Ете, од срце се изнасмеа. Мојата спална нема зошто да те интересира, посебно кога не си присутен во оваа држава.
Имам впечаток дека се обидуваш да наметнеш омраза овде. Отвори нова тема за тоа. Покажи ни како се мрази од далеку
Се гледа кој се обидува да наметне омраза.Да јас не сум присутен во државата.И сега што?Има трагедија во сета таа ситуација?Јас би рекол не.
Не чекам ниту Грујо ниту Зајко да ми затропаат дома за работа.И не го очекувам тоа од нив.Изгледа вие југоносталгичарите го очекувате тоа да државата ви даде нешто.
Ајде да ја завртиме темата обратно,може ли?Што придонесовте вие за таа југославија и зошто дозволивте да се распадне,ако се беше во ред?Немој да ме убедуваш со некои твои филозофии,ок.Одговори кратко и јасно.Зошто?Ако беше се во ред,зошто се распадна?
Се знае колку се живеело убаво.Затоа крајот на 60-те и Белградските демонстрации на студентите беа искра која беше готова да го запали повторно Балканското буре барут.Затоа чопавиот загорец ги отвори границите кон Запад.Зошто?Зошто беше се во ред,или зошто почна да смрди цела држава
Или 72-ра кога влезе терористичката организација во близина на Сплит или случај радуша 72 кога ОЗНА е фатена на спиење.
Имаше фантастично абнормален долг од 22 милијарди долари земја која имаше производство,барем вие така кажувате.Е како е можно со производство да се има долг од 22 милијарди долари,ај објасни ми....
Се к***еше комунистичката буржоазија со вили на море и одмори во странство додека рајата мака мачеше со инфлацијата која беше огромна.Со години проблемите на Косово и Македонија се ставаа под тепих,се смешкаа еден со друг.Тоа го имаат постарите генерации многу брзо заборавено,така?Јас имам одено во Косово во 80-те.Уште тогаш се гледаше дека нешто не чини,ама се беше само една јака шминка и ништо повеке.....
Тоа што сте добивале општествени станови келепур и сте оделе на одмор во работничките одморалишта со 3кг домати сте мислеле дека сте го достигнале плафонот ли?Е сега нема келепур станови и работнички одморалишта на 12 рати.Тоа ви недостасува така ли?Келепур и крлеж на терет на државата.Само да се краде и граба.Е сега кога други почнаа да грабаат,а за вас остана палецот во уста,сега ке плачеме за југославија.......
Создадовте килава држава на климави нозе со некој си квази социјализам и демек братство единство.Се виде вашето братство и едниство 91-ва.Ги извадивте пушките и почнавте да се колите мегу себе.Зошто не останавте присебни и не ја сочувавте,а?
Каде бевте 91-ва кога северните комшии ги ставаа кокардите на нивните титовки,а?Каде бевте кога хрватите ги ставаа нинвите шаховници на нивните титовки,а?Тогаш се криевте по дупки и подруми да не ве соберат да се борите за туги интереси.Зошто тогаш не бевте патриоти и југословени па не отидовте да ги браните т.н придобивки од НОВ,а?
Сега кога се сменија работите од корен,и тоа не само кај нас него на целиот Балкан,а е производ на таа глупава политика од пред 90-та,сега ај ке жалиме по нешто што не постои веке 25 години....
Јас сум воспитан да не чекам келепур ниту милостиња од никого.Сам си го печалам лебот,вака или онака јас си знам како.Не живеам во илузија ниту жалам за едно поминато време кое не е вредно да се спомене........