Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Фалкао за Меси:
- Ако постигне еден гол, зошто не постигна два. Ако постигне еврогол, противникот не направил доволно. Ако има само една асиситенција, мора да биде вклучен повеќе во играта. Ако издрибла неколку противнички дефанзивци, тие не се играчи од врвно ниво. Ако постигне гол од слободен удар, живиот ѕид не бил добро наместен. Ако постигне гол на едно финале, претходно натпреварот веќе бил решен. Ако ја освои „Златната топка“, таа требала да му припадне на друг. Ако те претрча уште на стартот, дефанзивецот тргнал многу касно. Ако не се брани доволно, не е играч кој игра за тимот. Ако одигра еден лош натпревар, тој е просечен играч. Ако постигне гол за Барселона а не за Аргентина, не ги чувствува доволно боите на националната селекција. Ако освои се на клупско ниво, сите се прашуваат зошто тоа не го прави и со Аргентина. Ако освои нешто со репрезентацијата (Олимписки игри), му фали Мундијалот. Ако постигне хет-трик, одбраната била ужасна. Ако постигне пет гола, можел да постигне и 7 против таа лоша одбрана. Ако не поздрави едно дете зошто не го видел, тој е лош човек. Ако Барселона е елиминирана од некое натпреварување, само тој е виновен. Ако на Аргентина не и оди, само тој е виновен. Еве ова е животот на Лионел Андрес Меси Кучитини. Ова им е секојдневниот план. На крајот на краиштата, само луѓе што малку разбираат добар фудбал можат да пронајдат аргумент за да ја доведат во прашање твојата работа и твојата големина. Ние се обидуваме да ги чуваме и да ги запаметиме сите твои акции, бидејќи знаеме дека за 15 години ќе ги гледаме видеата и сликите од твоите голови и прослави. За среќа, кога ќе го правиме тоа, ќе можеме да кажеме дека: НИЕ БЕВМЕ ДЕЛ ОД ЕРАТА НА МЕСИ :cuc:
 
Не реков дека ќе мењаме формација само за да игра Туран. Ама Раќитич кој сезонава ни беше најдобар средњак да седи ради Туран на клупа не верувам. Ако се сеќавате добро и оваа сезона Енрике пробуваше со МСН + Педро.. Зашо да не и годинава.
Ќе видиме како ќе биде, само знам дека ќе има многу ротации.
 
Еве вака. За една недела се одржуваат избори на кои се бира претседател на клубот. Има 4ца кандидати, но се очекува битката да се води главно меѓу актуелниот претседател Бартомеу и поранешниот претседател Лапорта, кој оваа функција ја изршуваше од 2003 до 2010 година. (најново што прочитав е дека Лапорта им нудел на другите двајца кандидати да настапуваат заедно како еден кандидат, со цел да се зголемат шансите да го симнат Бартомеу од позицијата која тој ја извршува после оставката на кретенот Росељ)
Овие избори се едни од најочекуваните досега, не само во текот на кампањата, туку уште од пред година ипол и повеќе, кога навивачите постојано покажуваа незадоволство од страна на актуелното раководство(Росељ и Бартомеу). Кога конечно Росељ си поднесе оставка, сите очекувавме избори, ама наместо тоа, во претседателската фотелја седна неговата десна рака Бартомеу. Сите бевме против него на почетокот и се бараше од него да се распишат предвремени избори. По ланските засилувања(Матје, Вермален, Ракитич, Суарез, Рафиња, Деулофеу) отпорот против Бартомеу малку стивна се до декември/јануари, кога клубот западна во резултатска криза и барањата за оставка и избори стануваа се поголеми. Тоа резултираше со отказ за спортскиот директор Зубизарета, со заминување на Пујол од клубската администрација, но не и со оставка на Бартомеу. Наместо тоа, Бартомеу соопшти дека ова лето ќе има избори за претседател.
И тогаш веќе сите го видоа крајот на Бартомеу, огромен број навивачи бараа Лапорта да се врати во клубот. Лапорта го прифати предизвикот и соопшти дека ќе влезе во претседателска трка на лето, со оглед на тоа што најголем дел од навивачите го сакаа него за нов претседател, а подршката за Бартомеу беше минимална.
Но, од јануари наваму, се случи тоа што се случи, тимот влезе во страшна форма, играчите се воиграа, почнаа да мелат се пред себе, клубот освои тројна круна, т.е. се што можеше да се освои досега.
И во тој момент, работите се сменија. Сега гледаме дека Бартомеу е повторно фаворит(не изразит фаворит, ама има повисок рејтинг од Лапорта) и мислам дека ќе победи на изборите.

Што мислите за ова? Дали Бартомеу заслужува да продолжи да го води клубот, или пак навивачите(socis) на Барселона многу бргу забораваат(после оваа тројна круна), па иако пред само неколку месеци се бараше заминување на Бартомеу и враќање на Лапорта, сега повторно Бартомеу ужива поддршка од огромен број фанови. Дали Бартомеу има заслуга за освоените трофеи оваа сезона, или таа заслуга е само на играчите и стручниот штаб?
:)
 
Тројната беше сплет на околности , едноставно се се вклопи на своето место и освоивме , во никој случај не е заслуга на Бартомеу. Не гледам како би било заслуга на Бартомеу , а да не биде заслуга и на Росел. Мислам дека Лапорта го колне денот кога ни тргна и газевме се пред себе. :D

Росел и Бартомеу фрлија срам на клубот со малверзацијата во трансферот на Нејмар , и мислам дека не заслужува Бартомеу шанса. Јас ако би гласал со двете раце би заокружил за Лапорта. Успехот во негово време во никој случај неможе да се спореди со оваа една единствена сезона , иако би можел да продолжи , не викам не. Плус не ја заборавајте срамната сезона со Тата Мартино , едноставно беше обична марионета типот без никаков авторитет. Сите го знаеме како Лапорта работи , и мислам дека нема ништо да недостасува од ова што го имаме сега.
 
Педро најверојатно ќе потпише за Челзи.Многу кратки ќе бидеме во нападот ако си оди.Барем уште сезонава да останеше.Не може Мунир да ни биде 4 ти играч во нападот.Лошо (n)
 
Росел и Бартомеу фрлија срам на клубот со малверзацијата во трансферот на Нејмар , и мислам дека не заслужува Бартомеу шанса.
Не гледам како е направена малверзација со трансферот. Барса платила оштета за фудбалерот 40м евра од тие пари одреден процент одат за третата страна што имала дел од правата за Нејмар.

Останатите што се платени не се обештетување за трансферот и тие ниту еден клуб не ги кажува колку изнесуваат, како провизии за посредниците (менаџерите) и останати бонуси и клаузули. Понекогаш тие влегуваат во овие пари што се за обештетување, платени на клубот што го има договорот но најчесто се дополнителни трошоци за клубовите шо сакаат да потпишат некој фудбалер.
 
За оние кои не ја погледнале презентацијата на Арда на Кампот
 
Вака насмеан играч при презентација и све тоа одамна не сум видел, просто лета целиот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom