Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Прв пат почеток на циклус да ме боли стомакот толку што ме стана и од спиење [emoji29] се надевам вака слично боли и при пораѓање зошто ако е бетер we're in for some serious shit [emoji23]
 
Една недела после полавите,а делови од градов уште личат на депонија.
 
Кајги, хелоу :kafence:

Само да ти кажам дека бев до immigration office и ми ја продолжија визата за 3 години + бев до банка да извадам нова дебитна картичка оти на оваа рокот и истекува овој месец.

На крај бев до канцеларија кај менаџериве и аплицирав за 1 месец неплатен одмор за да дојдам во Македонија и психички да се одморам од се , па ми рекоа да почекам 5 дена за да ми кажат дали ке ми биде одобрено оти и други аплицирале, не сум само јас.

А знаеш што ? Десната нога пак почна да ме боли :( и пак ја преврзав и сега сум ко повреден фудбалер , ц ц ц

Ај чао, доста те замарав Кајги, не си ти крив, до мене е.
 
Кајги,
Вчера мој сограѓанин е осуден на 3 години во затвор.

Причина:

Минатата година во мај во Велес, тој влегол во кафеаната и украл 150 ќебапи, 20 плескавици, 2 литри лозова ракија, два литри узо, еден литар мастика, еден литар коњак, 10 лименки пиво, краставици, домати, различни видови сувомесни производи.
Вредноста на украдените работи се проценува на 6.000 денари.

Будало една оди Франкфурт, бар вреди да лежиш !!!
За нецели 100 евра - 3 години затвор, па и шо ограбил :facepalm:, ај барем убаво си го поминал мајот :D
Сочувство. :pos:
 
Последно уредено:
Кајги. Кавадарчани украле мајмун од Зоолошката во Скопје, се надевам дека не е навлечен на ж'та.
 
Ди Кеј,

Она кога на @Клипче му праќаш на фб линк од девојче со кое што почнуваш да се гледаш, во момент ти ѕвони телефон и немаш време да му пишеш дека сте почнале да излагате. Се враќаш на чат после телефонскиот разговор, нецела минута и читаш „аууу брат, сум ја аднал, ќе ја откорнам од дупење“.

Не знам на кој му е понепријатно :toe:

Чентофско сељачиште!
 
Драга,
Го знаеш @џимеј најубавиот? Оној што со еден пост овде предизвика толку искреност, емотивност и носталгија, до степен да посакаш да бидеш дел од неговата раскажувачка приказна.
Тој истиот пост имаше продолжена форма во вид на расказ, а истиот тој и награда.

http://www.publicitet.mk/aktuelno/i...nagradeniot-raskaz-na-konkursot-zhivko-chingo

Не можеш да не си среќен што познаваш ваква искрена душа. И што го гледаш како "расте" низ сите овие години ...
 
BIRDEMIC, SHOCK AND TERROR во најава...
http://www.telma.com.mk/vesti/naezda-na-beli-peperutki-vo-przhino-ne-se-opasni-po-zdravjeto
Решиле Американците да не истребат :kuracc:

Навечер на игралиштето има 32874938493749328439 пеперутки од кои не можеш ни да се движиш. Дома на ѕид уште толку, инвазија во секоја соба :D
Чисто за илустрација колку ги има во чинијата под сијалиците :icon_mrgr:
IMG_20150810_235646.jpg

Кај мене ништо ново, болен сум по стоти пат годинава, санаваган :mad:
 
Kej,

Знаеш ли како да изнервираш некој млад босанец кога ќе го видиш?

Обрати му се вака: Па где си бре Младичу :D

а он ти каже: Је*о те младич :D
 
Демек порано ќе станев додека е посвежо и нема току гужва во МВР за државјанство, ми се уарни спиењето и дури во 11 отидов по жешконо и гужвата :facepalm:

Ај што се изнервирав дека станав покасно, па на брзање го вадам точакот од подрум и тргам и уште не тргнат што се вика се спуштам од брдово кај мене по шума и еден еден дедо си го бутка точакот сред пат и кај ме глеа дека се спуштам си оди пола чекор не мрдна. Како што возам по ивица кога ми зализга предната кога си ебав мајката, на грб у трња. Едвај ги извадив од мене, а грбов како да ме гребеле 10 мачки наеднаш. Тој стариот се врти и вика момче шо напрај да не падна, не бе еве се фрлив од точак да легнам у трњава :popce:

Ај што се утепав па и точакот го сјебав задното тркало моторно кочење има сега, сам застанува на 5 метра ако не вртиш...

Па згора на се оваму гужва до скали и тоа просторијата без никакво ладење со 500 души во неа, бетер од пеколот. Ама добро ова го очекував и бев подготвен колку толку психички.
Се изнервирав со точакот највеќе, не можам на кеј да си возам сеа приквечер мерачки ќе треба да се мачам со чудово дур не го направам :jajce:

Сега дур го пишував ова ми текна дека немам ни јадено, а три саат е :eek:
 
Драга,

Запознаена си со кражбата на мајмунот?
Украла мајмун од золошка зошто ќерка и плачела и го сакала.
Е тоа се дешава, тоа е ново.
Ја ко бев мала глеав Кралот лав и сака дома да ијам лав.
Ги молев моите да ми купат лав и сакав да го чувам во гаража.
Знаеш што напраија моите? НЕ МИ УКРАДОА ЛАВ ОД ЗООЛОШКА!
Ми купија плишано лавче со кое спиев некој период. Уште ми е дома во Скопје.
Боже господе!
 
На почетокот од оваа година му дадов идеја да имаме „тегла полна со среќа“, да ги запишуваме сите убави работи што ќе ни се случат оваа година и да ги читаме на крајот од неа.
SAM_3706.JPG

Патетика! Се надевам дека после летово ќе можеме да пишеме уште нешто. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom