Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Edna interesna rabota sto jas ne moze da ja razberam, kako Makedonija so nula ekonomija uspeva vestacki da go drzi denarot prvo zalepen za markata pa sega za evroto veke triesetina godini? Kako dosega ne ne zakaci hiperinflacija ko u bivsa juga?
Тоа Ево ќе ти одговори. Ако не го банирале
 
Не е државата толку уназадена, колку што е народот уназаден.
Ако со развиен IT сектор не се градело држава, ваљда се гради со штампање економисти, правници, историчари и друг суфицитарен кадар од општествени науки, а? Сите од нив потенцијални партиски куропушачи, жедни за државна цицка.

Здраво општество може да има кога меѓу народот ќе преовладува претприемачки дух, а не паразитски. Кога на луѓето уште од мали ќе им се врежи во главата дека мора да живеат од сопствената продуктивност, и дека треба да работат за профит, а не за плата. Оштеството не е она кое треба да ти ги реши сите проблеми, да се грижи за тебе, да ти најде работа, да те вработи и да ти заработи. Од тебе зависи сè. "Нема работа" е само оправдување за сопствената неспособност.

Ако претходниот систем бил совршенство, денес секаде во светот ќе се применувал. Но, како што гледаш, никаде не се применува.

И баш напротив, IT индустријата е онаа која може сериозно да ја зајакне една држава. Еден од ретките сектори каде не ти требаат врски и партија за да успееш. Имаш милион различни можности и начини да заработиш, и отворен пазар за твоите производи и услуги, од неколку милијарди луѓе. А сè што ти е потребно е само компјутер и интернет. Нека не ве лажат комунистиве, пари се заработуваат и со лежење. :D
IT industrija? Koja? Kaj nas li toa? :icon_lol:[DOUBLEPOST=1438524296][/DOUBLEPOST]
Тоа Ево ќе ти одговори. Ако не го банирале
Nego ni togas ni sega ne mu odgovaralo, najdobar mu e Avganistan.[DOUBLEPOST=1438524658][/DOUBLEPOST]
Најдов податоци од Нбрм дека количината на денари се зголемила од 200+ на 300+ милијарди денари во последните 4-5 години. Тоа значи дека вредноста на еден денар би требало да е помала за 30% споредено со претходно, ама тоа не се случува поради неколку процеси:
- Девизните дознаки на нашите од странство
- Задолжувањата на државата и фирмите/банките во странство исто носи девизи
- Стерилизација на милијарди денари во штедни влогови изразени во денари

Кога некоја од овие 3 столба ќе пукне може да се очекува девалвација и/или хиперинфлација.
Pecalbarite treba da se zdruzat vo nekoja svoja organizacija, da se dogovorat site da si gi iznesat parite od MK vo stranstvo za 2-3 godini,vo MK da ne investiraat nisto i da ne kupuvaat nedviznosti. Pa da pocekaat da udri devalvacija i potoa da ziveat ko bubreg u loj. realno gledano kursov e cista pljacka, direkno im kradat na pecalbarite i treba kursot da e najmalku 200 den za edno evro ako ne i poveke.
 
Последно уредено:
Edna interesna rabota sto jas ne moze da ja razberam, kako Makedonija so nula ekonomija uspeva vestacki da go drzi denarot prvo zalepen za markata pa sega za evroto veke triesetina godini? Kako dosega ne ne zakaci hiperinflacija ko u bivsa juga?
еее колку пати стопанствениците бараа а се смени или ослободи курсот и велат дека е вештачки и неприроден и им е пречка во работата и извозот...
 
Инфлацијата се јавува кога во оптек ке се пуштат повеке пари одколку што имаш производство плус девизен прилив односно кога во промет пушташ незаработени односно пари без покритие во реалниот сектор. Кај нас овие 25 години курсот се одржува воглавном на вересија односно во најголем дел со девизен прилив од задолжување во странство, дел од извоз и дел од девизни дознаки на нашите печалбари. Кога се растури СФРЈ ние при делбата наследивме долгови од околу 1 милјарда долари и побарување од околу 80 милиони долари од Русија (значи за се што беше направено кај нас за тие 50 години, а беше направено многу) за да денес, за овие 25 години, вересијата ни отиде на повеке од 5 милијарди евра за шарени огледала и бес. Ете тие 5 комада се цената на стабилниот курс на денарот и која стабилност ке можеме да ја држиме уште година до две а потоа ке треба да враќаме сериозни суми девизи од долговите и тогаш кај нас ке заигра мечката од соседите.... Веке догодина, 2016, стигаат за враќање опасно високи суми и незнам како ке се одржи курсот ако не ни дадат нови заеми. Но и новите заеми се само одлагање и правење на проблемот уште поголем а не и решение на истиот....
 
Веке догодина, 2016, стигаат за враќање опасно високи суми и незнам како ке се одржи курсот ако не ни дадат нови заеми. Но и новите заеми се само одлагање и правење на проблемот уште поголем а не и решение на истиот....
нема гајле, ќе се задожиме уше поопасно па ќе се мислиме во 2020ста
 
Не е државата толку уназадена, колку што е народот уназаден.
Ако со развиен IT сектор не се градело држава, ваљда се гради со штампање економисти, правници, историчари и друг суфицитарен кадар од општествени науки, а? Сите од нив потенцијални партиски куропушачи, жедни за државна цицка.

Здраво општество може да има кога меѓу народот ќе преовладува претприемачки дух, а не паразитски. Кога на луѓето уште од мали ќе им се врежи во главата дека мора да живеат од сопствената продуктивност, и дека треба да работат за профит, а не за плата. Оштеството не е она кое треба да ти ги реши сите проблеми, да се грижи за тебе, да ти најде работа, да те вработи и да ти заработи. Од тебе зависи сè. "Нема работа" е само оправдување за сопствената неспособност.

Ако претходниот систем бил совршенство, денес секаде во светот ќе се применувал. Но, како што гледаш, никаде не се применува.

И баш напротив, IT индустријата е онаа која може сериозно да ја зајакне една држава. Еден од ретките сектори каде не ти требаат врски и партија за да успееш. Имаш милион различни можности и начини да заработиш, и отворен пазар за твоите производи и услуги, од неколку милијарди луѓе. А сè што ти е потребно е само компјутер и интернет. Нека не ве лажат комунистиве, пари се заработуваат и со лежење. :D
Како релативно нов сектор никоја земја сеуште се нема изградено или којзнае колку прогресирано од IT сферата.
Кај нас 70% од девелоперите работат на проекти кои се нешто како договор на дело и можат да ти дадат клоца у секое време, со плата најчесто нешто околу/под 500 евра, единствено у Скопје. Под овие горе услови, не може секторот да вработува многу луѓе колку и способни деца да постојат, а тоа не може да биде потпора на ничија економија.

Грешка е што мислиш дека се вдуховува претприемачкиот дух со подигање на свеста и слично, неаме ние паразитски мајндсет.
Моменталните бројки на иселеност од државата не се заради потрага по луксузно живеење и одмори, него за прибавување на основни добра, а оваа не е резултат на паразитско однесување.

Точно е дека општеството не треба да ти средува се, ама тука општеството не ти средува ни минимални услови, т.е не може во држава која реално не форсира претприемаштво, ти да бидеш иновативен. Никако.
Свесен сум колку правни лица "претприемачи" заглавуваат секојдневно и се ликвидираат, заради даночните политики и слични рекет техники.

Друга работа е што не може оваа секој да го изучува, не се работи за наука чија основа се базира на пишан и утврден текст за секој да може да го разбере, а не пак да манипулира со него и биде иновативен.
Огромен дел од населението е израснато во услови каде луксузно добро му е компјутерот и немал допирна точка со технологија, која е логиката среќата да си ја бара у IT секторот?

Паметната надворешна политика и дипломатија ја јакнее државата преку индустријализирање и капитални објекти, другото е гола вода.
 
Последно уредено:
Ево, колку пати бе ќе треба перманентно да те банираме за да прекинеш да досаѓаш?

Побарај стручна помош друже со време, правење други ликови само за поддршка во дискусија не е заебанција.
Зашто да го банирате? Заради мислењето? Никого не навредува, не ги крши правилата на форумот со постот. Ако само сакате да демонстрирате сила, тогаш банирајте го, па можете и мене слободно. Барем ќе си имате форум цел за вас југоносталшичарите за наразлични перверзии меѓу вас самите.[DOUBLEPOST=1438548858][/DOUBLEPOST]
еее колку пати стопанствениците бараа а се смени или ослободи курсот и велат дека е вештачки и неприроден и им е пречка во работата и извозот...
Да, баррат. Навикнати се да ќаруваат на курсни разлики како во СФРЈ кога динарот девалвираше секој ден. Ама се заебале малце што ќе го вратат тоа време на печатење пари од курсни разлики.
 
Зашто да го банирате? Заради мислењето? Никого не навредува, не ги крши правилата на форумот со постот. Ако само сакате да демонстрирате сила, тогаш банирајте го, па можете и мене слободно. Барем ќе си имате форум цел за вас југоносталшичарите за наразлични перверзии меѓу вас самите.[DOUBLEPOST=1438548858][/DOUBLEPOST]
Да, баррат. Навикнати се да ќаруваат на курсни разлики како во СФРЈ кога динарот девалвираше секој ден. Ама се заебале малце што ќе го вратат тоа време на печатење пари од курсни разлики.
Не калимеросувај со сила. Никој не те дира, не се мешај.
 
Зашто да го банирате? Заради мислењето? Никого не навредува, не ги крши правилата на форумот со постот.
Лаже корни, кажува невистини и тие како факт ги користи во дискусиите, тоа е едно незрело дете,али тебе ти одговара таков подржувач, да се надополнувате. Катактерно се слагате.
 
