Колку се Македонците религиозни?

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 24,8%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 27 17,6%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,4%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,5%

  • Вкупно гласачи
    153
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Кога се испитува вистинитоста која состојба на човекот му дава подобро сознание? Кога се ни е погодено или кога сме во страв, недостаток, тешкотија.
Која состојба колку заблуда/отрезнување носи. Може и стравот да води кон заблуди и погрешни сфаќања, сепак како состојба на отрезнување стравот, недостатокот се многу подобри за откривање на вистината отколку задоволеноста. Позната е една реченица од војниците од Прва Светска војна: „Во рововите нема неверници.“

Постои ставка на техничка интелегенција но и ставка на духовна зрелост. Техничката интелегенција нема значење за духовната широчина. Ги има и заостанати племиња кои се диви и повоинствени, а ги има и попитоми и помирољубиви. Има и богати држави кои се поразумни, а ги има и богати држави воинствени и владеачки настроени.

Впрочем која е целта на технолошкиот напредок? За сега овој момент може да се одговори, но како крајна цел нема одговор. Сакаме подобра медицина за да живееме подолго, сакаме подобро земјоделство за полесна/побогата прехрана, сакаме подобра технологија за да видиме тоа што не сме го виделе. И сите задоволства имаат смисла само во сегашноста, немаат крајна осмисленост. Но зошто сето тоа која е крајната цел. Што сакаме со технишко-технолошкиот развој како крајна цел. Сакаме вечно да живееме, сакаме да бидеме целосно независни од секоја закана и опасност. Што значи кога се ќе се собере значи се што сакаме со технолошкиот напредок е ДА СТАНЕМЕ БОГОВИ. И што би било да станеме богови без Бог. Кое ќе биде крајното ултимативно задоволство? Некоја нирвана, блажено мртвило. Немаме потреба од ништо, независни од се, ништо не не засега. Тогаш значи побожноста на религиозниот верник уште во почетокот била во право. Затоа што и верникот настојува да се обожи. Само наместо самостојно простоземско материјално обоготворување кое е впрочем недостижно, христијанското обожување ветува „она кое увото не може да го досегне, окото не може да го види, умот не може да го замисли“. Го дава ветувањето над сите ветувања. Не може да се вети повеќе. Ветува трансцедентност која значи мора и претходно да постоела и која може да се добие само пренесена од трансцедентен вистински и реално присутен Бог.
Дали да се верува или не всушност е многу едноставно.
Луѓето кои не веруваат зошто се плашат да проверат дали Верата во Бог дејствува? Дали навистина кога на Бог ќе му се обратиш тој одговара? И посебно дали свртувањето кон Него дава залог на мир, исполнување, блаженство кое го ветува ВЕДНАШ, како претвкус на идното, а не материјалното ветување по милиони години откако ќе умреме, кое е и недостижно. Ако е бегањето од испит дали верата дејствува затоа што била опиум тогаш значи силата на противотровот е послаба затоа што тој не е вистински. Тој е опиумот кој со моменталните залажувања ги заведува масите подалеку од Вистината во лагата на безбожништвото.
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Интересно е да се знае , колку од овие слаткоречиви проповедници на верувањето во БОГ се вистински верници ?
Инаку јас си гласав за третата опција , си имам свои толкувања за светот ама далеку од смислата на овие тиради !
 
Кога се сака да се отфрли, а се нема одговор за отфрлување се преминува кон етикети и флоскули.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Кога се сака да се отфрли, а се нема одговор за отфрлување се преминува кон етикети и флоскули.
Како што твојот пост беше полн со флоскули и етикети? Со величање на твоето ти христијанство а валкајќи го сето останато? Веројатно ниту си сфатил што е христијанството а ниту пак нирваната, ниту па некоја друга религија. Толку ли ви бодат очи “безбожниците“? И вие во нечии очи сте безбожници.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.817
Поени од реакции
8.629
Значи си агностик, не веруваш у Бог ама сметаш дека постои некоја духовна сила која не може да се објасни и не е поврзана со Бог, или нема форма како Бог. Јас сум Атеист и не верувам во ништо над природно, за мене тоа е дел од природата, хемијата, физиката.[DOUBLEPOST=1438025534][/DOUBLEPOST]Јас сум Атеист и не верувам во Бог и други сили. Истражував за балканска младинска редација и од 80 испитаници 30 % (само млади од 20 до 28) години се изјаснија дека се Атеисти.
Атеизмот се шири меѓу младите, и мило ми е за тоа. Започнав со читање на Библијата од 8 одделением во 3та средно се откажав од верата. Традицијата и сл ги почитувам само поради историската важност и слични нешта.
Од сиве години читање и истражување за религијата сфатив дека народот нема појма што е религија, нема појма во што верува. Тие всушност воопшто не ја познаваат религијата и не ги интересира, традицијата кај луѓето ја формирала религијата поразлично отколку што е напишано и тие веруваат во тоа што им е кажано, а не како што е.
Го почитувам христијанството како генијално нешто, но за општество пред 2000 години (студирам историја), го почитувам Исус како личност и неговата идеја. Ништо повеќе.
Се надевам религијата ќе ја изгуби моќта, а луѓето ќе го напуштат Бог, всушност не може да напуштат нешто што не постои т.е ќе се освестат.
не реков дека постои реков дека можеби постои а може и не
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Просто кажано, НЕ ЗНАЕШ како треба да изгледа.
Па што не кажеш така, што ми „вртиш одоколу„?
Јас не знам, и реков на почетокот дека нема. Ти се постави како демек религијата не е должна ништо. Доволно е само да постои и да ги зомбира луѓето и со тоа
го оправдала сопственото постоење.
Опиши ми, како треба да изгледа тој „морален интегритет„, виден низ атеистичка ментална оптика.
Виден низ "менталната оптика" на здравиот разум, тоа што не е забрането (со граѓанските закони во секуларните општества) е дозволено. Некогаш има исклучоци кога очевидно законот пропушта некои девијантни појави, но добро е што законите се подложни на промени и не се "вечни, непроменливи и за сите времиња".
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас не знам, и реков на почетокот дека нема. Ти се постави како демек религијата не е должна ништо. Доволно е само да постои и да ги зомбира луѓето и со тоа
го оправдала сопственото постоење.
На кој начин религијата тебе лично те „зомбира„?[DOUBLEPOST=1438156031][/DOUBLEPOST]
Виден низ "менталната оптика" на здравиот разум, тоа што не е забрането (со граѓанските закони во секуларните општества) е дозволено.
По оваа „логика„, се‘ може да биде дозволено.
Граѓанските закони не се исто што и морално-етичките закони на човековиот дух.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Како што твојот пост беше полн со флоскули и етикети? Со величање на твоето ти христијанство а валкајќи го сето останато? Веројатно ниту си сфатил што е христијанството а ниту пак нирваната, ниту па некоја друга религија. Толку ли ви бодат очи “безбожниците“? И вие во нечии очи сте безбожници.
Дадов мислење од христијанска гледна точка. Каде е вашето мислење одговор освен „ако пораката не ни се допаѓа удри по носителот“.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дадов мислење од христијанска гледна точка. Каде е вашето мислење одговор освен „ако пораката не ни се допаѓа удри по носителот“.
Кое е тоа наше? Имаш способност да го видиш хиндуистичкото учење (религија)? Што со будистистичко, таоистичко..... итн милион други? Нормално дека немаш. Флоскули и критики по се друго освен твоето (замисли само православно) христијанство. Да не заборави како е темата насловена?
Твоето (не е ни твое, туку препишано..... знаеме од каде) гледиште од христијанска гледна точка ништо не им значи на муслиманите, на хиндуистите, будистите и кој знае кој се друг. Ионака е тоа лага според нив Лажна надеж во...... ништо.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Кое е тоа наше? Имаш способност да го видиш хиндуистичкото учење (религија)? Што со будистистичко, таоистичко..... итн милион други? Нормално дека немаш. Флоскули и критики по се друго освен твоето (замисли само православно) христијанство. Да не заборави како е темата насловена?
Твоето (не е ни твое, туку препишано..... знаеме од каде) гледиште од христијанска гледна точка ништо не им значи на муслиманите, на хиндуистите, будистите и кој знае кој се друг. Ионака е тоа лага според нив Лажна надеж во...... ништо.
Ваше, мислев на тебе и соговорникот кој не се осврнавте на дискусијата туку на лично негирање.
Да. Будизмот ми е проучуван, а другите вероисповеди повеќе би рекол разгледувани уште пред да ја осознаам вистинитоста на учењето на Богочовекот. Иако има различни вероисповеди, откако ќе се расчисти да знаеш дека работите стануваат едноставни и не се воопшто така измешано како што првично изгледа.
Ако во светот има вистина, таа е една и е исклучива во односот кон илјадниците невистини. Ако нема вистина или таа не е една тогаш за што воопшто да се разговара и да се убедуваме.
Не е проблемот во исклучивоста. Колку едно верување е повистинито толку тоа ќе/е и поисклучиво. Проблемот е во методот. Насилно или подмолно наметнување на своето и негирање на туѓите убедувања. Невистините убедувања за да се одржат, кога согледуваат дека не можат да ја оспорат осмислата на вистинското, не им останува ништо друго освен подмолните и насилни методи.
 
Што имам јас со некој си таму што се осврнал на дискусија. Тоа не не прави истомисленици.
Ниту будизам ти е проучуван ниту некои други разгледувани. Да беше така не ќе трескаше глупости. Но можеби ти е простено, не се тоа твои глупости туку некои туѓи, кои тука ги пренесуваш а ниту ги разбираш ниту ти се јасни.
Ако има вистина, таа не зависи од твоето механичко навивање за твојот омилен клуб ФК МПЦ. А ни самиот не знаеш зошто. Колу е понеможна твојата навивачка вистина толку е поислкучива кон другите навивачки групи. Вистината која извкува на сиот глас “јас сум вистината и да немаш други вистини“ е најголемата лага.
Live and let live. Секој има свето право да го избере сопственит пат, никој не смее да му го оспори тоа право. Секој пат кој го критикува туѓиот пат а го велича својот, дефинитивно е погрешниот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom