Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.272
Панко Брашнаров ако бил сталинист, тогаш што биле Тито и Темпо? Трајко Попов експресно суден заради идејата за независна Македонија и стрелан од УДБА што бил? Злосторник, нели? Ченто го сојспомнуваш, а во неговата влада седеше мојот дедо, татко на мајка ми. Мене ќе ми кажуваш за Ченто??? Ако така гледаш на нештата, тогаш целата плејада Македонски револуционери од пред Втората Светска Војна биле злосторници и ние треба ни „М“ од Македонци да не носиме во нашето име! Не ти е ли срам ова да го пишуваш?
Аман бе ти фамилијарен бизнис ја напраи Македонија, Во рамките на СФРЈ Македонија и Македонци слободно прв пат уште од Александар добија слобода да кажат кои се, кој им е јазикот историјата културата писмото, добија академија на науки, добија опера и балет театри фабрики училишта универзитети болници аеродроми хидроцентрали....
И ти сега овде бладваш дека УДБА стрелала без причина тие што биле за Македонија??
Ептен јака логика!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.801
Поени од реакции
39.083
Сите овие што зборат дека не било убаво се или деца или внуци на луѓе кои не работеле според режимот во тоа време и биле казнети за тоа, ја ги сфаќам дека се огорчени ради тоа, но пак мнозинството од народот е презадоволен од тоа време пошто имал работа и убаво се живеело.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Постар сум од тебе 10-тина години. Жал ми е за неприликите што ги имала твојата фамилија и донекаде ја разбирам твојата омраза. Ама, тоа е недоволно да ме убеди дека сега ми е подобро, а тоа беше темата, нели?
Хахахахахахахаха,значи јас ако сум 50+ тогаш ти си дедо со бела коса.Оди бакнувај си ја сликата на Тито закачена во спална......
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.712
Поени од реакции
6.890
Хахахахахахахаха,значи јас ако сум 50+ тогаш ти си дедо со бела коса.Оди бакнувај си ја сликата на Тито закачена во спална......
Ете, од срце се изнасмеа. Мојата спална нема зошто да те интересира, посебно кога не си присутен во оваа држава.
Имам впечаток дека се обидуваш да наметнеш омраза овде. Отвори нова тема за тоа. Покажи ни како се мрази од далеку
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Аман бе ти фамилијарен бизнис ја напраи Македонија, Во рамките на СФРЈ Македонија и Македонци слободно прв пат уште од Александар добија слобода да кажат кои се, кој им е јазикот историјата културата писмото, добија академија на науки, добија опера и балет театри фабрики училишта универзитети болници аеродроми хидроцентрали....
И ти сега овде бладваш дека УДБА стрелала без причина тие што биле за Македонија??
Ептен јака логика!
Таа слобода од СФРЈ беше лимитирана и на мала лажичка давана. За тоа и имаше поборници за Независна Македонија уште тогаш. Од поново време ќе ти го спомнам само Драган Богдановски. Цел живот малтретиран поради идејата за независна Македонија. Како него и пред него имало многу кои страдале и пострадале. Не можеш да ги занемариш, колку и да се трудиш и колку и да се обидуваш да ги оцрниш. Тие се и ќе останат Македонски слободоњубиви патриоти, пример за секој национално свесен Македонец.
И не се работи за логика. Колку и да си глупав ќе ги видиш фактите ако имаш барем 2 грама мозок! Судења без адвокати и право на одбрана, без право на жалба по пресудите се фер и праведни судења според тебе? Ви име на што? На глупоста наречена „братство и единство“ кое никогаш во пракса и реалност не постоеше а толку се алудираше на него? СФРЈ била добра за измиени мозоци убедени дека без СФРЈ ќе пропаднат. И ок им е убедувањето, пропаѓаат секако само што единствено плачењето и кукањето по времето на ќопавиот им останува и ништо повеќе. Мжете да плачете, да плукате по денешницата и да жалите по минатото, арно ама тоа е единственото што можете да го сторите сите вие југоносталгичари. Малцинство сте, и тоа занемарливо.
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Гледам со бананава од држава како ни оди. Федерализација, тензии, и во друштво на уште една бонитас банана-држава во која врие од потенцијални кандидати за влез во ИСИС. Барем во Југославија тоа ќе го немаше досега и немаше да има уште ред други работи.

И дајте поштедете нè од приказните за УДБА и ред други работи. Као демек овие работи денеска ги нема нели, овие од ВеМеРоТо и ЕсДеЕсТо се цвеќиња за мирисање. Не ми е јасно само како некои луѓе потпаѓаат под влијанието на овие глупости кои му ги сервираат луѓе кои не се нешто поразлични од УДБА и.т.н.
 
Извини, кој е во Независна Република Македонија до сега осуден на долгогодишен затвор или стрелан заради „антидржавно“ делување?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.272
Таа слобода од СФРЈ беше лимитирана и на мала лажичка давана. За тоа и имаше поборници за Независна Македонија уште тогаш. Од поново време ќе ти го спомнам само Драган Богдановски. Цел живот малтретиран поради идејата за независна Македонија. Како него и пред него имало многу кои страдале и пострадале. Не можеш да ги занемариш, колку и да се трудиш и колку и да се обидуваш да ги оцрниш. Тие се и ќе останат Македонски слободоњубиви патриоти, пример за секој национално свесен Македонец.
Tи си во предност и полесно ти е пошто можеш да наброиш дестина луѓе по име и презиме кои се залагаа за самостојна Македонија во време на СФРЈ, јас не ги знам имињата на сите 2 милиони кои не се залагаа.
Еве сме 3 децении во независна Македонија и слободата не е на лајче веќе туку на пипета - капка по капка. Работнички права - немаш, права на слободно изразување по медиуми без страв дека ќе бидеш отпуштен, удавен во кофа држан противзаконски во притвор или претепан - немаш, право да имаме наше национално знаме - немаме, право да се грижиме и споменуваме македонци и македонски територии надвор од републиката - немаме, право да сами одлучуваме за нашата одбрана и војска - немаме, право да на цела територија се вее знаме и пее химна на државата - немаме право да се изјаснуваме меѓународно со нашето име - немаме.....
во СФРЈ МАкедонија беше послободна понапредна помирна и побогата земја.
Денес немаме ништо ново добро а изгубивме се старо добро[DOUBLEPOST=1437682107][/DOUBLEPOST]
Извини, кој е во Независна Република Македонија до сега осуден на долгогодишен затвор или стрелан заради „антидржавно“ делување?
Ахмети, Командантите негови и борците на УЧК, Талал....
сите тие шо се кренале да го рушат уставот и поредокот се осудени и стрелани
 
B

Borg_Drone

Гостин
Извини, кој е во Независна Република Македонија до сега осуден на долгогодишен затвор или стрелан заради „антидржавно“ делување?
Тоа се крајно глупави паралели зошто тогаш владееле едни правила на игра а денеска владеат други правила на игра. Денеска играта од помоќните се игра на поинаков начин али еден останува фактот а тоа е дека и едните и другите кога ќе си дојдат на власт си играат како што сакаат и прават милион гомнарии како што тогаш правеле на времето некои други со една мала разлика. Денеска државата сигурно не ни е побезбедна и сигурно дека западниве демократии (кои ги наметнуваат тие приказни за „комунизмот е лош, во капитализмот се живее подобро“) не се нешто подобри од Југославија. Виде и самиот што се случи со еден Сноуден, човек кој ги откри глупостите на Америка......Али тоа е друга тема.
А и тука се уништени еден куп животи. Можеби сега нема стрелања на ѕид и нема доживотни затвори за предавство (што го има по многу други западни демократски држави и ден денес) али се уништуваат животи на сосем друг начин со сосем поинаква метода.

Да беше Македонија сега понапредна држава можеби и ќе поверував на овие приказни али нажалост на Македонија денеска и оди уште полошо и на економски и на безбедносен план.

Јас барем ништо убаво не осетив од ова време, ако ти си осетил нешто добро тогаш во ред, ама мнозинството не го дели твоето мислење.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Ете, од срце се изнасмеа. Мојата спална нема зошто да те интересира, посебно кога не си присутен во оваа држава.
Имам впечаток дека се обидуваш да наметнеш омраза овде. Отвори нова тема за тоа. Покажи ни како се мрази од далеку
Се гледа кој се обидува да наметне омраза.Да јас не сум присутен во државата.И сега што?Има трагедија во сета таа ситуација?Јас би рекол не.

Не чекам ниту Грујо ниту Зајко да ми затропаат дома за работа.И не го очекувам тоа од нив.Изгледа вие југоносталгичарите го очекувате тоа да државата ви даде нешто.

Ајде да ја завртиме темата обратно,може ли?Што придонесовте вие за таа југославија и зошто дозволивте да се распадне,ако се беше во ред?Немој да ме убедуваш со некои твои филозофии,ок.Одговори кратко и јасно.Зошто?Ако беше се во ред,зошто се распадна?

Се знае колку се живеело убаво.Затоа крајот на 60-те и Белградските демонстрации на студентите беа искра која беше готова да го запали повторно Балканското буре барут.Затоа чопавиот загорец ги отвори границите кон Запад.Зошто?Зошто беше се во ред,или зошто почна да смрди цела држава

Или 72-ра кога влезе терористичката организација во близина на Сплит или случај радуша 72 кога ОЗНА е фатена на спиење.

Имаше фантастично абнормален долг од 22 милијарди долари земја која имаше производство,барем вие така кажувате.Е како е можно со производство да се има долг од 22 милијарди долари,ај објасни ми....

Се к***еше комунистичката буржоазија со вили на море и одмори во странство додека рајата мака мачеше со инфлацијата која беше огромна.Со години проблемите на Косово и Македонија се ставаа под тепих,се смешкаа еден со друг.Тоа го имаат постарите генерации многу брзо заборавено,така?Јас имам одено во Косово во 80-те.Уште тогаш се гледаше дека нешто не чини,ама се беше само една јака шминка и ништо повеке.....

Тоа што сте добивале општествени станови келепур и сте оделе на одмор во работничките одморалишта со 3кг домати сте мислеле дека сте го достигнале плафонот ли?Е сега нема келепур станови и работнички одморалишта на 12 рати.Тоа ви недостасува така ли?Келепур и крлеж на терет на државата.Само да се краде и граба.Е сега кога други почнаа да грабаат,а за вас остана палецот во уста,сега ке плачеме за југославија.......

Создадовте килава држава на климави нозе со некој си квази социјализам и демек братство единство.Се виде вашето братство и едниство 91-ва.Ги извадивте пушките и почнавте да се колите мегу себе.Зошто не останавте присебни и не ја сочувавте,а?

Каде бевте 91-ва кога северните комшии ги ставаа кокардите на нивните титовки,а?Каде бевте кога хрватите ги ставаа нинвите шаховници на нивните титовки,а?Тогаш се криевте по дупки и подруми да не ве соберат да се борите за туги интереси.Зошто тогаш не бевте патриоти и југословени па не отидовте да ги браните т.н придобивки од НОВ,а?

Сега кога се сменија работите од корен,и тоа не само кај нас него на целиот Балкан,а е производ на таа глупава политика од пред 90-та,сега ај ке жалиме по нешто што не постои веке 25 години....

Јас сум воспитан да не чекам келепур ниту милостиња од никого.Сам си го печалам лебот,вака или онака јас си знам како.Не живеам во илузија ниту жалам за едно поминато време кое не е вредно да се спомене........
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.712
Поени од реакции
6.890
Колку си изнапишал, од љубов е најверојатно, а не од омраза.
Нема трагедија што не си во државава, не се грижи
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Панко Брашнаров ако бил сталинист, тогаш што биле Тито и Темпо? Трајко Попов експресно суден заради идејата за независна Македонија и стрелан од УДБА што бил? Злосторник, нели? Ченто го спомнуваш, а во неговата влада седеше мојот дедо, татко на мајка ми. Мене ќе ми кажуваш за Ченто??? Ако така гледаш на нештата, тогаш целата плејада Македонски револуционери од пред Втората Светска Војна биле злосторници и ние треба ни „М“ од Македонци да не носиме во нашето име!
Сите се палите ко млади мајмуни на тоа дека биле убивани затоа што биле за Независна Македонија. Она што не го знаете е дека годините после втората светска војна, се до периодот додека не умре Сталин, се водеше тивка војна помеѓу Сталин и западот т.е комунизам vs. капитализам.
Знаете ли дека сите земји што ги "ослободи" црвената армија во суштина беа под окупација на СССР ?
Исто така знаете ли дека црвената армија била на границите со Југославија т.е Романија и Бугарија т.е на границата со Македонија и Србија ?
Исто така знаете ли дека Југославија била на прагот да има крвав судир со СССР, бидејќи Тито не играл по нотите на Сталин ?
Во тој момент на Југославија и било потребно единство, а идеи за независна Македонија го попречувале тоа, сигурен сум дека и од другите држави има убиено луѓе што се залагале за независни држави. Независноста државите ја добиле подоцна со новиот устав на Југославија од 70- и некоја.
 
M

Moon Child

Гостин
Јас во реалниот живот, никогаш не сум стапила во конаткт со некој што бил на голи оток, или некој од неговата фамилија била на голи оток. Само по форуми и интернет среќавам такви. Ниту сум слушнала баба ми, и мајка ми кои живееле во тоа време, да се живи сведоци за некој што бил таму.
А по форуми секој втор има од фамилијата некој што бил прогонет од режимот и испратен таму. Се патриот до патриот, сите гинеле за идејата за слободна Македонија. Какви идиотштини се нема човек да се изначита.
Јас некогаш се подзамислувам што би било со Македонија, ако после втората светска војна се извлекла како независна држава и руинирана сама продолжела даље. Во какви примитивни услови ќе живееле луѓето, уште и Македонецот неснаодлив изгубен во свемирот, и лесно потпаѓа под влијание, половината од овие патриоти овде на форумов сега ќе беа горди Бугари или којзнае што.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.064
Поени од реакции
6.676
Таа слобода од СФРЈ беше лимитирана и на мала лажичка давана. За тоа и имаше поборници за Независна Македонија уште тогаш. Од поново време ќе ти го спомнам само Драган Богдановски. Цел живот малтретиран поради идејата за независна Македонија. Како него и пред него имало многу кои страдале и пострадале. Не можеш да ги занемариш, колку и да се трудиш и колку и да се обидуваш да ги оцрниш. Тие се и ќе останат Македонски слободоњубиви патриоти, пример за секој национално свесен Македонец.
И не се работи за логика. Колку и да си глупав ќе ги видиш фактите ако имаш барем 2 грама мозок! Судења без адвокати и право на одбрана, без право на жалба по пресудите се фер и праведни судења според тебе? Ви име на што? На глупоста наречена „братство и единство“ кое никогаш во пракса и реалност не постоеше а толку се алудираше на него? СФРЈ била добра за измиени мозоци убедени дека без СФРЈ ќе пропаднат. И ок им е убедувањето, пропаѓаат секако само што единствено плачењето и кукањето по времето на ќопавиот им останува и ништо повеќе. Мжете да плачете, да плукате по денешницата и да жалите по минатото, арно ама тоа е единственото што можете да го сторите сите вие југоносталгичари. Малцинство сте, и тоа занемарливо.
се гледаат поборниците за Независна Македонија,од држава со добри и многу добри институции,како и стандард на граѓанинот станавме обична вукојебина...................Македонците се сам себе убијал,доказ се и сите на темата кои пробале да побијат дека Македонија има независна држава од 45та наваму[DOUBLEPOST=1437686610][/DOUBLEPOST]
Јас во реалниот живот, никогаш не сум стапила во конаткт со некој што бил на голи оток, или некој од неговата фамилија била на голи оток. Само по форуми и интернет среќавам такви. Ниту сум слушнала баба ми, и мајка ми кои живееле во тоа време, да се живи сведоци за некој што бил таму.
А по форуми секој втор има од фамилијата некој што бил прогонет од режимот и испратен таму. Се патриот до патриот, сите гинеле за идејата за слободна Македонија. Какви идиотштини се нема човек да се изначита.
Јас некогаш се подзамислувам што би било со Македонија, ако после втората светска војна се извлекла како независна држава и руинирана сама продолжела даље. Во какви примитивни услови ќе живееле луѓето, уште и Македонецот неснаодлив изгубен во свемирот, и лесно потпаѓа под влијание, половината од овие патриоти овде на форумов сега ќе беа горди Бугари или којзнае што.
што не ќе направат и измислат само да се пикнат да цицаат на државна/народна цицка,се лупаат сами в гради,нема никој жив да потврди тоа што го тврдат превариве
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јас во реалниот живот, никогаш не сум стапила во конаткт со некој што бил на голи оток, или некој од неговата фамилија била на голи оток. Само по форуми и интернет среќавам такви. Ниту сум слушнала баба ми, и мајка ми кои живееле во тоа време, да се живи сведоци за некој што бил таму.
А по форуми секој втор има од фамилијата некој што бил прогонет од режимот и испратен таму. Се патриот до патриот, сите гинеле за идејата за слободна Македонија. Какви идиотштини се нема човек да се изначита.
Јас некогаш се подзамислувам што би било со Македонија, ако после втората светска војна се извлекла како независна држава и руинирана сама продолжела даље. Во какви примитивни услови ќе живееле луѓето, уште и Македонецот неснаодлив изгубен во свемирот, и лесно потпаѓа под влијание, половината од овие патриоти овде на форумов сега ќе беа горди Бугари или којзнае што.
Половина од патриотите сеуште ќе клечеа на два камења, ќе пасеа овци, ќе правеа компензации (х јагниња за 10 кила жито) и ќе имаа 25-30 први братучеди.
Ќе доаѓаат странци од запад и ќе ни даваат да пробаме сладолед и цела наша реакција ќе биде пренесена на youtube, каде после X години некој ќе може да си го види прадедо му
 
Kajgana Shop

На врв Bottom