Избор секогаш постои, а тој избор се вика апстиненција од брак, отфрлање на наметнатите очекувања од околината и водење на животот според сопствените убедувања и желби, вклучително и сексуалната ориентација. Ова, барем секоја здрава особа која сака да води среќен и квалитетен живот, треба да си го има на ум.
Се согласувам потполно со се што кажа, ама сите фамилии не се исти. Има случаи каде не може да се избегне таков ќорсокак. Да не идам во детали, ама сите знаеме барем една фамилија која е толку тврдокорно религиозна да човек помисли луѓево тролаат, али не. За жал во таква средина сме, а владава наша што упорно низ нос гура традиција и религија само ја влошуваат состојбата.
Јас може сум избрал да играм на отворено. Но изборот е направен затоа што ризикот не бил преголем за мене, базирано на средината каде сум растен. За други луѓе не им паѓа ни на крај памет да бидат тоа што се, отворено.
И сега ти релативизираш, во неубедлив обид на очај и патетика, сакајќи да ни предочиш дека вашите кутри невини педерски душички не заслужуваат такво страдање и презир од околината, па затоа секако е подобар избор од тоа да бидеш педер и посочуван со прст - да бидеш скриен педер и да се инфилтрираш во животот на некоја невина женичка на која ќе и склепаш некако едно дете и ќе ја лажеш цел живот за тоа што всушност си, ќе водиш двоен живот исполнет со лаги, превари и курови и бели флеки по облеката задоволувајќи ја твојата ненаситна желба која се граничи со перверзија?
Каде се сега почитта кон другиот, кон неговата личност и европските вредности на кои се повикувате?
Европски вредности не се негуваат во село (пример).
Релативизирам поради тоа што самиот проблем е релативизиран од "засегнатата страна". Кога хомосексуалец сфаќа дека неговите права нема да се почитувани без разлика на се, иде на единствената варијанта која преостанува - да глуми "нормален". Во тој пакет иде брак и деца. Таквите хомосексуалци не ги измислиле деталите, тие постојат одамна. И да, жртвите тука освен невините жени се и хомосексуалците кои стапуваат во таков брак. И двете личности се лишени од живот каков што требаат/сакаат да имаат и се задоволиле со нешто помалку идеално. Жената ќе има сопруг и деца, ама љубовно сивило, а сопругот има параван, ама не може да биде на листо со себе и води таен живот да задоволи одредени карнални потреби. Всушност, и децата тука се жртви, пошто се продукт на брак без љубов, кој често знае да заплива во дисфункционални води какви што читаме во весник/гледаме на вести.
Не може да бидеш заканувачка, биготска средина, и во исто време пак да очекуваш ЛГБТ особи да бидат на чисто со себе и да си водат животи какви сакаат без да водат тајни животи. Bigots can't have their cake and eat it too. Така да - се додека се негува таквата средина, ќе има такви бракови. Не ги оправдувам воопшто, ама разбирам зошто постојат. Ако не ти се допаѓа - quit being a bigot. At least bigotting is a choice. Homosexuality isn't
