Отпосле видов дека си го дополнил. Како не ти е гајле дали постоел историскиот Исус, не знаеш дали постоел и тоа не ти е битно, а битно ти е како ЈАС го знам тоа?
Не ми е релевантно тоа на прашањето за неговите супер дупер способности и особини.
Не ми е битно како ти знаеш дека постоел ко историска личност, туку како знаеш дека поседувал супер дупер способности.
Како епистемиолошка алатка користам созерцание.
https://sr.wikipedia.org/wiki/Созерцање
https://en.wikipedia.org/wiki/Theoria#Eastern_Orthodox_Church
Според Св. Исак Сирин, созерцување е чувствување на Божјите тајни сокриени во предметите и нивните причини. Според Светите Отци, созерцување е молитвено фокусирање на душата на надумните тајни со кои обилува човековата личност, како и во суштината на Богосоздадената супстанца.
http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/Gnoseologija_Isaaka_Sirina/04.htm
Е да бе, пошто „контемплација“ не е доволно кул.

Епа колку вистини од твојата религиозна контемплација на совршеноста на Божјата Лепота можеш да ги тестираш и осознаеш во овој природен свет? Како знаеш дека на пример тоа што си го исконтемплирал се знаења и вистини, а не лаги и игри кои умот ги прави со тебе како резултат на емоции, добра имагинација, магично размислување, пареидолии/апофении и слично?
Има многу езотериски мистични западни и источни школи, дали суфите, дали џаинистите, шрамана, будисти, њу ејџ гуру Англија со мешавина Индија и тристо други врагови кои го користат тој метод на внатрешно осознавање и спознавање на Вистината, ништо ново на запад. Многу од тие школи се постари од христијанството...
Проблемот е во тоа што тие контемплации се различни кај различни луѓе од различни школи, со различни верувања, очекувања и заклучоци кои ги изведуваат од таквиот тип на „интуитивни осознавања“ на Вистината што не' доведува до четири можни решенија...
Или реалноста самата по себе е контрадикторна и по пат на интуитивни сознанија секој допира различен контрадикторен аспект од истата.
Полошата според мене варијанта, реалноста не постои надвор од умот и секој креира своја реалност.
Тоа се отфрла освен ако не си субјективен идеалист и не веруваш дека реалноста не може да постои надвор од умот што не би верувал знаејќи дека си христијанин.
Или само една од тие школи води кон Вистината, а другите школи имаат квази интуитивна контемплација.
Или ниту една од школите не доведува до Вистината.
Како знаеш дека на пример твоето божанско контемплирање е вистинското, а не тоа на суфите? Дека твоето контемплирање на вистината е она правото, а не тоа на сиките на пример? Емотивно осеќаш?
На крај краева, ти не си осознал интуитивно и од нигде за светото тројство, ниту по пат на самосознавање, духовно осознавање на реалноста и слично. Ти си го прочитал тоа.
Ти не си се родил у село, цел живот да го потрошиш на чување овци и наеднаш од нигде да осознаеш дека постои Светото Тројство па да го исконтемплираш тоа, иако повеќето сакате да звучи дека ова се случило така.
Реалноста е друга и најчесто е претставена од овој тек на настани:
1. Прво читаш дека светото тројство постои.
2. Потоа од Х причини почнуваш да веруваш во тоа.
3. Потоа следуваат спиритуалните искуства, контемплации и потврди дека верата не е празна туку базирана на нешто што постои. Тие контемплации се најчесто емотивни, барање на игла у сено односно очајно барање на боженствени искуства, апофении/пареидолии, магично размислување и све што веќе набројав погоре, да не се повторуем.
Дали било што од твојата контемплација што си го заклучил како факт, може да го објасни светот, да се тестира во овој свет?
Што ја прави твојата контемплација добра епистемиолошка алатка?
Како делиш знаење од измислица, нешто што те прашав и во претходниот пост?