Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Мало дополнување за лихварот Владимир Богдановски (Влатко Чонгур) благодарение на текстов од Буревесник http://burevesnik.org/bs/ekskluzivno/item/319-sponzor-ane-nikolić-u-begstvu.html (прочитајте обавезно детален опис на големи криминали). Текстот е главно за Чонгур но попатно открива и други интересни податоци околу големи криминали и игри.

Да си го исчитате цел само накратко ке опишам во груба форма за што станува збор.

Како Влатко Чонгур станал успешен лихвар ?

Се почнува 2006 година кога тој има пријателство со Кољо Американецот, но набрзо пријателството (читај лихварска врска) пукнува кога Кољо Американецот е баран од ЦИА поради огоромен финансикси криминал на американска банка во Загреб. Потоа значајно е дека Тоше и Лиља (менаџерката) земале пари од Чонгур на заем за да ги вратат парите од заташканиот данок вреден 180 000 евра кој власта во 2006 им го натоварила затоа што Тоше не сакал да пее на нивни кампањи. Чонгур имал и пријателство (лихва врска) со Горан Митковски (Думо) исто така голем лихвар многу поголем од Чонгур односно човек чиј пари биле всушност парите кој ги земале Тоше и Лиља.

По една средба во скопскиот кафич Еспресо каде Влатко Чонгур и Горан Митковски Думо имале долга караница поради тоа што Чонгур на Думо не му вратил 100 000 евра од вкупно позајмените 180 000 односно 80 000 евра од овие пари биле кај Тоше и Лиља и редовно ги враќале. По караницата Чонгур за да го откачи и намести Думо го советува да отиде кај извесен автомеханичар Мите Делев кој на Чонгур му должел пари (4000 евра) и го терал Думо да му отиде дома на Делев и да го тепа и притиска се додека не му даде пари а парите да си ги земе за себе. По неколку дена преку телефонски разговор Чонгур на Делев му се јавил и му рекол дека Думо не смее да го отепа и малтретира а ако продолжи да го прави тоа слободно Делев да му врател на Думо па дури и да го ликвидирал. Делев во афект поради неиздржливите рекет тепања од страна на Горан Думо се одлучил да го послуша советот на Чонгур и се решил да го убие Горан Думо го спакувал, го товарил во еден стар Опел и го паркирал автомобилот пред хотелот Александар Палас. Набрзо телото на убиениот Горан Митковски Думо е пронајдено пред Александар Палас а во меѓувреме додека се индентификува кој е убиениот Мите Делев го барал низ Скопје под дрво и под камен Чонгур за и него да го убие. Набрзо планот на Чонгур успеал. Горан Митковски Думо е убиен со тоа му е простен долг од 180 000 евра а пак со затворањето на Мите Делев фино го оттарасил човекот што му средил ослободување од огромен долг. Но тука не завршува глупоста на расипан телефон тип лихварот Чонгур. Новата афера после неколку години од (убиството и затворањето на неговите луѓе) на Чонгур му натежнал нов проблем. Поради спонзорушката врска помеѓу Чонгур и Ана Николич џебот на Чонгур се скратил повеќекратно. Одмори на острови во Грција, скапи патувања, скап шопинг, гламурозен накит итн. биле пресудни Чонгур да позајми пари од лихвар за да ја задоволи Ана Николич. Позајмил 130 000 евра од Џелал Ајети а посредник на позајмицата бил братот на Џелал, Наим Ајети. Од тогаш па натаму пошто неможел да ги врати парите Чонгур бил со месеци во бегство, но не во бегство од полициска потера во бегство од долгата рака на Џелал која сигурно ке го убие ако не го врати долгот. Наим Ајети ширел муебети низ скопските кафичи дека кој ке го забележи и каже Чонгур каде е ке добие голема парична награда. Наим го барал низ Скопје Чонгур затоа што бил виден со перика и наочари и стар Трабант како се вози.

Набрзо после текстов од Зоран Божиновски и нивната должничка афера беше убиен Џелал Ајети Џељо а за Чонгур немам информација дали повеке не е во бегство откако е убиен Џељо.




Што мислите дали е возможно Влатко Чонгур да е нарачателот или пак директниот убиец кој го изрешета Џељо во неговата чајџилница ???



Убиството на Горан Митковски Думо во 2006 година. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1875&stID=42920&pR=15

Кољо Американецот како дел од приказната и потеклото на неговите милиони долари. http://tocka.com.mk/1/66400/koljo-amerikanec-osuden-na-18-godini-za-bankarska-izmama-vo-sad
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Kazete nesto za kocanskite...najjaki se..Dve grupi imase ednite gi zatvorija so akcijata detonator neli I sea daco I kompanija suvereno vladeat...imase nogu prestrelki niz kocani pred akcijata da me zboram za kjoteci...ako znae nekoj nesto neka pise
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Kazete nesto za kocanskite...najjaki se..Dve grupi imase ednite gi zatvorija so akcijata detonator neli I sea daco I kompanija suvereno vladeat...imase nogu prestrelki niz kocani pred akcijata da me zboram za kjoteci...ako znae nekoj nesto neka pise
Е па ај прочитај низ темава, и за тој Дачо
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Кољо Николовски - Кољо Американецот

Најголем дел од парите ги направи во УСА. Со што како поима немам.
Само знам дека имаше еден куп колишта и мотори. Имаше ламбурџини галардо, корвети, лотус, бмвиња, јахта и над 15 мотори.
Знам дека беа големи ривали со Џељо. Имаше неколку огромни тепачки и престрелки меѓу нив во скопските кафичи. Џељо беше одговорен за гранитирањето на неговата куќа во Маџари.
Моментално е во затвор во Америка каде што излежува казна од 18год поради измама поврзана со пропаѓањето на Хрватската кредитна унија „Св. Павле”

http://denesen.mk/web/?p=12731
Да да во секој случај голем играч е Кољо и доста паметен во споредба со останатите.

Во 2008 во скопскиот кафич Инсомнија имаше тепачка помеѓу Кољо Николовски Американецот и Џелал Ајети и неговата екипа. Кољо беше застрелан во раката а Ајети и неговата група Беланоча не ги најдоа ниту во Скопје ниту во родното Арачиново. Подоцна се заташка работата. Истата година пред тепачката со Џељо имаше Кољо и друга тепачка во скопскиот кафич Тренд тепачка во која учествувале големи членови на скопското подземје. Истата ноќ во Маџари е погодена со граната неговата куќа за среќа немало повредени.

Кољо го има направено најголемиот финансиски банкарски криминал што го памети Америка. Односно обвинет е за нанесување штета од 72 милиони долари на (St Paul Croatian Federal Credit Union) односно попрецизно е обвинет за 5 800 000 долари кој ги земал од банката така што под различни имиња земал повеке пати големи суми кредит. По неговиот чекор за дрпање пари се одлучиле на тоа и други па така фалеле цели 72 милиони долари што значеле банкрот за банката. Познато е дека во негоја од банките во МК Кољо имал само 2 милиони евра и дека во финанскискиот криминал му помагале девет негови луѓе. Парите ги трошел на скапи коли вредни стотици илјади евра, скап луксузен накит и многу многу коцкање.

Кољо Американецот е единствен македонец по кој ЦИА има директно и конкретно правено истрага. За криминалот негов последен го осудија на 18 години затвор.

Еве кој е Кољо Николовски Американецот.
11003293-large.jpg [DOUBLEPOST=1435095677][/DOUBLEPOST]
Kazete nesto za kocanskite...najjaki se..Dve grupi imase ednite gi zatvorija so akcijata detonator neli I sea daco I kompanija suvereno vladeat...imase nogu prestrelki niz kocani pred akcijata da me zboram za kjoteci...ako znae nekoj nesto neka pise
Напишав текст за кочанските рекетари индиректно главна лик беше Дацо, Драганчо Стоименов Дацо. На долго и на широко е напишано барај меѓу првите страници на темава.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.423
Поени од реакции
39.009
Од Осака до Дижонска само ги потврдува криминалите на најжестоката и најбогатата мафија што хареше во времето на чичкото Боки. - СДСМ и Бранко.

Класичен финансиски атентат не само на него , и на иладници како него низ Македонија.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ја па врска неам кој е типот шо ја пишувал од Осака до Дижонска (за разлика од ликовите во неа кои што се добро познати ... или бар на мене ми се добро познати) ама па баш дискутирав со една личност на темата и ми рече дека тој истиот Боки што ја пишувал книгата и кукал како го обрала фамилијата во последниве неколку години изиграва голем СДС-овец.

Е сеа не знам дал е баш така :))
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.423
Поени од реакции
39.009
За у последните години незнам каков е , али за член и симпатизер на СДС во тоа време сам си има кажено дека бил , и јавно си пишува во книгата дека се дружел со високи функионери на СДС во 90тите , па дури и му бил понуден пратенички мандат. Го одбил , и од тој ден почнуваат да му ебат матер.

Ако е ова точно што го пишува стварно станува збор за вистински човек. Да имаш развиено таков бизнис во соработка со мулти милијардерска компанија , да добиеш понуда за функција на владеачка партија да се зациментираш како недопирлив и да собираш еден куп тендери па и да се шириш надвор од државата ... он одбил да се бави со политика.

Тешко денеска ваков некој да има , ќе се приграба на првата понуда , одма директно.[DOUBLEPOST=1435127528][/DOUBLEPOST]Него имав прашање , и тотално изумив да прашам ...

Шо е финтата со борбата на нарко бандите у Скопје? По темата што читам сите се тепат меѓусебе заради конкуренција , озбилно толкав пазар има на зависници што трошат пари , па да се вртат милиони евра од овој бизнис? Плус во земја како нашава дури и да има бројка на наркомани , од кај им пари за такви бројки да се вртат?
 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Кољо Американецот е единствен македонец по кој ЦИА има директно и конкретно правено истрага. За криминалот негов последен го осудија на 18 години затвор.
Овоа со ЦИА ептен ми е некако сомнително.ФБИ е задолжен за вакви работи.ЦИА нема надлежност да апси,а ниту пак би се замарала со Кољо Американецот.



Шо е финтата со борбата на нарко бандите у Скопје? По темата што читам сите се тепат меѓусебе заради конкуренција , озбилно толкав пазар има на зависници што трошат пари , па да се вртат милиони евра од овој бизнис? Плус во земја како нашава дури и да има бројка на наркомани , од кај им пари за такви бројки да се вртат?[/quote]
Пазарот со дрога последните 2 години е ептен опаднат.
Особено пазарот со марихуана.
Причината за борбиве помеѓу нарко бандиве е најверојатно друга.
 
Z

zlaki

Гостин
можеби нема толку наркомани но да не заборавиме дека Македонија е транзит земја на дрога,па и тоа влева во пресметки...Но едно е зачудувачко што вакви типови не ги чепка полицијата или ние немаме некој оддел во полицијата како ДЕА па овие слободно се тепаат за територии и поголемо залче пари.Секако да не заборавиме и вмешаност на високи личности од политика и полиција.Алчност,моќ,пари,нерешени убијства и сомнителни случки е знак на корумпирани лица во власта и полицијата.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.520
Поени од реакции
9.384
абе мора секоја тема да ја посерете со власта и опозицицијата, ...
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
Да да и прави момци значи почнати од нула без политичка заштита итн. Во тие некој 10, 15 илјадници велешани заминаа за Франкфурт и Виена некој и уште оделе се зборува... Иначе германциве ги сметаа за една од најголемите криминални групи во југоисточна европа. Пошто имаа соработка германската и австриската полиција со нашиве од МВР викале германциве колкав е тој Велес... Еве едно линкче од европски журнал за франкфурт мафија направено е 2009 при првото нивно групно апсење. https://www.youtube.com/watch?v=RdQrZ1SPlmk[DOUBLEPOST=1434838078][/DOUBLEPOST]Влатко Чонгур

Влатко Чонгур ретко кој скопјанец не го знае. Човекот е еден од најголемите лихвари во Скопје па и пошироко. Личен пријател на речиси цела естрада и има давано лихва на многу познати личности и бизнисмени. Личен пријател со Тоше Проески иначе шоверот со кој загина Тоше беше наместен преку Чонгур. Лиљана Петровиќ менаџерот на Тоше земала лихва од Чонгур. Има направено многу многу криминал, но не е тип што е насилен или пак имал тепачки и престрелки. Пријател е покрај со сите естрадни ѕвезди и со сите елитни криминалци па и политичари. Човекот е многу богат пре богат како за лихвар љубител на спортски автомобили и самиот негов возен парк кажува колку уствари е богат. Значи прв во МК има донесено Lamborghini Murcielago... Во колекцијата има и многу други скапи коли а и покрај тоа голем број тјунирани спремани за трки со најскапа опрема. Пред неколку години беше во бегство којзнае можеби поради дизбаланс со орото на власта, но набргу се вради веројатно го средиле договорот за колку пари ке има мир и ке може да се врати. Пара врти где бургија неќе таква ни е државата... Таков е балканот.

Еве го Чонгур.
Прегледај го приврзокот 123225
Прегледај го приврзокот 123226

Еве го неговото Murcielago вредно сторици илјади евра. https://www.youtube.com/watch?v=spfF3JMYN3M

Еве го речиси целиот негов возен парк пред неговата куќа во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=ACLhn1my8nA
Оваа во средина, Александра Накова ќе да е. Таа во Survivor што учествуваше.

Да да во секој случај голем играч е Кољо и доста паметен во споредба со останатите.
Да бил Кољо паметен, воопшто немало да го фатат. Со толку милиони на сметка, тој се вратил во Македонија, каде сите го знаат, да ги троши парите на возни паркови и коли од 100,000 евра, луксузни накити и коцкање. Па уште се плеткал со Џељовци, трговија со дрога и учествувал во пресметки со ракетни фрлачи и бомби. :facepalm:

Обична бараба со две клетки мозок и златен ланец, како и сите други криминалци на темава. Единствено што бил lucky bastard, па бил земен како партнер во измамата со инвестицискиот фонд, во кој, некој си Антони Рагуз бил директор на фондот и мозокот на целата операција.

Еве подетално околу измамата:
http://vecer.mk/makedonija/koljo-amerikanecot-ispraznil-investiciski-fond-vo-sad
 
Z

zlaki

Гостин
абе мора секоја тема да ја посерете со власта и опозицицијата, ...
па овие криминалци не се само од овој период..опфатен е цел период од осамостоујавањето на Македонија со што се подразбира за сите гарнитури на власт.Без пристрасност кон никого од мојот пост ако мислеше на него.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
А да ги оставите дечките кои имаат што да кажат по темата ? Секогаш ке се најде по некој да ја отруе темата со политика !
Тие се тие исти ликови цело време, јамајка, бастардот, битушанецот, ставро и чат пат фринџ шо ќе тресне по некоја зелена...
Во глава им е политика, политика и единствено политика![DOUBLEPOST=1435139556][/DOUBLEPOST]
од кај им пари за такви бројки да се вртат?
Наркосите лопужаат што стигнат. За да ја подгреат лажицата крадат точаци па ги продаваат на бувљак (циган пазар под кале) за 600 денара, а ако се исценкаш може и за 300-400 да ти го даде, оти ако не ја земе дневната доза скалпот ќе си го искорне со голи раце...
Ете оттука од каде таа бројка.
 
Последно уредено:

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.520
Поени од реакции
9.384
па овие криминалци не се само од овој период..опфатен е цел период од осамостоујавањето на Македонија со што се подразбира за сите гарнитури на власт.Без пристрасност кон никого од мојот пост ако мислеше на него.
сите го знаеме тоа, тоа и не само така кај нас, и во многу други навидум многу средини земји е исто така, само што кај нас како мал свет полесно се забелжува, да го тргнеме тоа настрана, остајте ги лугето што ја почнале темата да ја тераат, не мора и во тема за секс да дискутираме за политичарите, нека се носат у курац.
инаку мојот пост најмалку се однесуваше на твојот иако и твојот тука спаѓаше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom