MikioBo
Учител на машини
- Член од
- 22 ноември 2009
- Мислења
- 256
- Поени од реакции
- 174
Го имаме правено веќе муабетов повеќе пати, еве пак.Ако е скептицизмот основа за научниот метод (?), тогаш која вистина може да ни ја долови науката?
Не напишав такво нешто: прашање е до што е дојдено. Со бескнечно “скептицизирање„, се доаѓа до бесконечно не јасна состојба.
Кон болтот: еднаш ми велиш дека науките трагаат по најдобриот начин за објаснување на нештата, а сега ми наведуваш и вистина.
За која вистина муабетиме?
Науката гледа да ги објасни набљудуваните феномени во природата на најдобар можен начин, со надеж дека тоа објаснение се приближува до нкоја фундаментална вистина за нашиот свет (макар да на голем дел научници не им е ни битно дали сме блиску до некоја вистина, нив им е битна само корисноста на научните сознанија). Не е точно дека науката никогаш не може да открие фундаментална вистина, туку само нема никогаш да знаеме дека сме откриле некоја таква вистина, затоа што никогаш не можеме да ја исклучиме можноста дека ќе се појави некој феномен кој е контрадикторен со моменталната теорија.
Значи можно е и некоја од денешните теории да е веќе фундаментална вистина, но науката не може никогаш да потврди дека тоа е така, затоа што со тоа се исклучува можноста за подобрување на теоријата во случај на недостаток. На пример, теоријата дека времето и просторот се едно нешто и дека гравитацијата само искривување на тој време-простор може да е фундаментална вистина, но науката нема никогаш да го потврди тоа, бидејќи со тоа се исклучува можноста за подобрување на истата теорија при некои нови контрадикторни докази.
Значи овие статистичкиве верници не се слепи?Постојат два типа верници:
- кои ја познаваат и практикуваат верата и
- кои се само статистички верници.
Не постојат „слепи„ верници. Слепоста може да им се припише и на поклониците на сциентизмот.
И зошто тие верници кои ја познаваат и практикуваат својата вера, но не се заинтересирале за другите религии, исто така не се слепи?