кинематографијата, боите и живописноста кои се доловени а све изгледа толку природно ко да нема ни c од cgi, заради тоа вреди да ја симнете во што поквалитетен формат. Има битки во серијата и ликовите се здобиваат со прилично гадни рани, расекотини за кои си добивате фул вју и нема да бидете поштедени од тоа, нешто ко Saving the private Ryan при искрцувањето на Нормандија. Не е тип на серија која ќе ве држи заковани и напнати секоја епизода, ама е доста квалитетна, барем до сега, и од мене за до сега изгледаново и давам 9.

Skye Boat Song (Title Theme to Outlander + Lyrics)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Revenge

emily-vancamp1.jpg



Аманда Кларк или девојката со нов идентитет ( Емили Торн) се враќа на местото каде пораснала (The Hamptons) со цел да ја исправи неправдата која е на направена врз нејзиниот татко. Односно се враќа да се одмазди и да ги уништи сите оние кој биле заплеткани во истата.

Не би навлегувал премногу , несакам да правам спојлери, вреди да се погледне, јас немав големи очекувања од серијава, но позитивно ме изненади, е сега имаат некој гафови, не е на ниво на True Detective, House of Cards во поглед на глума, али има одлична приказна и cool ликови.

8.5 / 10
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Кој се уште не ја глеал Narcos тоа да го стори во најбрз можен рок.

Инаку, следна ми е Peaky Blinders, исто многу добра серија, една епизода имам гледано и ми се засвиѓа. Дејство во Бирмингем 1920, интересен поствоен период, со повеќе банди во градот. Супер е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom