Прочитав некои дека посвоени деца во геј семејство не би живеле во „нормална околина“. Може да има вистина во тоа во некој совршен свет и не го оспорувам целосно тоа тврдење. И веројатна баш во нажата држава во скоро време ем е научна фантастика ем не е добра идеја поради менталниот склоп на луѓето што живеат во неа (мнозинството).
Нејсе, мојот татко бил ептен мачо во негово време, згоден, од добра фамилија а богами и способен, мајстор, работел и заработувал, сите жени го сакале на времето, мајка ми му била 3та жена.Маж, мажиште, како круна на неговото мажествување мрзеше педери од дното на душата. Од што беше маж кога не работеше знаеше само да наредува, да се коцка, пијанчи, курва. Од толку што беше стрејт и живеев во нормална околина ја искоцка куќата, не остави на улица што се вика со мајка ми да се снаоѓа како знае со скромна работичка и прекувремено да чисти по станови кај други, а тој избега во странство со друга жена. Бидејќи нормалноста е детерминирана од тоа колку се стрејт родителите нели.
Не го кажувам ова да барам некого сожалување или симпатии, моите страдања лично не сакам ни да ги спомнувам бар сега, сигурен сум дека илјадници други и многу полоши приказни, но ми се блуе од ракмата на нормалност во која се сместуваат хомофобичните стрејт личности која не им е за нешто друго туку пополнување на лажни парчиња супериорност во нивното мачоистичко его како недостаток на сопствена себереализација во животот. Да, тежок шупак татко ми бил што не значи дека сите стрејт татковци се такви, како што многу геј сигурен сум би биле многу подобри родители од оние во „нормална околина“. Познавам геј личности, иако секој човек е индивидуа за себе, ако веќе мораме да генерализираме спрема мене биле далеку пофер, покоректни и почовечни, иако напоменувам, тоа би било генерализација. Не сум геј, но имам експериментирано како тинејџер и малку подоцна, иако неспоредливо повеќе ми се допаѓаат жени. Дури и тоа мислам дека беше резултат на некаква потсвесно психолошко потиснување на таа идеја која морала да исплива за да самиот разберам колку е тоа „болна работа“ или не.
Хомофоби, оставете ги луѓето да живеат нормално, и без вас не им е лесен животот, не прават никому лошо и не знам како тоа што прават ве засега вас. Тргнете ги прангите на вашата зацртана нормалност на која укажувате само кога вас ви одговара. Некој го имаше ова споделено, поздрав
Прегледај го приврзокот 123752