Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен тапа филмско лето, си продолжив јас со репете од стари и добри филмови. Tell No One :cuc:
Филмов е нешто неверојатно добро. Многу ми се замили кога го гледав првиот пат лани. Може да се репризира и кај мене.
 
Фала богу го погодија како што треба. Рајан е роден да го игра ликов :D.

Ми се допадна и постмев референцата за Green Lantern xD
 
Не пратам многу-многу стрипови, ама може некој во две реченици да ми објасни зошто е олку голема фасцинацијава за овој што личи на спајдермен ама не е спајдермен?
Стварно, цел интернет е со слики и видеа од по 100 милиони вјус.
 
Не пратам многу-многу стрипови, ама може некој во две реченици да ми објасни зошто е олку голема фасцинацијава за овој што личи на спајдермен ама не е спајдермен?
Стварно, цел интернет е со слики и видеа од по 100 милиони вјус.

Кога Тарантино би направил анти-херој стрип карактер ... Би бил овој. Насилство, gore, хумор, секс, црн хумор ...

Во суштина намерно личи на Спајдрмен, идејата е да биде хибрид помеѓу него и еден друг карактер од стрип светот. Друго што е интересно за ликов е што постојано го крши 4от Ѕид и често спомнува поп-културни референци низ стриповите (сега ваљда и во филмот).

Фасцинацијата е голема затоа што се чека цела деценија за филмов, а се работи за навистина уникатен лик.
 
Поради овој филм Бен Афлек го има моето поштовање затоа што заедно со Мет Дејмон го напишаа филмов кога беа буквално дечишта. Безвременски филм.
Не се сеќавам само дека изглумија нешто посебно, другото да, добра драма
 
Не се сеќавам само дека изглумија нешто посебно, другото да, добра драма
Во ред, тоа да, али тргни го Бен Афлек на страна и земи набљудувај ги Робин Вилијамс и Мет Дејмон. На прекрасен начин е прикажана затвореноста на Мет Дејмон (Вил), кој и покрај тоа што е натпросечно интелигентен не сака да го оствари ствојот потенцијал. Друга работа пак, како Робин Вилијамс допира до него, мене тоа ме фасцинираше. Дефинитивно му лежат и вакви улоги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom