Не е сам, добро ако гледаме според матични позиции само тој може да игра позади напаѓачот.
Но сезонава кога имаа минутажа на таа позиција Фабрегас и Вилиан, особено вториот изиграа добро.
Вилиан дури беше покреативен бидејќи имаше повеќе слобода во играта, Фабре ми е спор за таа позиција, мц си е перфектна за него.
Башка тоа ако се земе некое крило - амц Траоре и Лофтус ќе имаат значително помала минутажа.
Значи според мене неопходни ни се напаѓач бидејќи нели Дрогба си замина, ако замине Чех, голман за втор избор, лев бек ако замине Луиз и дм ако ни бега Микел.
Бројот на играчи ни е доволен од минатата сезона, нема потреба од екстра играчи бидејќи нели промоција ќе добијат Траоре и Лофтус, добро Лофтус ни е од лани ама сезонава очекувам значително поголема минутажа.
Калаш гледам направил 22-ка, доволно му е калење со позајмици, време му е да се инволвира во првиот тим и да видиме до кај е и што е.
Мики маус купот и првите 2 рунди во Фа купот треба да стартува. Па ако го биде ок ако не шанса на Аке, Чалоба и овој Данецов може да влета како комбинација.
Плус го имаме Зума кој е речиси без грешка на секој натпревар, можеби имаше и подобра сезона од Кехил.
Поентава ми е дека нов дефанзивец ќе е вишок, добро нема да е вишок ама значително ќе се намали минутажата на Зума и евентуално Калас.