Многу гласноговорници и љубители на таа југославија која како што ја создадоа така и ја распаднаа.Некои луге на форумот не можат,ама би рекол не сакаат да разберат и не можат да се помират дека веке ја нема.
Пак ке напишам.Ако беше нормална држава ке постоеше сеуште.
И едно прашање до оние кои ја бараат таа југославија назад и се обидуваат да не убедат дека беше нормална држава.Зошто дозволивте да се распадне,?
Скапана држава уште од нејзиното основање.Се оддржа толку години благодарение на УДБА и ОЗНА која со диктатура го држеше народот.Со уцени,убиства и што уште не.....И сега некој сака да ме убеди дека била супер,дека се живеело супер.......
Поголемиот дел од младоста ми помина во таа држава,така да добро знам и го имам осетено на кожа тој скапан социјализам и таа УДБА,зошто мојата фамилија беше бележена поради промакедонските идеи.
Никогаш не бев член на КПЈ или како ли се викаше бастионот на комунизмот убеден дека ке се владее 1000 години......
Тотална кражба на обичниот селанец,а работникот никој и не го гледаше.Ги залажуваа со кредити,да сега сето тоа ни излегува на нос,а не само нас туку на целиот Балкан.....
Некои гледам трескаат зелени на темата,и се обидуваат да не убедат нас нормалните дека се било супер и дека течело мед и млеко.Па комунистичката буржоазија која се бањаше во Дубровник и Сплит и која возеше цитроени и голфови тие ја бараат да се врати.Живееа на маргините на општеството,заштитени како бели мечки,со девизни сметки во странство.Сега тие истите со сменето влакно ви ја дерат пак кожата,а вас пак не ви доага памет......
Ако беше нормална држава зошто не сум лапнал стан или сум направил кука од тој систем.Мислите дека сум бил глупав или неспособен?Толку беше саглам тој систем и тоа управување....
Па на цел интернет имате еден куп докази и тоа од аналитичари кои ја проучувале целата историја на таа југославија,дека била батал држава,а вие сега стручњаците ке не убедувате дека не е така....
Вашето мислење и онака не е важно.Вие и понатаму живеете во минатото дека некогаш се живеело поубаво(ако за нив купување на ЕИ ниш телевизор бил убавина,нека си мислат и понатаму),а ние мутавите оставете не да живееме во сегашноста каква и да е...
Ако Југославија била лоша за живеење,како тоа 99 % од луѓето што ги знам,а што живееле тој период ЈА ФАЛАТ !?ЗОШТО ЈА ФАЛАТ ?
Ајде овоа објасни го ? ЗОШТО?
И не се вадете цело време на тоталитаризмот.
Југославија го имала најблагиот тип на тоталитаризам.
Ако мене државата ми овозможила добри услови за живеење ,ЗОШТО ДА ШЛАПАМ ПРОТИВ ИСТАТА ?
ЗОШТО ДА СЕ ЗАЛАГАМ ЗА МАКЕДОНШТИНАТА И ДА ИМАМ ПРОМАКЕДОНСКИ ИДЕИ ?
Еве,сега конечно имаме независна држава.
И ШТО АКО ИМАМЕ ?
Ни вреди ли нешто овој факт ?
Потонавме во сиромаштија.
Сопствените не уништуваат.
Просто НЕ УНИШТУВААТ !
Си пишал погоре : "Тотална кражба на обичниот селанец,а работникот никој и не го гледаше".
Не знам дали да се смеам или да плачам.
Се што ни е останато во наследство од нашите родители и дедовци е спечалено во таа бивша Југославија.
Ако и они живееле во системот во кои живееме ние денес,знаеш во што ќе сме живееле сега ? ВО ШТАЛИ !
Оди сега да те видам изгради куќа на 25-26 години возраст.