Духовните вредности денес

  • Креатор на темата Креатор на темата Изгрев
  • Време на започнување Време на започнување
Почестен сум. :)

Туку Ставро, кој е твојот нареден потег? Ќе киднеш од форумов, (логично) пош‘о веќе ме/не напрај будали и виде со какви си имаш работа?...:icon_lol:
На што се надева кутриот....... Дека евентуално ќе им се смачи на останатите...
 
@Ставрогин Озбилно проба да користиш логика?

Да ти објаснам нешто, во сферата на религијата не е битно што е право, што е проверливо, што е факт. Битно е што верува другата страна и како е индоктринирана.
 
... Дека евентуално ќе им се смачи на останатите...

Кој сака да праша-нека праша и ќе добие одговор,
За другите, има по забавни теми на порталов.
 
@Ставрогин Озбилно проба да користиш логика?

Да ти објаснам нешто, во сферата на религијата не е битно што е право, што е проверливо, што е факт. Битно е што верува другата страна и како е индоктринирана.

Не треба логика за овие, стап треба.
 
@Ставрогин Озбилно проба да користиш логика?

Да ти објаснам нешто, во сферата на религијата не е битно што е право, што е проверливо, што е факт. Битно е што верува другата страна и како е индоктринирана.

Сталкерот,
ај тебе да те питувам, пош‘о љубиш факти.

Како да го проверам „фактот„ дека Земјава се „врти„ околу Сонцето? Што да правам, што да чинам по тоа прашање?...:unsure:
 
Почестен сум. :)

Туку Ставро, кој е твојот нареден потег? Ќе киднеш од форумов, (логично) пош‘о веќе ме/не напрај будали и виде со какви си имаш работа?...:icon_lol:

Мене ми е несфатливо како нихилист може да си губи време по форуми. Напишал преку 10 илјади постови само на овој форум, наместо да „земе сè што животот му нуди“ и да не си ги ускратува животните задоволства поради некои „глупаци“ како нас.

Пази, знае дека ќе умре, знае дека после смртта нема ништо, а ЕДИНСТВЕНИОТ живот си го троши во виртуелни расправии. Навистина логично!
 
О сега тепач ќе се праеш, виде слаба ти е логиката и стапој почна да бараш:bravobe:.

Со тага во гласот морам да ти соопштам дека штотуку заврши во друштво на Мики. Глуп си како шахта, престанувам да комуницирам и со тебе. Тоа се вика духовна хигиена, и е тамам во врска со темата, бидејќи е духовна вредност.[DOUBLEPOST=1438630337][/DOUBLEPOST]
Мене ми е несфатливо како нихилист може да си губи време по форуми. Напишал преку 10 илјади постови само на овој форум, наместо да „земе сè што животот му нуди“ и да не си ги ускратува животните задоволства поради некои „глупаци“ како нас.

Пази, знае дека ќе умре, знае дека после смртта нема ништо, а ЕДИНСТВЕНИОТ живот си го троши во виртуелни расправии. Навистина логично!

Јас се извинувам што си го трошам животот онака како што јас сакам. Следниот пат тебе ќе те прашам колку постови треба да напишам на Кајгана. Ти потоа можеш малку до созерцуваш, па ќе се вратиш да ми кажеш. Може така?
 
Со тага во гласот морам да ти соопштам дека штотуку заврши во друштво на Мики. Глуп си како шахта, престанувам да комуницирам и со тебе. Тоа се вика духовна хигиена, и е тамам во врска со темата, бидејќи е духовна вредност.
http://forum.kajgana.com/threads/Духовните-вредности-денес.78612/page-10#post-7344860
 
Сталкерот,
ај тебе да те питувам, пош‘о љубиш факти.

Како да го проверам „фактот„ дека Земјава се „врти„ околу Сонцето? Што да правам, што да чинам по тоа прашање?...:unsure:
Само ти изрази желба.
Мики може да искористиш, ѕвезден паралакс, ѕвездена аберација и Доплеров ефект.Направи ги мерењата со трите методи и види шо ќе кажат резултатите.
 
Отпосле видов дека си го дополнил. Како не ти е гајле дали постоел историскиот Исус, не знаеш дали постоел и тоа не ти е битно, а битно ти е како ЈАС го знам тоа?
Не ми е релевантно тоа на прашањето за неговите супер дупер способности и особини.
Не ми е битно како ти знаеш дека постоел ко историска личност, туку како знаеш дека поседувал супер дупер способности.
Како епистемиолошка алатка користам созерцание.

https://sr.wikipedia.org/wiki/Созерцање
https://en.wikipedia.org/wiki/Theoria#Eastern_Orthodox_Church

Според Св. Исак Сирин, созерцување е чувствување на Божјите тајни сокриени во предметите и нивните причини. Според Светите Отци, созерцување е молитвено фокусирање на душата на надумните тајни со кои обилува човековата личност, како и во суштината на Богосоздадената супстанца.

http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/Gnoseologija_Isaaka_Sirina/04.htm
Е да бе, пошто „контемплација“ не е доволно кул. :D
Епа колку вистини од твојата религиозна контемплација на совршеноста на Божјата Лепота можеш да ги тестираш и осознаеш во овој природен свет? Како знаеш дека на пример тоа што си го исконтемплирал се знаења и вистини, а не лаги и игри кои умот ги прави со тебе како резултат на емоции, добра имагинација, магично размислување, пареидолии/апофении и слично?
Има многу езотериски мистични западни и источни школи, дали суфите, дали џаинистите, шрамана, будисти, њу ејџ гуру Англија со мешавина Индија и тристо други врагови кои го користат тој метод на внатрешно осознавање и спознавање на Вистината, ништо ново на запад. Многу од тие школи се постари од христијанството...
Проблемот е во тоа што тие контемплации се различни кај различни луѓе од различни школи, со различни верувања, очекувања и заклучоци кои ги изведуваат од таквиот тип на „интуитивни осознавања“ на Вистината што не' доведува до четири можни решенија...
Или реалноста самата по себе е контрадикторна и по пат на интуитивни сознанија секој допира различен контрадикторен аспект од истата.

Полошата според мене варијанта, реалноста не постои надвор од умот и секој креира своја реалност.

Тоа се отфрла освен ако не си субјективен идеалист и не веруваш дека реалноста не може да постои надвор од умот што не би верувал знаејќи дека си христијанин.

Или само една од тие школи води кон Вистината, а другите школи имаат квази интуитивна контемплација.

Или ниту една од школите не доведува до Вистината.

Како знаеш дека на пример твоето божанско контемплирање е вистинското, а не тоа на суфите? Дека твоето контемплирање на вистината е она правото, а не тоа на сиките на пример? Емотивно осеќаш?
На крај краева, ти не си осознал интуитивно и од нигде за светото тројство, ниту по пат на самосознавање, духовно осознавање на реалноста и слично. Ти си го прочитал тоа.
Ти не си се родил у село, цел живот да го потрошиш на чување овци и наеднаш од нигде да осознаеш дека постои Светото Тројство па да го исконтемплираш тоа, иако повеќето сакате да звучи дека ова се случило така.
Реалноста е друга и најчесто е претставена од овој тек на настани:
1. Прво читаш дека светото тројство постои.
2. Потоа од Х причини почнуваш да веруваш во тоа.
3. Потоа следуваат спиритуалните искуства, контемплации и потврди дека верата не е празна туку базирана на нешто што постои. Тие контемплации се најчесто емотивни, барање на игла у сено односно очајно барање на боженствени искуства, апофении/пареидолии, магично размислување и све што веќе набројав погоре, да не се повторуем.
Дали било што од твојата контемплација што си го заклучил како факт, може да го објасни светот, да се тестира во овој свет?
Што ја прави твојата контемплација добра епистемиолошка алатка?
Како делиш знаење од измислица, нешто што те прашав и во претходниот пост?
 
Само ти изрази желба.
Мики може да искористиш, ѕвезден паралакс, ѕвездена аберација и Доплеров ефект.Направи ги мерењата со трите методи и види шо ќе кажат резултатите.

Сталкерот,

немам такви инструменти по дома. Ако ги имаш кај тебе, биди љубезен и дај ми ги на заем: неизмерно сакам да видам како Земјава се “врти„ околу Сонцето.

Туку, како тебе лично ти успеа да го видиш токму тој Космички феномен?
 
Мики себичен сум многу кога станува збор за телескопот, да не речам емоционално приврзан. Не го давам.

Ако стварно сакаш да ги измериш паралаксата и аберацијата земи си некој стартер телескоп, ги има за $ 100-150, едно пристојно апаратче, не многу скапо дури можеш и телефон со подобра камера да искористиш. Ако не ти се даваат толку пари, тркни до скопското астрономско друштво, луѓето ќе те удостојат.

Мерењето на доплеровиот ефект бара малце поинаква опрема која не е најдостапна.Ама и не ти треба. Горните два феномена се доволни да се утврди Земјината револуција околу Сонцето.
 
ај да те потсетам на прашањето:
„...Туку, како тебе лично ти успеа да го видиш токму тој Космички феномен?...„.

Мерења и заклучоци од мерењата совршено не ме занимаат: мене ме занима очигледноста од некој природен феномомен, оти дур‘ не видам , не верувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom