Абе секој тим си има направено стратегија, и според мене на Интер по му одговараше да лупне 40мил за Кондогбија отколку Милан, бидејќи Интер како така имаат некоја си основица на играчи со кои Кондгобија убаво би се вклопил и кај Интер не потребна толку голема реконструкција како кај Милан, за Интер можеа да си дозволат ваков трансфер повеќе одколку Милан. Еве Интер ги има Ковачиќ, Икарди, Ханданович, Хесус, Видич, Гуарин, Шакири, па и Ранокија кој не верувам дека толку лош колку што ја има изгубено самодовербата, али ајде не мора Ранокија да го рачунаш, но Милан што има, каква основа?? Милан имаат заглавено со слободни агенти со големи плати и договори од кои мораат да се откачат, нема многу салам играчи кај нив врз кои би се градел тимот, тие доколку би се исчистиле од ѓубрето ќе бидат во дефицит со играчи, бидејќи има премногу такви во тимот и наместо да го земат Кондогбија за 40мил ќе земат два играча за по 20мил и тоа е тоа, затоа на фановите на Милан не треба да им биде криво и да лупаат глупости тука, нека признаат дека Кондогбија е одличен играч и не токлу преплатен како што сметаат, но и нека не се замараат што не отишол кај нив, бидејќи не се во ситуација да лупаат голема сума за еден играч со голема плата