Мало дополнување за лихварот Владимир Богдановски (Влатко Чонгур) благодарение на текстов од Буревесник
http://burevesnik.org/bs/ekskluzivno/item/319-sponzor-ane-nikolić-u-begstvu.html (прочитајте обавезно детален опис на големи криминали). Текстот е главно за Чонгур но попатно открива и други интересни податоци околу големи криминали и игри.
Да си го исчитате цел само накратко ке опишам во груба форма за што станува збор.
Како Влатко Чонгур станал успешен лихвар ?
Се почнува 2006 година кога тој има пријателство со Кољо Американецот, но набрзо пријателството (читај лихварска врска) пукнува кога Кољо Американецот е баран од ЦИА поради огоромен финансикси криминал на американска банка во Загреб. Потоа значајно е дека Тоше и Лиља (менаџерката) земале пари од Чонгур на заем за да ги вратат парите од заташканиот данок вреден 180 000 евра кој власта во 2006 им го натоварила затоа што Тоше не сакал да пее на нивни кампањи. Чонгур имал и пријателство (лихва врска) со Горан Митковски (Думо) исто така голем лихвар многу поголем од Чонгур односно човек чиј пари биле всушност парите кој ги земале Тоше и Лиља.
По една средба во скопскиот кафич Еспресо каде Влатко Чонгур и Горан Митковски Думо имале долга караница поради тоа што Чонгур на Думо не му вратил 100 000 евра од вкупно позајмените 180 000 односно 80 000 евра од овие пари биле кај Тоше и Лиља и редовно ги враќале. По караницата Чонгур за да го откачи и намести Думо го советува да отиде кај извесен автомеханичар Мите Делев кој на Чонгур му должел пари (4000 евра) и го терал Думо да му отиде дома на Делев и да го тепа и притиска се додека не му даде пари а парите да си ги земе за себе. По неколку дена преку телефонски разговор Чонгур на Делев му се јавил и му рекол дека Думо не смее да го отепа и малтретира а ако продолжи да го прави тоа слободно Делев да му врател на Думо па дури и да го ликвидирал. Делев во афект поради неиздржливите рекет тепања од страна на Горан Думо се одлучил да го послуша советот на Чонгур и се решил да го убие Горан Думо го спакувал, го товарил во еден стар Опел и го паркирал автомобилот пред хотелот Александар Палас. Набрзо телото на убиениот Горан Митковски Думо е пронајдено пред Александар Палас а во меѓувреме додека се индентификува кој е убиениот Мите Делев го барал низ Скопје под дрво и под камен Чонгур за и него да го убие. Набрзо планот на Чонгур успеал. Горан Митковски Думо е убиен со тоа му е простен долг од 180 000 евра а пак со затворањето на Мите Делев фино го оттарасил човекот што му средил ослободување од огромен долг. Но тука не завршува глупоста на расипан телефон тип лихварот Чонгур. Новата афера после неколку години од (убиството и затворањето на неговите луѓе) на Чонгур му натежнал нов проблем. Поради спонзорушката врска помеѓу Чонгур и Ана Николич џебот на Чонгур се скратил повеќекратно. Одмори на острови во Грција, скапи патувања, скап шопинг, гламурозен накит итн. биле пресудни Чонгур да позајми пари од лихвар за да ја задоволи Ана Николич. Позајмил 130 000 евра од Џелал Ајети а посредник на позајмицата бил братот на Џелал, Наим Ајети. Од тогаш па натаму пошто неможел да ги врати парите Чонгур бил со месеци во бегство, но не во бегство од полициска потера во бегство од долгата рака на Џелал која сигурно ке го убие ако не го врати долгот. Наим Ајети ширел муебети низ скопските кафичи дека кој ке го забележи и каже Чонгур каде е ке добие голема парична награда. Наим го барал низ Скопје Чонгур затоа што бил виден со перика и наочари и стар Трабант како се вози.
Набрзо после текстов од Зоран Божиновски и нивната должничка афера беше убиен Џелал Ајети Џељо а за Чонгур немам информација дали повеке не е во бегство откако е убиен Џељо.
Што мислите дали е возможно Влатко Чонгур да е нарачателот или пак директниот убиец кој го изрешета Џељо во неговата чајџилница ???
Убиството на Горан Митковски Думо во 2006 година.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1875&stID=42920&pR=15
Кољо Американецот како дел од приказната и потеклото на неговите милиони долари.
http://tocka.com.mk/1/66400/koljo-amerikanec-osuden-na-18-godini-za-bankarska-izmama-vo-sad