Дозволуваме да не дриблаат и ограбуваат клубови ко Сотон, ќе даат 15-16 милиона за оној ко да е единствениот бек шо може да се најде..
Џабе напаѓач кој и да донесат, а и да донесат некој друг, не верувам да биде нешо поквалитетен од тоа шо веќе имаме на располагање, треба да се размислуваат на другите позиции, немојте да ми речете дека некој од дојдениве играчи е засилување. Мислам, сакаме да се натпреваруваме за врвот во лигата, а на пример да кажам “глејте Арсенал ќе го грабнат Чех, а ние се радуваме на Богдан“ или да спомнам дека Сонг може ќе иде у Челзи за речиси гага, ќе има лавина коментари како не можам да споредувам. Епа не можеме да се споредуваме. Наредна сезона ќе бидеме андердогс за топ4, за лига или освајање некој куп ми е срам дури и да спомнувам како некаква можна далечна опција.
Пак наредна сезона главната дискусија ќе биде дали е Роџерс крив или не, дали треба да си оди или да му се даде шанса...кој е тој јунак менаџер шо со вакви играчи ќе направи нешто повеќе?
Или управава стварно не знае шо прави и како да направи да напредува клубот или лажат кога ги претставуваат амбициите у јавност. Со глава у ѕид, упорно. Најголемите фудбалски лаици да седнат на нивно место подобро ќе ги одберат играчите кои ќе го направат клубот подобар. Толку ли да не сакаат да го одврзат ќесето и да донеста квалитет а не некои недокажани “таленти“. Не очекувам да го донесат Роналдо или Меси или било кој суперстар, али мме..