Лаже корни, кажува невистини и тие како факт ги користи во дискусиите, тоа е едно незрело дете,али тебе ти одговара таков подржувач, да се надополнувате. Катактерно се слагате.
Не е тоа битното, битното е што направи дупли јузер да си потпомогне во дискусијата, што е против правилата. Затоа и забранет му е пристапот. Ама мора да ги набедиме wошите админи и модератори дека нивни хир против невините членови.
 
ти си најлоша! соросоиду еден комуњарско југоносталгичарски!
 
Не е државата толку уназадена, колку што е народот уназаден.
1 Ако со развиен IT сектор не се градело држава, ваљда се гради со штампање економисти, правници, историчари и друг суфицитарен кадар од општествени науки, а? Сите од нив потенцијални партиски куропушачи, жедни за државна цицка.

2 Здраво општество може да има кога меѓу народот ќе преовладува претприемачки дух, а не паразитски. Кога на луѓето уште од мали ќе им се врежи во главата дека мора да живеат од сопствената продуктивност, и дека треба да работат за профит, а не за плата. Оштеството не е она кое треба да ти ги реши сите проблеми, да се грижи за тебе, да ти најде работа, да те вработи и да ти заработи. Од тебе зависи сè. "Нема работа" е само оправдување за сопствената неспособност.

3 Ако претходниот систем бил совршенство, денес секаде во светот ќе се применувал. Но, како што гледаш, никаде не се применува.

4 И баш напротив, IT индустријата е онаа која може сериозно да ја зајакне една држава. Еден од ретките сектори каде не ти требаат врски и партија за да успееш. Имаш милион различни можности и начини да заработиш, и отворен пазар за твоите производи и услуги, од неколку милијарди луѓе. А сè што ти е потребно е само компјутер и интернет. Нека не ве лажат комунистиве, пари се заработуваат и со лежење. :D
1 - а кој те убедува на тоа ?
2 - вработените во секој сектор треба да имаат фер плати со кои ќе можат да издигнат фамилија,дали бил багерист,шивач,чистач,наставник,оператор во производство или било што да работи со полно работно време,треба да добива соодветен надоместок за тоа
3 - далеку од перфектен,целите беа да се премине од социјализам во комунизам,но не се остварија,човештвото уште не е спремен на таков чекор,прашање е кога ќе биде тоа и дали ќе биде,но тој систем се покажа и докажа како далеку поуспешен од овој во секој сектор на функционирање,имаш многу бројни сведоци да посведочат дека е така
4 - никој не ја потценува ИТ индустријата,но очигледно ти ја преценуваш, држава не ја бидува без јака инфраструктура,добра енергетска мрежа,требаат житници,води,езера,треба војска и полиција и многу други работи без кои една држава во никој случајнема да биде држава
 
никој не ја потценува ИТ индустријата,но очигледно ти ја преценуваш, држава не ја бидува без јака инфраструктура,добра енергетска мрежа,требаат житници,води,езера,треба војска и полиција и многу други работи без кои една држава во никој случајнема да биде држава
Не не не
Нас ни требаат IT. Строго.
На пример, сеа у Куманово да им пуштеа неколку програмери, наместо џандари, да видиш дали ќе имаше осум жртви.
 
СФРЈ беше економски пропадната држава. Кога ќе спомнат дека немало невработеност, јас само ќе ви дадам пример со западна Македонија. Од Гостивар па до Струга, значи во регионите Горна Река, Долна Река, град Дебар, горни Дебор, Долна Жупа, Горна Жупа и Дримкол, каде што во 60те години на 20 век имало можеби 120.000 жители, работеше една единствена здрава фирма- фабриката за гипс и гипсани полуфабрикати РАДИКА Дебар, додека од други стопапски објекти можеа да се набројат на прсти неколку задруги како влачари за волна, ткајачници за текстил и ќилими и фабриче за пластика, кои вработуваа по 50 луѓе. Невработеноста во овој западен дел на Македонија, каде населението е 90% македонско (муслимани и христијани), во СФРЈ беше макс. 10%, додека сите останати мораа на печалба да одат по другите ЈУ републики, Германија, Австрија, Италија.

Па кога ќе слушнам глупости како со пасош од СФРЈ можело да се работи во Германија :facepalm: Заводот за вработување ги праќаше луѓето на работа во Германија, зошто СФРЈ не можеше да обезбеди работни места, а Германија барала работни места. Така и мои роднини заминале на печалба во Германија, онаа СФРЈ ги испратила таму.

Истата таа СФРЈ ги третираше сите селани како вработени, заради статистиката.

И да не заборавиме, платите во Македонија беа 3 пати (300%) помали од југословенскиот просек.
Ако во 1980 г. југословенската просечна плата била 300 долари, во Македонија просечната плата била 100 долари.
 
гледам расположен си статистички да споредуваш,па ајде на сите објасни фино лепо колку се изградило во заедница со другите 5 држави или сега самостални колку е изградено,колку вештачки езера се изградени,колку автопати,колку аеродроми,колку здравствени институции,колку стратешки енергетски објекти(хидро,термоцентрали или слично),колкава била општо индустријализацијата тогаш,а колку е сега итн итн..............
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom