Dreamweaver е програмче кое го инсталираш кај тебе на компјутер и ти овозможува добар графички дизајн при креирање на страни. На пример место да пишуваш код, си има лента со алатки и си влечеш од страна на пример копчиња, текст боксови, слики кај што сакаш во страната да ти стојат. Имаш избор од готови теми и можеш само да ги уредуваш, да ставаш твој текст, твои слики, да разместуваш елементи по страната и слично. Фајловите што си ги креирал на ваков начин (или се креирани автоматски и си ги изменил), потоа треба да ги прикачиш на некој веб сервер за да страната биде достапна на интернет.
Joomla е CMS (Content Management System). Не инсталираш ништо на твојот компјутер. Доколку поседуваш некој веб сервер или имаш купено домејн име и хостинг, од панелот што е за прилагодување инсталираш Јоомла диреткно на серверот. Ако не одиш на joomla.org, избираш да креираш сајт, си бираш име, нешто како makaron.demojoomla.com и продолжуваш кон избор на готова тема и прилагодување на истата по твоја мерка (менуваш текстови, правиш целосна кастомизација преку веб броузер).
Имаш избор и од голем број на плугини и widget-и кои може да ги додадеш на страната (мали готови програмчиња направени специјално за Јоомла кои вршат некаква работа, на пример да додадеш онаков блок со 'сподели ја оваа содржина на социјалните мрежи' и автоматски да ти се појавуваат на страната Like this, Tweet this итн.). Ова нешто тешко можеш без никакви програмерски познавања да го направиш сам на пример во DreamWeaver.
Слични на Јоомла се Wordpress и Drupal. Wordpress е многу добар за почетници. И тука не ти треба ниту хостинг, ниту домејн, ништо. Едноставно одиш на wordpress.com, избриаш Create Website, се регистрираш, бираш име на сајтот, нешто како makaron.wordpress.com и продолжуваш со креирање на сајтот и содржината, без никакво кодирање без ништо. После ова сајтот ти е достапен на интернет и можеш да се пофалиш што си направил. И тука имаш уште поголем број на плугини и widget-и ко што спомнав и за џоомла.
Ако сакаш да го тргнеш wordpress.com од домејнот и да ти остане само makaron.com треба да си платиш (директно во вордпрес нудат купување на домејни). 50% од сајтовите на интернет денес се Wordpress сајтови.
Притоа, со што и од ова да се одлучиш да правиш веб страна, можеш да направиш само статичка веб страна. Т.е. да им понудиш на корисиниците некаква содржина и тие да ја гледаат, евентуално да коментираат (со или без најавување). Посложени работи, како работа со корисници, разни привилегии, сајтови што имаат некаква функционалност, форуми што и да е, не можеш да направиш на ваков начин и потребно е програмирање.