Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?

  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
@Peja989

Види, ако ги споредуваме посебно играчите кои заминаа и оние кои дојдоа како нивни замени, ќе дојдеме до следново. Чех е подобар од Беговиќ (впрочем Чех е Чех и само Буфон и Ноер можат да се ставаш во ист кош со него во моментов), Дрогба е Бог за Фалкао во било кое време и Луис Фелипе е подобар од Баба Рахман. Но, мислам дека треба да се гледа низ призма на улогите кои ги имаа Чех, Филипе и Дрогба лани. Дрогба лани не беше стартер, влегуваше од клупа и постигна 5-6 гола во сите конкуренции. Не се сомневам дека Фалкао ќе постигне најмалку толку голови, ако не и повеќе. Беговиќ е одличен голман, нема да се почувствува отсуството на Чех во ниту еден меч. И Баба Рахман, поим немам за каков играч станува збор, но минутажата која ќе ја добива ќе биде најмалку иста како онаа на Филипе лани. Филипе немаше којзнае каков импакт, па затоа не е можно Рахман којзнае колку да разочара.
Ако не е подобрување, во најмала рака овие тројца играчи ќе придонесат исто колку што и другиве тројца придонесоа лани. А штом не е назадување, тогаш работата е под контрола. На пример, да го продадеа Коста, а на негово место да го донесеа Фалкао, тогаш ќе се согласев дека составот е послаб од лани. Или на пример да го продадеа Фабрегас, а на негово место го донесеа Џек Колбек.
Ми ја сфаќаш поентата.

@ElNinho

За Чех, Баба и Фалкао, истото што му го пишав на Пеѓа. Мозес е одличен squad player, верувај ми. Дури по мене подобар од Вилиан како десно крило. Лани во навалната линија ги имавме Хазард, Оскар, Вилиан и Шурле (подоцна Квадрадо). Првиве тројца ги изиграа сите натпревари во сите конкуренции. Бидејќи Челзи немаше адекватни замени за нив, Мурињо ги форсираше истите играчи во нападот. Сега е поинаку. Јас не велам дека Мозес и Траоре се класа играчи, рано е да се зборува, но барем имаме опции. Наместо Хазард и компанија да играат во помалку важни натпревари по купови и во лига, Мозес и Траоре ќе ги заземат нивните места. Па така тимот ќе биде далеку поосвежен и нема да се случи, барем се надевам, истото од вториот дел од сезоната. Кога одбраната + Матиќ и Фабрегас тотално издишаа.

Велиш нема потреба од централен, јас велам дека има. Точно е дека го имаме Зума, но само еден централен како замена за двоецот Тери-Кејхил е малку. Особено ако го земеме фактот дека Кејхил е доста лабилен и неконстантен играч, а Тери во декември ќе прави 35 години. Ако останеме само на Зума тогаш Зума ќе може да замени само еден од овие двајцата играчи. Со доаѓањето на Стоунс би имале повеќе опции и би можеле и Кејхил и Тери да ги одмараме на некои натпревари.

Околу ,,класа десно крило'' се согласувам. Но треба да го почекаме Квадрадо. Ако тој не се разигра тогаш сигурен сум дека или на зима, или наредно лето ќе купиме класа десно крило. Засега нема потреба, има играчи кои солидно си ј завршуваат работата.
Де Брујн е класично лигле и никогаш нема да успее во голем тим. Ако зборуваме за грешки на Мурињо, тогаш продавањето на Мата е големата грешка. Можеби и најголема во неговата кариера. Единствена слаба точка во овој тим е тоа што немаме солидна замена за Матиќ и Фабрегас. Ама искрено се надевам дека до крајот на преодниов рок ќе се реши и тоа прашање.

Треба да имаш силен ростер за да се натпреваруваш на повеќе фронтови, но тоа не е единствен критериум за да бидеш успешен. Особено во ЛШ. Челзи освои ЛШ кога имаше на хартија најслаб состав, Интер исто така немаше којзнае каков состав, додека Барселона растури со едни исти 11 играчи и освои се живо минатата сезона.

@Sale11

Ова требаше да ми го кажеш во 8 или 9 часот. Сега е веќе касно.
 
ако вака ако така, овие муабети се прат кога ке заврши трансфер пазарот да видиме со кои играчи ке располагаме и на полусезона, нека влезат еднаш во ритам екипите, нека изиграат неколку натпревари, дерби ова она па да видиме кој сме зошто сме вака само празни муабети и предвидувања :)[DOUBLEPOST=1439383808][/DOUBLEPOST]
тоа дека нема ни да биде да ја прашам Ванѓа, јас бев таа шо кога Куртоа имаше изјава пред да замини во Атлетико дека ке се бори за да го седни Чех на клупа и за несалам го мислев по таа изјава па еве кај е Куртоа а кај е Чех
A posle edna losha utakmica na Ceh vikas deka Begovic e podobar golman.
 
@RATM накратко, ќе имаат иста улога (епизодна), како што имаше и тројката што напушти. Колку играше Дидиер, ќе игра и Радамел. За бранење, можеби Асмир ќе добива помала минутажа за разлика од Чех. Оној Баба или како и да се вика неам поима кој е ама верувам дека не е ни пола од квалитетот на Филипе Луис. Со тоа доаѓаме до заклучок дека Челзи (сега за сега) не се засилил.
 
Адекватни замени за играчите кои заминаа, плус две опции повеќе во нападот. Минимално сме засилени, но ако сакаш нека биде дека засега сме на исто ниво како лани. Важно е што не одиме чекор наназад.
Ако дојдат Стоунс + играч од средина, тогаш тимот ќе биде дефинитивно едно ниво погоре од ланскиот.
 
Јас искрено не гледам како таа тројка во моментов е подобра од тројката која што си замина. Не збориме за плус засилувања кои најверојатно ќе ги имате туку за во моментов.

Како и да е, ако ти како навивач на Челзи велиш дека тимот ти е појачан, во ред.
 
Tи објаснив. Не е, ако ги споредуваш квалитетите на играчите посебно. Но ако гледаш поинаку, не е подобра, но не е ниту послаба.

Плус ако генерално се зборува дали тимот на Челзи е посилен од ланскиот, не можеш да ги изоставиш двајцава црнци плус вашиот омилен Лофтус. Единствениот проблем лани беше тенката клупа, поради тоа ротацијата беше минимална и поради тоа ги стигна данокот на мечот со Тотенхем на пример. Сега има повеќе опции и затоа сум оптимист за составот кој го имаме/ќе го имаме до 1 септември.

Искрено ме плашат некои други работи што се случуваат позади завесата.
 
Tи објаснив. Не е, ако ги споредуваш квалитетите на играчите посебно. Но ако гледаш поинаку, не е подобра, но не е ниту послаба.

Плус ако генерално се зборува дали тимот на Челзи е посилен од ланскиот, не можеш да ги изоставиш двајцава црнци плус вашиот омилен Лофтус. Единствениот проблем лани беше тенката клупа, поради тоа ротацијата беше минимална и поради тоа ги стигна данокот на мечот со Тотенхем на пример. Сега има повеќе опции и затоа сум оптимист за составот кој го имаме/ќе го имаме до 1 септември.

Искрено ме плашат некои други работи што се случуваат позади завесата, а кои би имале големо влијаение врз клубот.

Како може да имате повеќе опции кога ротацијата ви е иста како лани? Си отидоа тројца, дојдоа тројца. Останатито што е плус е поискусни (неискусни) младинци. Ако гледаш така, клупата ви е повторно тенка. Немате играч кој што беше на позајмица и има развиток како Ајб кај нас на пример, играч од кој што можеш да очекуваш нешто.

Исто ко јас да кажам дека сега со Роситер, Бранаган, Синклер и Тешеира појака ни е клупата. Не ни е, пошто нема да добијат ни 200 минути заедно.
 
A posle edna losha utakmica na Ceh vikas deka Begovic e podobar golman.
кој рече дека по само една утакмица, Бегович и во Стоук покажуваше квалитети А Чех кажав погоре времето негово мислам дека помина
 
Како може да имате повеќе опции кога ротацијата ви е иста како лани? Си отидоа тројца, дојдоа тројца. Останатито што е плус е поискусни (неискусни) младинци. Ако гледаш така, клупата ви е повторно тенка. Немате играч кој што беше на позајмица и има развиток како Ајб кај нас на пример, играч од кој што можеш да очекуваш нешто.

Исто ко јас да кажам дека сега со Роситер, Бранаган, Синклер и Тешеира појака ни е клупата. Не ни е, пошто нема да добијат ни 200 минути заедно.

Не се согласувам. Мозес е таков играч. Лани беше многу добар во Стоук, најдобар поединец ни беше на пријателскиве што не мора да значи ништо, но сепак. Мозес, особено против послаби екипи може да направи разлика.
За Квадрадо важи истото, играчот е квалитетен. Ако ги надмине проблемите со адаптација исто така би бил од голема корист за тимот. Лофтус каков-таков е подобар од Микел. Што му доаѓа дека сепак има барем минимално подобрување.
Секако, ако дојдат и тие двајца играчи за кои зборуваме до крајот на летото, ситуацијата ќе биде многу поразлична.
 
Брат, Мозес има 25 години :) Ти погоре спомна младинци кои ќе одговорат на предизвиците, па гледам и Квадрадо ми го спомнуваш. Тоа е исто ко јас да кажам дека Лалана после година дена, дури сега можам да го гледам како засилување зошто би бил од огромна корист за тимот :)

Различни гледања, дефинитивно а ќе видиме што ќе биде до први септември.
 
Реално Чех колку натпревари бранеше ланска сезона па за да се осети неговото одсуство? Исто и за Фелипе важи, со доаѓането на Рахман Азпи се враќа на десна страна а Рахман ке игра лево и ке отвора повеќе простор за Хазард
Дрогба не знам мене ланска сезона не ми праеше ќеф се влечеше на терен едино во дефанзивни задачи беше добар и јас сум за уште еден напаѓач да се земи или тип на играч како Хазард кога не му оди на Хазард или кога е добро чуван овај другиот да распали
 
Брат, Мозес има 25 години :) Ти погоре спомна младинци кои ќе одговорат на предизвиците, па гледам и Квадрадо ми го спомнуваш. Тоа е исто ко јас да кажам дека Лалана после година дена, дури сега можам да го гледам како засилување зошто би бил од огромна корист за тимот :)

Различни гледања, дефинитивно а ќе видиме што ќе биде до први септември.

Сум мислел на клупата. Не на младинци. Можеби погрешно си ме разбрал, или па јас погрешно сум се изразил. Затоа и ги споменав Мозес и Квадрадо.
 
Сум мислел на клупата. Не на младинци. Можеби погрешно си ме разбрал, или па јас погрешно сум се изразил. Затоа и ги споменав Мозес и Квадрадо.
Нека биде да не сме се разбрале, може да ми направиш стартна 11ка на Челзи ако сите се во полна форма?[DOUBLEPOST=1439385781][/DOUBLEPOST]Кога стрелката би им била црвена :D
 
Нека биде да не сме се разбрале, може да ми направиш стартна 11ка на Челзи ако сите се во полна форма?[DOUBLEPOST=1439385781][/DOUBLEPOST]Кога стрелката би им била црвена :D

Па ти пиша нешто младинци, затоа мислеше дека и јас ќе зборувам во тој контекст :):):):):) (x 40)

Куртоа
Азпиликуета
Баба Рахман (иако врска немам каков е играчов, сигурен сум дека нема да го шибаат така како што го шибаат Ивановиќ)
Зума
Тери
Фабрегас (поздрав Факе)
Матиќ
Вилиан
Оскар
Хазард
Коста

Додека пак Мурињо би го играл истиов состав, само плус Ивановиќ и Кејхил на местата од Баба Рахман и Зума.
 
кој рече дека по само една утакмица, Бегович и во Стоук покажуваше квалитети А Чех кажав погоре времето негово мислам дека помина
So sto zakluci deka mu e pominato vremeto na Ceh ?[DOUBLEPOST=1439386206][/DOUBLEPOST]
Па ти пиша нешто младинци, затоа мислеше дека и јас ќе зборувам во тој контекст :):):):):) (x 40)

Куртоа
Азпиликуета
Баба Рахман (иако врска немам каков е играчов, сигурен сум дека нема да го шибаат така како што го шибаат Ивановиќ)
Зума
Тери
Фабрегас (поздрав Факе)
Матиќ
Вилиан
Оскар
Хазард
Коста

Додека пак Мурињо би го играл истиов состав, само плус Ивановиќ и Кејхил на местата од Баба Рахман и Зума.
Lev bek e nema nikakva povrzanost so Ivanovic koj ke prodolzat da si go sibaat.:P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom