Ние треба да покажеме човечност според силите. Дали тоа го правиме? Исламот сам по себе е мрачен и насилен, ама сепак не е спроведуван како таков од обичниот човек кој се кажува муслиман. Обичниот човек пред се размислува убаво да си поживее. Ама овој нов див исламски радикализам го предизвика токму општата незаинтересираност за милиони ладнокрвно уништени семејства во повеќе муслимански земји. Во подрачјето на Фалуџа поради американската употреба на секакви отрови и се што им се најде при рака, 50% од новородените деца се раѓаат со деформитет. Тоа е тешка жална слика. Дали ти не би се радикализирал да си на нивно место. Уште за време на Садам Хусеин половина милион деца се настрадани поради ембарго на лекови за Ирак. Ги има многу вакви злодела за набројување. На тој начин претерувањата и општата незаинтересираност за нечии страдања довела радикалните и забеганите да добијат оправдување и просечниот муслиман во тие простори не можел да остане мирен затоа што и самиот тој е погоден и бил/беше радикализиран. Тоа започна и спирално се шири.
Разумниот човек ако покаже сочувствителност и разбирање. И тогаш кога ќе дојде до судир со радикалистот со кои секако ќе имаме судир си им ставил жар на главата дека ти си сторил што си можел и така ќе ја добиеш и војната. И тоа е така и од човечка и од Божја страна.
А ако не си покажал милост и сочувство, да одделиш парче за страдалникот тогаш кога ти било тебе добро, а на страдалнокот тешко, тој има оправдување - тој има право што те мрази и тој ќе ја добие војната.
Еве една сторија: читав, дека покрај некое македонско село се водела битка српски, бугарски војски или така нешто. Испогинале војници, по некое време труповите почнале да скапуваат, кучињата се заразиле. Болестите се пренесле на селото, пола село изумрело. Ова обично се раскажува со жалење за страдањата и маките на невините селани за времето на војната. А после и терор од победникот во војната.
Но јас сакам да бидам реалист и меѓу редови гледам нешто друго.
Нашите туткачи кога погинале војниците не се потрудиле да превземат ризик и да ги закопаат. Никој не би ги запрел да побарале. Туку си ќутеле и се криеле, МИСЛЕЛЕ САМО ЗА СЕБЕ. Тоа што испоумрело пола село е Божја казна за нивната тупавост. А ако сториле напор, ризик, да ги закопале, да ги означеле гробовите, за секој да ги собереле личните податоци, да ги чувале кога ќе дојдат нивните семејства. Биди сигурен дека ќе стекнеле почит и после војната немало да бидат многу малтретирани. Заради вакви дела ние имаме некои села во Беломорска Македонија кои биле изземени од теророт. Позади пишуваната историја постои реално минато кое е многу подруго од црнобелата слика - ние сме секогаш добри и хумани, а клетиот непријателот е секогаш лош.
Сторијава ти ја раскажувам за потврда дека ние Македонците се жалиме многу за своите маки ама сме прилично тупо безчувствителни за страдањата на другиот. Тоа најдобро го знаеме од односите внатре меѓу нас.
Учењето на исламот го сметам за зло и шизофренично, а христијанството, единствено учење кое не е заинтересирано за освојување простор (туку срце) и не употребува сила во тоа освојување (зборувам за учењето, а не опфаќам пракса каде се можни и присутни секакви забегувања и злоупотреби). Но во споредбата на одреден поединец човек кој се кажува муслиман со човек кој се кажува христијанин поделбата на доблестите не е така црнобела, туку измешана. И наместо да се навива за својот, а секогаш да се оцрнуваат другите, во случајов муслимански мигранти, треба да се расудува од момент во момент и од случај во случај.