Ова не и никаков доказ дека Бог не постои, бидејќи аргументот на "гладните деца во Африка" единствено е врзан и ограничен на неколку концепти на Бог. Како на пример Христијанството. Земи го на пример Јудаизмот, каде Бог е безмилосен кон своите креации и ги казнува за нивните гревови, или гревовите на нивните предци (кои патем се наследуваат) со потопи, огнени дождови, менструации и сл. Таков Бог веројатно би немал никаков проблем или контрадикција со децава на сликава која си ја ставил.
Имаш концепти на божества, кои во објаснувањето на проблемот со злото ја имаат вметнато кармата како механизам за спроведување на правдата и наплата на огрешеноста, во тековниот или наредниот живот ( реинкарнација).
Негација не се докажува, но негирањето на постоењето на Бог е сепак, во најмала рака наивно. Најздраворазумно е да се остави простор за двете можности.
За некого доволно е единствено да ја набљудува природата, светот, Човекот, Универзумот. И тоа му е единствен "доказ", иако субјективен, дека нештата не се баш толку случајни и дека се работи за интелигентен дизајн, а не обичен блесок на материјата или пак самоструктуирање на аминокиселините.