- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Кога се испитува вистинитоста која состојба на човекот му дава подобро сознание? Кога се ни е погодено или кога сме во страв, недостаток, тешкотија.
Која состојба колку заблуда/отрезнување носи. Може и стравот да води кон заблуди и погрешни сфаќања, сепак како состојба на отрезнување стравот, недостатокот се многу подобри за откривање на вистината отколку задоволеноста. Позната е една реченица од војниците од Прва Светска војна: „Во рововите нема неверници.“
Постои ставка на техничка интелегенција но и ставка на духовна зрелост. Техничката интелегенција нема значење за духовната широчина. Ги има и заостанати племиња кои се диви и повоинствени, а ги има и попитоми и помирољубиви. Има и богати држави кои се поразумни, а ги има и богати држави воинствени и владеачки настроени.
Впрочем која е целта на технолошкиот напредок? За сега овој момент може да се одговори, но како крајна цел нема одговор. Сакаме подобра медицина за да живееме подолго, сакаме подобро земјоделство за полесна/побогата прехрана, сакаме подобра технологија за да видиме тоа што не сме го виделе. И сите задоволства имаат смисла само во сегашноста, немаат крајна осмисленост. Но зошто сето тоа која е крајната цел. Што сакаме со технишко-технолошкиот развој како крајна цел. Сакаме вечно да живееме, сакаме да бидеме целосно независни од секоја закана и опасност. Што значи кога се ќе се собере значи се што сакаме со технолошкиот напредок е ДА СТАНЕМЕ БОГОВИ. И што би било да станеме богови без Бог. Кое ќе биде крајното ултимативно задоволство? Некоја нирвана, блажено мртвило. Немаме потреба од ништо, независни од се, ништо не не засега. Тогаш значи побожноста на религиозниот верник уште во почетокот била во право. Затоа што и верникот настојува да се обожи. Само наместо самостојно простоземско материјално обоготворување кое е впрочем недостижно, христијанското обожување ветува „она кое увото не може да го досегне, окото не може да го види, умот не може да го замисли“. Го дава ветувањето над сите ветувања. Не може да се вети повеќе. Ветува трансцедентност која значи мора и претходно да постоела и која може да се добие само пренесена од трансцедентен вистински и реално присутен Бог.
Дали да се верува или не всушност е многу едноставно.
Луѓето кои не веруваат зошто се плашат да проверат дали Верата во Бог дејствува? Дали навистина кога на Бог ќе му се обратиш тој одговара? И посебно дали свртувањето кон Него дава залог на мир, исполнување, блаженство кое го ветува ВЕДНАШ, како претвкус на идното, а не материјалното ветување по милиони години откако ќе умреме, кое е и недостижно. Ако е бегањето од испит дали верата дејствува затоа што била опиум тогаш значи силата на противотровот е послаба затоа што тој не е вистински. Тој е опиумот кој со моменталните залажувања ги заведува масите подалеку од Вистината во лагата на безбожништвото.

Последно уредено: