- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.303
- Поени од реакции
- 5.903
Значи целта на темава е коментирање, општа дискусија и објавување информации за криминалци, криминални групи, случки и инциденти со познати криминалци (да не пишувам мафијаши...) тепачки и пресметки помеѓу криминалци во Македонија. Значи се што спаѓа под организиран криминал и чаршиски муабети за опаки момци и случки со нив. Апсолутно немојте да пишувате за политички криминали тоа против целта на темата. Не ме интересира воопшто што ке си помислите за целта на отворање на темава пошто јасно е објавено погоре.
Ке објавам за почеток за да се развие дискусија неколку поголеми, по познати криминалци и случки.
Најпознати криминалци (мафијаши, жестоки момци) во Македонија вака за старт се:
Ацо Боцевски Циганот
Ацо Циганот добро познат криминалец и своевремено тепач на постарите генерации човек со многу дела и конфликти познат по упади во дискотеки, но и близок човек на тогашната власт. Во 1997 Ацо го застрелал Сеад Ибраими убивајки го на лице место зошто предходно добил ќотек од него. За ова дело Ацо добива 15 години затвор, но при пуштање во домашен притвор успева да "побегне" од државава и не е пронајден до ден денес. Меѓу скопјани има доста шпекулации дека Ацо се крие во Солун подоцна и во Аргентина дури и дека доста пати по бегството повторно е виден во Скопје но ништо официјално.
Марјан Тушевски
Еден од најголемите рекетари што го памети Скопје човек што го рекетирал целиот ГТЦ, многу фирми и повекето големи газди. Марјан Тушевски и неговиот личен возач (потрчко) Киро Јанев (Бамбус) се убиени на 07.12.2001 година во скопската населба Тафталиџе. Убиени се кога испаѓале од кафеаната Витраж и се упатувале кон нивната кола се смета дека е пукано од високо и најпрофесионално со неколку испукани куршуми од пиштол двајцата изрешетани починуваат на лице место. Се смета дека убиството е нарачано и добро платено од тогашен голем политички службеник.
Џељај Ајети (Џељо)
Џељај, неговите браќа и други другарчиња од нивното родно Арачиново наречени (Беланоча) по доселувањето во Скопје во периодот на осамосталувањето на Македонија каде и се оформуваат првите официјални големи криминалци и криминални групи почнува со изнуди и рекет, лихварење а подоцна и со трговија со дрога (бело). Џељо е најистакнат член на криминалната фамилија тој е иницијатор на целиот криминал и заработување нечисти милиони. Познат е он и неговите потрчковци и браќа по доста сериозни конфликти и престрелки еве неколку... Во 1996 Џељо ги одлежува неговите единствени 6 месеци затвор поради соучество во убиство на полициски инспектор пред трговскиот центар Беверли Хилс. Во 2006 убиен е Миле Петковски Брус од страна на Џељо и неговата екипа поради што наводно зет на Брус го убил братот на Џељо Ајети. Џељо е убиен во својата чајџилница Ролекс во декември 2013.
Горан Ѓоргиевски Мујо (Командант)
Иако покрај многуте шпекулации дека Мујо не бил криминалец, рекетар и се др. Кумановци добро знаат кој е и што е Горан Мујо од Куманово. Жесток дечко на асфалтот пријател на многу познати јавни личности, голем рекетар познат по многу упади во многу локали во Куманово и пошироко, своевремено има избегано на доста години во Јужна Африка веројатно поради нерасчистени сметки во Македонија. Според Кумановци дечко каков што не се раќа веке. Храбар момак што тепал и повеке души одеднаш физички поголеми од него, но и човек што знаел да брани и да помогне наводно. Неговиот врв на славата се случи после војната во 2001 каде тој беше командант на паравоената формација Лавови која учествуваше во конфликтите. Горан Мујо е убиен заедно со својот пријател Ненад Чавка во дискотеката Линка од страна на сопственикот Горан Линка во април 2005 година. На погребот учествувале илјадници негови пријатели од целиот балкан.
Ромео Живиќ
Исто така голем играч во кумановското подземје близок пријател на Мујо иако доста постар од него. Еден од првите ако не и прв човек во Македонија што си дозволил Ферари уште во раните девеесети, познат по неговите врски со манекенки, човек кој е наречен крал на подземјето и исто така познат по неговиот луксузен живот и чаламење. Ромео Живиќ добил име и место во круговите на подземјето кога во Куманово со убиството на албанецот Нечко локален насилник со кого дошол во конфликт. Убиството се случило среде град пред кафеаната Еснаф така што Ромео го избодел Нечко со 36 убоди од нож за ова Ромео никогаш не одговарал пред законот. Ромео прегазил и човек со својот автомобил исто така не одговарал никогаш. Познат беше по тоа што во војната 2001 бил еден од заложниците во Липково цели 4-ри месеци. Во август 2002 Ромео учествувал во голема тепачка и престрелка во хотел Континентал во Скопје. Ромео Живиќ е убиен во Март 2004 година од страна на голем криминалец Јане Павловски Тица наводно поради лихварски долг.
Франкфурт Мафија
Една од најголемите и најсериозните криминални групи во Македонија досега официјализирана и испопуларизирана со акцијата Диригент. Акцијата Диригент се одвиваше во повеке наврати каде беа апсени по десетици поголеми и лидери на организираната група. Попатно покрај акцијата имаше и многу други апсења на дилери и организатори (Босови) кои беа дел од криминалната мрежа за продавање во главно Хероин во Австрија и Германија. Инаку т.н. Франкфурт Мафија потекнува од Велес и главните корења, членови и организатори и се од Велес. Имено меѓу велешани се зборува дека целата работа почнува некаде касните осумдесети и раните девеесети од минатиот век каде официјално се започнало од еден велешанец тогаш во лудите години кој прв го пробил патот за трговија со дрога од Велес кон Франкфурт инаку велешанецот основачот на Франкфурт Мафија бил добро школуван џебџија и провалник уште како малолетник, но многу интелигентен. Набрзо се збогатил многу и станал (Бос) на тогашните членови (кандидати) за трговија со дрога... Преку нив основачот направил стотици илјади евра а познато е и дека бил непресметлив при конфликти и многуте тепачки низ Велес во тој период. Подоцна основачов паѓа од тронот и со тоа му паѓа и моќта односно прележува многу години затвор губи доста пари и веке не е тоа што бил. Официјални големи (Босови) некаде од почетокот на новиов век се Зоран Манасков (Скршениот) и Јордан Јорданов (Ркулот) инаку ркулот ученик во трговијата на основачов. Скршениот и Ркулот иако своевремено партенри во периодот некаде 2006, 2007 подоцна допираат до степен да бидат лути ривали поради бизнисот. Иако Ркулот доста помлад бил и доста поуспешен од Скршениот успеал да регрутира најмалку 500 млади велешани во Франкфурт и Виена. За разлика од ркулот кој живеел раскошно и возел скапи Мерцедеси Скршениот исто така живеел доста материјално квалитетно, но бил и многу по проблематичен, Ркулот немал закачки и тепачки, додека Скршениот имал доста тепачки дури и вооружани конфликти како во Велес така и низ Европа. Зоран Манасков Скршениот е уапсен во акцијата Диригент и осуден на отприлика десетина години затвор со неговите главни соработници. А Јордан Јорданов Ркулот е убиен во Септември 2010 во рибниот ресторан Биг Фиш со неговите соработници од страна на Тони Денковски (Тони Бели) исто така голем мафијаш од скопското подземје. Причината е наводно долг, но сите докази се повеке од сумнителни. Интересен факт за Франкфурт мафијата е што нејзините членови држеле 19 од 24 општини во Виена.