
[DOUBLEPOST=1438632252][/DOUBLEPOST]
Прво, основната точка од која тргам е дека власта нема право да ја „креира“ историјата на народот и да го користи тоа за свои политички цели. Историјата треба да се препушти на историчарите, исто како што биологијата треба да се препушти на биолозите, автомеханиката на автомеханичарите и атомската физика на атомските физичари. Работата на владата тука е да ја стимулира и поддржи работата на историчарите, не обратно. Во прашање е вистината, работата на историчарот е да ја открие и да ја прикаже вистината, а не да служи за нечии интереси. Но, ако ова ти прави да спиеш помирно, ќе ти кажам дека има многу работи кон кои работат историчарите, кои се вистинити, и доколку излезат на виделина би и помогнале на македонската јавност. Такашто секое мешање во работата на историчарите само ја укочува и ја комплицира оваа работа, работа која верувам дека ти е во интерес да се заврши побрзо.
Второ, не се секирај, не ширам грчка пропаганда. Верувај дека и јас се нервирам кога грците пробуваат да ни го оспорат тоа што го имаме, а навистина е наше. НО, тоа не значи дека све што бараме, го бараме со право. Постојат многу работи кои не може ни Грција да си ги препише на својата историја, но постојат многу работи кои ни ние не можеме да си ги препишеме. Во некои работи и двете страни се во право, во некои е едната, во некои е другата, а во некои ниедната, и последнава група всушност ги прави сите проблеми кои ги имаме со нив. Не, верувал или не, Македонија не е за све во право, мада верувам дека тешко ќе ти е да поверуваш во ова. Но, не е ни Грција за се во право, исто како што на нивните граѓани им е тешко да поверуваат.
Трето, не трчај ко прле пред магаре и не обвинувај и не клевети луѓе ако не им го знаеш мислењето.