А бе кој живеел подобро алооооо?Дефинирај ја таргет групата во таа држава,разбираш ли.И што подразбираш под подобро живеење?
Разликата помегу мене и тебе е голема.Ти си воспитан да ја сакаш србославија,а јас сум воспитан да ја сакам Македонија.Ете во тоа е разликата помегу мене и тебе.А за оденсувањето може да се види од твоите постови.
Во мојата фамилија никој не бил воспитан да ја сака таа држава.Затоа и гниеле на Голи Оток.А зошто?Да ти кажам јас зошто.Кога ке ти одземат се што е печалено со векови од твоите предци од комуњарите,и да те стават на дереџе да страдаш за леб тогаш јас и ти можеме да разговараме.
Затоа не ја напнувај темата,ок.......
Обичниот граѓанин и работник живеел подобро.
Денеска граѓанин и работник не постои. Постојат робови и експлоататори. Постојат странски инвеститори, кои доаѓаат кај нас да отвараат фабрики, затоа што никој во Европа и светот не работи за 150 евра плата и е среќен поради тоа. Постојат Македонски газди на претпријатија, кои не те пријавуваат за вработен, и со тоа не добиваш здравствено осигурување. Или те осигурува на пола работно време.
Во времето на Југославија, немало училишта кои носеле имиња на Хасан Приштина, и останати борци за Велика Албанија, училиштата се викаа Васил Главинов, Кочо Рацин, Блаже Конески, Гоце Делчев, ЈХК Џинот итн. Сега не се викаат повеќе така. Сега ги преименуваа, и никој не писна.
Во времето на Југославија немало министер кој пред 10 години ја тероризирал таа земја. Сега има и е/беше министер за одбрана.
Во времето на Југославија немаше директорчиња кои си играа курташак со фабриките и работничките права. Татко ми работеше, и беше акционер во фабриката каде работеше. Обичен работник, поседуваше одреден дел од акциите, и ако не сите, повеќето работници таму беа акционери. Под присила ги продадоа акциите на директорот, селанец со основно одделение, од село Смиловци, кој ја разеба фабриката, и платите од 300 евра, ги симна на 100, го смали производството и ги избрка пола и повеќе работници. Татко ми сега во оваа Македонија е таксиста на 50 години.
Познавам уште еден куп такви човечки судбини. Од први комшии, до роднини. Од работници во Порцеланка, до работници во Ветекс, Свилара, Жито Вардар, и останати Велешки гиганти од времето од кои сега е останато рушевини, продадени во сомнителни приватизации, на сомнителни газди.
Тоа што некогаш се ценел трудот, и што трудољубивиот напредувал, сега напредуваат луѓе кои незнаат да бекнат на македонски јазик, и луѓе кои се дежурни по штабовите и мафтачи по митинзи.
И не е само во Македонија, еве јас во Црна Гора живеам, луѓето и овде патат и страдаат за Југославија, за тоа време. И овде после распадот се распродадени гиганти, затворени фабрики и северот од земјава дише на шкрги. Младите бегаат према југ, или по Европа. Лугето во таа Југославија купувале куќи и викендички на приморје. Денес луѓето неможат до плац да се докопаат.
Мојот сопруг е од Република Српска, Босна и Херцеговина. Несакаш да знаеш какви ужасии ми има раскажувано што со свои очи гледал, што се слуучувало во војната после распадот на Југославија. Со свои очи гледал како куќата им гори до темел, и како мајка му со него мал, брат му и трудна со трето дете, бегала пешки од Тузла до Добој. Уште памти како додека бегале, гледал цела планина во пламен.Памти како по било по камповите, и сето тоа ми го има раскажувано. Сето тоа не се случило додека Југославија траела, туку веднаш после неа. Додека Југославија траела, мајка ми, со своите две сестри, со воз од Велес до границата на Словенија со Австрија била да го посети татко ми во војска, успут се шетале по Хрватска и биле да преспијат кај девојка што се допишувала со тетка ми, а која предходно никогаш ја немале запознаено. Оди сега проговори на пат со некој што не го познаваш.. Сами три женски од по 18 години. Тргни сега во 2015 година да те видам, ќе те расчеречат жив и ќе те продадат, едниот бубрег во Дубаи, другиот во Катар, или којзнае каде ќе те лапне темницата, а уште од Македонска граница не си излегол.