Две години сме заедно и врската ни беше супер. Бараше некое време мир за да се сконцентрира на учењето и му го дадов, не му сметав. Ги падна испитите покрај сета надеж и сиот вложн труд. Се разочара, стана деуг човек. Почна слабо да пишува и му реков гледам дека си ладен ако ти сметам кажи ќе те оставам на мира и ми рече дека е нервозем и лут ама не на мене. Му реков да се видиме сабота, се видовме и многу смирен делуваше. Дури досадно како да му беше. После тоа ладни одговараше на моите пораки, едвај. Пак му закажав за сабота не можеше да дојт пијам беше, не можеше да возит ама пак дојде пошто јас сакав. Тогаш како деуг човек беше, намрштен некако. Му реков ќе одам на одмор другата недела, а пошто тој нема одмор ова лето, се слободни што имаше зеде за учење и испити, само сабота и недела има време и му реков следната сабота да се видиме рече ок. Петокот му пратив порака, ми одговори со каснење. Му реков зошто ме игнорираш? Работев. Ок. Му реков утре ќе се видиме ми рече не знам, му реков зошто ми рече не знам. Му реков ок како сакаш. Осетив дека е ладен према мене, мислев нема веќе интерес, му напишав десет пораки признај дека не сакаш веќе да се гледаме, ало одговори, дали смеам да го добијам твојот одговор од две секунди, признај нема да се налутам разбирам итд. 5 пораки прочита 5 не, а онлајн беше цела ноќ. Другиот ден му пратив уште неколку со извинување, му реков многу зборам не лути ми се, ми прати само ова "
", му реков ова значи не си лут и гледам многу си зафатен. Ништо не ми одговори, океј. Ми дојдоа на гости роднини и со двајца машки братучеди од друга земја решив ќе одам во клуб. Го видов таму со другар. Се зачуди кога ме виде и тајно гледаше во братучедите а не ги познават. Јас лута што ме игнорира и плус се исплашив да не помисли сум со двајца машки излезена појдов кај него. Здраво, здраво. Ми рече кој е со тебе, братучеди му реков. Ми рече ок. И сега вака одеше муабетот ве молам анализирајте го кој што има време. Јас:Зошто не ми кажа дека овде ќе излегуваш, ти пишував толкку многу. Лут бев. На мене? Не на тебе, на се, преку глава ми е од се. Јас:Зарем за овие две години (готова да заплачам и тој осети) не заслужувам една порака од тебе. Заслужуваш. Па зошто не ми напиша? Па лут бев и нервозен, ми треба пауза од се. Од мене ли пауза ти треба? Да и од тебе. Немав волја да се видиме. Па така да кажеше му реков по порака. Не можев тоа да кажам ми вели. Му велам не сакаш повеќе да се гледаме? Не сакам ми вели, подобро така ама само моментално. Ама му велам што направив? Ми вели не знам ни јас. Јас му велам крај е ? Да ми вели ама само моментално и врати се сега кај братучедите. И со солзи во очите збореше. Се сокри ја да не го гледам во клубот, и после замина. Многу се напив и сакав многу нешта да му напишам ама немав мреѓа цела ноќ, сабајлето го сменив мислењето. Е сега она што ме мачи е следното:Солзите во очите му беа од жал да ме остави затоа измисли пауза да не ме повреди. Ама тогаш имаше шанса да ми каже ви очи дека е крај, покрај се што кажа немал воља и слично. Од саботата му немам пратено порака а умирам да му пишам. Се осеќам крива не го оставив на мира пијачка да испие со другарите, го спопадам по дискотеки ко мрдната, сигурно мисли одев да го фатам а случајно беше. Па да не долевам масло на огнот, да го остам на пауза ако му значам ќе напише. Заборавив са спомнам пред една недела ко ми напиша излезен бил му реков се палиш на други жени во диско и после ме бараш мене. Wtf??? Некогаш за медаља лупам. Второ:Можда е тој крив и се осеќа крив што ме игнорираше а ваму шета. Дали да се извинам или да го остам да ме побара, тој е многу егоист, ако се осеќа крив нема да напипе од страв да не го одбијам, не сака да си признае грешка а ако ме мисли мене крива онда никогаш нема да напише после сцените и глупостите што му ги направив. Да му дадам време? Пауза е или крај? Како се осеќа во моментов? Има шанси да ми напише? Да му напишам јас, како, кога, што??? Има шанси да ја поправам работава? Помогнете ве молам