Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.172
Поени од реакции
18.224
Колку беше часот кога го прати постот? :eek:
Ти како модератор нели треба да ја смириш тензијата, наместо да продолжиш каде тераат скоро 90% од фановите на Јуве и Рома?:)


Преку глава ми е од се. Веќе не ме интересира кое било пенал а кое не. Последно нешто што прашав е за третиот гол кои се правилата, Мондо и Предатор објасниа убаво, значи останува на судијата да одлучи, сега јбг што одлучил дека е гол не значи дека пристрасен или поткупен, се надевам и Рома да била во таква ситуација исто би постапил.

Не терам теории на заговор дека Јуве мести или го поткупил Роки или некој друг судија, али ај оставам некои 5% шанси да се работи и за такво нешто, ма да ќе повторам, тоа не ми се мота во глава.
Главен виновник за СЕ на оваа утакмица беше Роки и целиот негов екипаж. Никој не ја спомна ситуацијата каде Рома напаѓаше и топката беше испадната веќе во голаут, ама судијата позади голот на пола метар од ситуацијата не виде убаво и ја продолжи играта каде Жервињо ја уфрли во игра.
Во ситуацијата со Манолас, реално требаше да помине гркот еден степен повеќе казнет од Мората или жолт за Манолас а на Мората ништо или пак црвен за Манолас, а на Мората жолт(само ради жустриот и опасниот старт иако Манолас дури и не беше поткачен).
За ситуацијата со Мбива, Мондонико убаво објасни(исто како и за третиот гол на Јуве), се слагам и со двете негови мислења дека едното не е пенал а дека другото е прифатливо за регуларен гол.

Е сега пеналите, стварно незнам што да кажам, сите три пенали ми се на еднакво рамништие(ту би, ор нот ту би), веќе преку глава ми е на кантар да ги мерам, али мене не ми е јасно како може професионален судија толку да нема осет за вака важна утакмица, па свесен ли е тој Роки(све да му ебам) каков само циркус направи од едно Дерби, како можеше да испадне таква лејка, па цел свет го гледаше натпреварот, мораше ли во вакво светло да ја прикаже Итаијанската лига, ова беше еден од двата најинтересни дуели во сезоната на ова наше проклето италијанско првенство, ако некој неутрален навивач би решил некогаш да седне и да гледа Калчо оваа година сигурно би ја одбрал оваа утакмица, јас незнам како судијата целиот фудбалски италијански сојуз си дозволи вакво нешто, утакмицата требаше да биде реклама и некоја си промоција на Сериа А во подбро светло. Па повеќе ме нервираат овие работи што ги наведов отколку ваквиот пораз, на сите познаници што ги знам им наведов да гледаат супер Дерби и убава утакмица, па подобро ќе беше Рома чесно да изгубеше 3-0, подобро ќе сварев таков пораз туку ова што се случи.

Друга работа, очи си вадеме тука ради изјавите од типот на Тоти, но и од типот на Бонучи, Вас ве нервираше онаа на Тоти, а мене онаа на Бонучи.
Ќе почнам со Тоти. Цел живот во Рома, тим кој во неговата 23 годишна кариера само 2 години беше здрав конкурент за титула(од 2000 до 2002год.) од кои едната ја освои, другата за малку. Во наредните години тимот никогаш не беше главен конкурент за титула, НО имаше неколку сезони, 5 мислам дека беа каде беше завршувал втор, од кои 5 барем 2 да освоеше немаше да бидат незаслужени. Со добар тренер добра филозофија и солидни играчи на крила на Капитенот барем еднаш или два пати немаше да биде незаслужено да беа прваци во овие 14 години дури ќе дадеше одличен шмек и пример за интересна лига. Сето тоа го уништуваа некои сосема трети и надворешни влијаниа, не сакам да навлегувам во теории на заговор, не сакам да бидам плачко, но верувајте такво чувство постои и кај мене и кај сите фанови на Рома, во таквите години секогаш имавме впечаток дека другиот тим беше туркан и имаше ветар у грб за титулата и мене ми е криво зошто еднаш Рома не се најде во таква ситуација,барем еднаш ќе беше доволлно да се освои барем плус едно Скудето. Сега си велам зошто оној проклет Роки неговите погрешни одлуки не ги направеше обратно, зошто некогаш Рома не ја има таа привилегија. Со текот на години ради ваквите случувања како фан на Рома ти доаѓа да полудиш, и после она проклето Калчополи повторно да си помислиш на свашта. Затоа Тоти треба да биде малку сватен, се одлучи цел живот да остане за тимот во кој што навивал како мал, тоа е сон за секој играч, да играш во твојот омилен клуб и да освојуваш титули со истиот, но како што кажав од друга страна никој не му е крив што остана во клубот кој 80% од неговата 23 годишна кариера не му обезбеди тим за титула. Со тоа нервите попуштаат, посебно кога ќе сватиш дека и со таков тим на неколку наврати си бил блиску до титулата, е тука е болното и нервозното, те тера да помислиш на се. Остајте ги легендите на Милан, Интер и Јувентус, тие бар 50-60% од нивните кариери тимовите им беа конкуренти за титулата и сите во еден период добиваа ветер у леџа, никој од нив ја нема осетено таа горчина и неправда како Тоти, играч кој од фудбалска гледна точка може да се каже дека е и најдобар од нив.
А сега ајде некој од фановите на Јувентус да ми ја каже логиката во изјавата на Бонучи?
"Јуве вечерва уште еднаш покажа дека се најсилна екипа во Италија" .......
Да се разбереме, Јувентус до лани и последните три години, не само што беа најсилна италијанска екипа, тука изгледаа супериорни, не е битно дали останатите биле слаби, ама на чело со Конте и неговата борбеност и мотивација успеваа да изгазат се пред себе три години по ред, дури и против никакви тимови каде верувам на пола од играчите не им се ни играло, тешко е да победиш и кога немаш мотивација кога се е решено па дури и против нискоразреден тим, но не и кај Јувентус, едноставно мелеа, посебно последните две години. Значи никој ништо не оспорува. Ама оваа година Рома оди рамо до рамо со Јувентус, победа за победа, во ЛШ исто така докажува дека победите не се случајни и дека се сериозна екипа исто и како Јуве,не се појаки од Јуве, ама оваа година стварно можат да му парираат, се виде тоа и на вчерашниот меч, знаеме Јуве како одигра лани на домашен терен, разликата е голема и во играта и во менталитетот и квалитетот на Рома, И покрај тоа и покрај сите срања и нерегуларности за двете страни и покрај тоа што најреално според се ќе беше нерешен резултат, Бонучи се најде да даде таква изјава, нереална, провокаторска и срамна.
Што е тука исто така трагично, што на овој форум има таков степен на пристрасност, каде некои фанови на Јуве, не само што го делат мислењето на Бонучи дека Јувентус им покажал на Рома кој е кој во Италија, туку се убедени дека нивниот тим е оштетен:facepalm:. Ало бе, па зар нели може да се има малку објективност, знам дека си го сакате тимот ама бидете малку присебни. Јас можев тука пред сите да ви честитам победа, спремен бев да не коментирам за ништо од утакмицата(нормално не издржав кога почнав да читам мислења на темата), можев да признаам дека третиот гол се прифаќа како регуларен(иако некои тврдат дека можело и да се поништи), сега што сакате?? да ви кажам дека сте оштетени што не добивте трет пенал ? така се ќе беше во ред со утакмицата? правдата ќе беше задоволена??
Па нели гледате дека цел свет и се смее на оваа никаква лига, нели ве фаќа малку срам за некои работи, па со кој и да е неутрален фан да отворам на резултати и да видиме дека Јуве дал гол од пенал реакцијата е иста "повторно им поклониле пенал на Јуве", па мене искрено ме нервира тоа кога ќе го слушнам, па морам да објаснувам дека сигурно е било пенал па е свирнат, јас се нервирам, незнам вие како поминувате и како трпите. Па со таквите такви ситуации не испаѓа критикуван само Јуве, туку автоматски се вреѓа и цела лига, мене тоа ме нервира. И онака лигата тапка во место, како шампиони на Италија 3 години по ред во Европа немате некои значителни резултати, не реков дека сте се посрамиле,ама ипак немавте значителни резултати како шампиони на Италија, а знаете тука да викате *Гранде Јуве*, најјаки сме. Со секој пораз се учи по нешто, се учи од грешките, а со тоа се донасаат и одлуки за во иднина, во вашиот случај конкретно дека имате тим наспроти вас кој еве да речеме ви изграеше нерешено на ваш терен или ве тепаше, тука веќе ви се уклучува алармот, веднаш се прават и напори и размислувања за посилен тим, бидејќи веќе постои конкурент кој им земал бод дома и екипа која е стабилна да ги предизвика на борба за титула до последно коло, со тоа може уште во Јануари да се случи тимот да биде освежен со засилување, со кое ќе бидете посигурни во освојување на 4-тата титула по ред, па и засилување кое можеби ќе ве направи посилни во Европа и ќе ви донесе значителни резултати. Па дури и ништо да не се случи во Јануари, на лето би биле поактивни кога веќе знаете дека со тимот што го располагате сте изгубил титула, а истата ви е во знак прашалник и за наредната година доколку соодветно не се засилите, бидејќи противникот се повеќе се надоградува, а на повидок се можеби и нови конкуренти. Во такви ситуации и Јувентус е во придобивки, прави се помоќен и помоќен тим, тоа би се одразило и со одлични резултати во Европа.



Или па вака ви е поарно, тепавте, докажавте дека сте повторно доминантни во Италија, ја искинавте Рома, а во блиска иднина ќе се мачите со Олимпијакос, ќе велите како пораз од 1-0 во Мадрид против Атлетико е одличен резултат за екипата(иако коефициентот за кец беше 3.4 а за вас 2 и нешто), а на зимо и лето Марота и газдата ќе ве убедуваат како овој тим е перфектен и дека не се потребни многу пари за скапи засилувања. И наредната година повторно иста песна, јово на ново, најјаки сте во Италија, а се мачите во Европа, а првенството тоне ли тоне.

Не сакам некој да биде навреден од овој пост, сето ова изложено е од моја гледна точка, нормално дека во овој пост има работи со кои не се слагате,а вајда и јас некаде имам лоши проценки за некои работи(не велам не) али ипак поштедете ме од кратки и провокативни реченици, доколку некој сака да дискутира нека повели.
Сам провери.

 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ех времиња....кога Иосоно,Кико МС,курајберот и Сан беа главни на оваа тема ..какви постови се пишуваше тогаш да ти е мерак да ги читаш:drk:..а не сега Џонтрата глуми шериф нешто :icon_lol:
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.482
Поени од реакции
10.219
Vori активен е?
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.172
Поени од реакции
12.985
Imase i edno detule mislam torpedo mu bese juzerot.Budalata kaza dosta e,vise ne navivam za juve,od sea za baern ke bidam!i toa mrtov ozbilen .Sega garant si go jade gzot
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.275
Ех времиња....кога Иосоно,Кико МС,курајберот и Сан беа главни на оваа тема ..какви постови се пишуваше тогаш да ти е мерак да ги читаш:drk:..а не сега Џонтрата глуми шериф нешто :icon_lol:
На кое ниво падна Син, го дупат у фан клуб за "брадата" што ја "има"
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.075
Засрами се што не забораваш мене и Стефан како верни кладионичари,после ќе те потсетам кога ќе плачиш за некоја женска одбојка
:sramezliv:

Ај за утре одбојка имате од мене, мажи...да ја оправам со вас :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.924
Поени од реакции
8.801
а где је Сасуко, најватрениот фан на Милан, слабост никад не подаваше:D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
а где је Сасуко, најватрениот фан на Милан, слабост никад не подаваше:D
SASUKE? Ако мислиш на овој, изеде бан на подолг период. :D

Imase i edno detule mislam torpedo mu bese juzerot.Budalata kaza dosta e,vise ne navivam za juve,od sea za baern ke bidam!i toa mrtov ozbilen .Sega garant si go jade gzot
Сега е iLoveРАКОМЕТ

:pos:
И јас веке станав фан на Баерн Минхен.
Па сакам повеке да знам околу Баерн:)
некој да ми каже како е правилното име на баерн !
Bayern Munchen или Bayern Munich !
јас милсма дека е Bayern Munich...


Се надевам дека ке ме прифатите?
Не можам веке ништо од јувентус да гледам како губи дома од последно место .
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.275
Се надевам дека ке ме прифатите?
Не можам веке ништо од јувентус да гледам како губи дома од последно место .
Според напишаново човеков останал да навива за Јуве кога беа втора лига, но се одкажал од тимот кога видел дека губи од последнопласираниот во Серија А... :toe:

И патем правилното име е Bayern Monaco :LOL:
 
Ф

Флеш

Гостин
Vori активен е?
Да,активен е,здрав и жив.Се спрема за дружба со вас за новата сезона на Сериа А и следење на нашите играчи во нивните клубови .Трајковски,Пандев,се надевам Ристовски ќе се врати во добар клуб.Ќе бидедобра сезона со наши играчи :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom