Докажете дека постои вашиот бог!

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
На пример ако јас
ги негирам и осудувам твоите верувања и ти ја наметнувам мојата религија како вистинска, би требало да ти докажам дека мојот бог постои.
А атеизмот е нова религија - нова група луѓе што веруваат горе долу во истото и сакаат сите да ги направат како себе си, да им наметнат свој убедувања и верувања и да станат што повеќе.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Потполно неточно. Ниту е религија ни пробува некој да наметне некому атеизам. Сакаш, си одлучила да веруваш.... верувај, не ме ставај само во твојата приказна.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

Јас не сум атеист, не наметнувам никакви мои убедувања на никого во поглед на верувањето и не сум сретнал некој атеист да проба да ме разубеди во нешто, иако сум имал дебати на темава. (не велам дека нема такви)
 
Jас ги оставам сите,
Јас не отварам тема со наслов Еј ти! зошто не веруваш во мојот Бог? Докажи ми дека си во право. Немам побарано до сега од никого да ми ги докажува своите убедувања. А секој атеист во моја близина се обидел барем еднаш да ми смени мислење.
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Потполно неточно. Ниту е религија нипробува некој да наметне некому атеизам. Сакаш, си одлучила да веруваш.... верувај, не ме ставај само во твојата приказна.
Точно така. Според мене ова е вистинскиот пристап. За разлика од пристапот „секој што е верник е глупав пошто верува во невидливи сили и измислени прикаски“.

Јас кога го прочитав привот пост од темава, одма ми дојде како да се наметнува атеизам или неговата супериорност над теистите кои според ОП немаат доказ во тоа што го веруваат туку се нестрижени овци што веруваат на „слепо“.

Е ваквите докажувања се најлоши и во историјата па и денес предизвикуваат војни од типот „мојот Бог е бољи од твојот Бог“.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Јас не сум атеист, не наметнувам никакви мои убедувања на никого во поглед на верувањето и не сум сретнал некој атеист да проба да ме разубеди во нешто, иако сум имал дебати на темава. (не велам дека нема такви)
Знам
Него тврдиш дека проблемите почнуваат кога некој што верува сака да убеди некој што не верува. А обратно не е? Мислам дека има во двете насоки, а овие не се ништо друго осем засебна група луѓе со ист став за духовното = нова религија без бог
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Знам
Него тврдиш дека проблемите почнуваат кога некој што верува сака да убеди некој што не верува. А обратно не е? Мислам дека има во двете насоки, а овие не се ништо друго осем засебна група луѓе со ист став за духовното = нова религија без бог
Значи погрешно ме сфати.
Проблемите почнуваат кога некој што верува во нешто или некој што не верува во ништо, сака да убеди некој што верува во нешто друго или што не верува во ништо.
Примери:
христијанин убедува муслиман дека Алах е лажен Бог, а Господ Бог е вистинскиот.
муслиман убедува христијанин дека Господ Бог е лажниот, а Алах е вистинскиот.
Атеист ги убедува сите други дека никаков Бог не постои.
Сите други го убедуваат атеистот дека нивниот Бог постои.
итн итн....(стави која било вера)

Поентата ми е секој да го остави секого друг да си верува (или не верува) во неговото без никакво убедување.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Jас ги оставам сите,
Јас не отварам тема со наслов Еј ти! зошто не веруваш во мојот Бог? Докажи ми дека си во право. Немам побарано до сега од никого да ми ги докажува своите убедувања. А секој атеист во моја близина се обидел барем еднаш да ми смени мислење.
Не, не ги оставаш. Еве сега атеизмот го класифицираш религија што не е и не може да биде. Друга работа колку околу тебе атеисти пробале да ти сменат мислење 3 пати по толку мене верници пробале да ми сменат мислење, значи твојава “теорија“ не држи.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не, не ги оставаш. Еве сега атеизмот го класифицираш религија што не е и не може да биде. Друга работа колку околу тебе атеисти пробале да ти сменат мислење 3 пати по толку мене верници пробале да ми сменат мислење, значи твојава “теорија“ не држи.
Јас ги оставам сите на мира, се однесуваше на мене лично. Незнам ич за другите обични христијани дали ве оставаат на мира или за привидните „христијани“, или за некој што се наполнил со гордост зошто е христијанин - таквиот е во полоша духовна состојба од тебе илјадници пати.

Тоа што јас сметам дека вие како атеисти сте сите во истата каша и дека веќе делувате како заедничка свест е мое мислење и не те разубедувам да не бидеш атеист, биди си. Ама јас сум во право-во врска дека е религија. Вие сте засебна група луѓе со ист поглед на духовното, се браните еден со друг и се трудите да ги убедите барем тие што ги сакате дека вистинско е тоа што го знаете и нема друг пат. Ова се во главно цртите на сите религии. Не сте нешто различно од нас, и не дека неможете со своето натегање дека ништо не постои да предизвикате некоја војна. Можете исто колку нашиве, и во иднина ќе можете уште повеќе.Мислиш твоето убедување нема да изроди такви што ќе направат масакр некаде? Ќе роди. Најголемата лага на ѓаволот е што ги убедил луѓето дека не постои.

Види мое мислење да нагласам
Бог постои, Христос е Бог. Што се вика кој има уши нека чуе. Да бидам поблиску до Христос, не можам сама мора да бидам во православната црква со сите мои луѓе.
Религијата не е Бог. Како мојата така и другите имаат луѓе што тежнеат кон добро правење, никому зло, и мирен живот. Има луѓе измамници што користат за пари. Има зли луѓе што ја користат својата религија како штит и како оправдание за злодела.
Сите три врсти луѓе ги има и кај атеистите. Истото ќе го прават. Утре после некој масакар ќе речиш оној не е атеист, атеистите се добри луѓе само сакаат лудилото да престане со убивањето едни со други. Да ти кажам нешто што не знаеш? Никој не убил заради религијата, религиите се само алиби за убиствата.
 
Не, не си во право. Сега јас да ти речам Исус бил автолимар или ај.... да не речам друг збор, или за Дева марија...... и во право сум така нели? Ако речам дека православието е погрешно и во право сум, така нели? Е па не е. Значи ако е тве мислење е само твое мислење, а не дека си во право.

А каква е тоа мојата “духовна состојба“? А каква е твојата? Кој е тој “ист поглед на духовното“? Ќе бидеш љубезна да објасниш што е тоа духовност и “духовна состојба“?
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.897
Поени од реакции
21.856

Moни Тфоја
Види као прво што збориш : D Ѓавол постои, како па да не,ајде докажи.
А и да има некој семоќан како што викате ви, кој га стфорија овј сфет и нас, живи горе на небо и не се види и е врхован господ на сфи религие, тој уреду, ок(иако ја ич не верују). Али како бе можете да веруете у приказне за деца,рај и пекол, адам и ева, ангели и демони, ѓаволи и глупости.Мучиф ве сфетци : D
Наслоф на тему е да докаеш дека постои тфој господ. Ајде докажи! Ја ке ти дам миљон и триста дваес шес причине сс кои ке ти докажу дека господ не постои.
И како тој викаш дека Џизс е бог, а нели устфари според вас бог га создаја сфет, а ја како што знам сфет постои миљарда године пред Исуса. Не ли сфаќате дека сфака религија е намештаљка од големи људи кои га контролираф овј сфет од пирамиде па наамо.
Еве тија људи верувале у Амон Ра, грци верувале у Зевса, куде су ск тија богови, изумреле? : D
Од куде знаеш дека за миљон године Исус ке биде само мит како Херкул и осталу багру што живеале на Олимп. Нели Херкул бија пола човек пола бог, исто како Исуса.
 
Не ти кажав јас дали си во право или не си.
Духовно е она што знаеме дека постои не го гледаме го чувствуваме, ако не веруваш сигурно си доживеал дежа ву, или си сонувал ист сон со некој друг во исто време или нешто чудно си осетил некогаш. Оној свет што не е поврзан со телото или храната парите. Сега ако мислиш дека не постои како да ти опишам.
Духовна состојба е состојбата на душата. Да речам со твој збор на психата. Добра духовна состојба за мене е да нема гордост, поготово религиската гордост, јас го спознав Бог и затоа сум подобар од сите вас смртници...јас знам дека Бог го нема зато вие сите сте глупави... таа е жив оган душата. Ги потценува таквата личност сите околу себе, а и партија шах се губи кога ќе го потцениш тој спроти тебе.
После да има трпение, и да има чиста совест, и да не се мисли лошо ни за оној што ти прави лошо, туку да се има трпение. Се си иде на место.
Ти можда како атеист ќе добиеш малку од гордоста - а кај оној христијанин што претерал сите овие работи ќе поминат граница и неподнослив е. Тоа мислев.
 
Тоа сепак не прави да си во право, а не си. Колку да си знаеш.
Ти не си горделива? Не мислиш лошо никому?.... итн. Спомна моја “духовна состојба“. Ја знаеш?
Ти имаш подобра “духовна состојба“? Од кај знаеш (без разлика кој е одговорот). Како знаеш колку “малку“ горделивост ќе добијам јас? Имаш горделивостометар? Кажи кај има да се купи, да си купам и јас.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Moни Тфоја
Види као прво што збориш : D Ѓавол постои, како па да не,ајде докажи.
А и да има некој семоќан како што викате ви, кој га стфорија овј сфет и нас, живи горе на небо и не се види и е врхован господ на сфи религие, тој уреду, ок(иако ја ич не верују). Али како бе можете да веруете у приказне за деца,рај и пекол, адам и ева, ангели и демони, ѓаволи и глупости.Мучиф ве сфетци : D
Наслоф на тему е да докаеш дека постои тфој господ. Ајде докажи! Ја ке ти дам миљон и триста дваес шес причине сс кои ке ти докажу дека господ не постои.
И како тој викаш дека Џизс е бог, а нели устфари според вас бог га создаја сфет, а ја како што знам сфет постои миљарда године пред Исуса. Не ли сфаќате дека сфака религија е намештаљка од големи људи кои га контролираф овј сфет од пирамиде па наамо.
Еве тија људи верувале у Амон Ра, грци верувале у Зевса, куде су ск тија богови, изумреле? : D
Од куде знаеш дека за миљон године Исус ке биде само мит како Херкул и осталу багру што живеале на Олимп. Нели Херкул бија пола човек пола бог, исто како Исуса.
Ах ваков каков што те дал Господ едвај те разбрав.
Еве доказ дека сатаната постои, види, денес дневница не заработив заради него цел ден овде сум хаха

Светците никого не го мачат, кој ќе каже такво нешто измама е. Би мачела ли мајка Тереза некого дури била жива? Зошто сега нејзиниот дух да мачи некого?
Христос е Бог. Тој дошол на земјава (не те убедувам верувај во што сакаш само одговарам на твоето прашање) дошол меѓу нас за да знаеме дека колку и да си добар светов ќе те уништи и ќе те измачи, дошол меѓу нас за после смртта да воскресне и да докаже дека смртта не е крај. Со своите маки ги отплатил нашите гревови. Која што реченица станува кристално јасна кога ќе умре некој близок. Ја чувствував во тој момент.А не можам да ја опишам. Пак кој верува ќе верува кој не верува нема.
 
Знаја сам дека одвај си ме разбрала, глеам и после десет минута ми одговараш, викам си овај одвај ке прочита:icon_mrgr: сори за дијалект : D
Него не ме стфорија господ, него чиста биологија, смерма на тату vs. јајце клетка на маму. Природа е врхован господ на сфе овој около нас, добри услови за живот, слнце,време,простор,кислород,фотосинтеза, магнетни сили, сфе тој спаковано и скоцкано од услови поставено од хемију, физику, биологију, географију, или скратено науку е устфари креатор на нас, на сфе около нас.Развој нели, раѓамо се, живими и умирамо. Нема ништо после тој, нема рај, нема пекол, има само факинг блекаут. Или па ако постои реинкарнација, што исто такој е некако необјасниво, а ипак можно.
А чекај сакаш да каеш дека устфари мајка Тереза е сфетац? Она е обична добродушна жена која сакала по сфоју вољу да помага на сиромашни деца по сфет. Сс помош на вербу у господа не викам не, али сфе е тој до карактер, до начин на размислување, па има и такфи што цфрсто веруеф у господа па ке ти напраиф зло, а има и такфи што не веруеф у ниеднога господа па ке ти пружиф љубаф, добру мислу,ке ти помогнеф и у добро и у зло.
А од куде си ти сигурна дека уопште Исус се жртвуваја, па ја да сам господ како њега, ск ке си га прчеше негде на Малдиви, нели господ е бесмртан : D Устфари он е полугоспод, мајка му е човек.
Зшто мислите дека сфе тој напишано у библију и тој што га проповеда цркфа е сфе тој тачно?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom