Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Значи целта на темава е коментирање, општа дискусија и објавување информации за криминалци, криминални групи, случки и инциденти со познати криминалци (да не пишувам мафијаши...) тепачки и пресметки помеѓу криминалци во Македонија. Значи се што спаѓа под организиран криминал и чаршиски муабети за опаки момци и случки со нив. Апсолутно немојте да пишувате за политички криминали тоа против целта на темата. Не ме интересира воопшто што ке си помислите за целта на отворање на темава пошто јасно е објавено погоре.
Ке објавам за почеток за да се развие дискусија неколку поголеми, по познати криминалци и случки.

Најпознати криминалци (мафијаши, жестоки момци) во Македонија вака за старт се:

Ацо Боцевски Циганот

Ацо Циганот добро познат криминалец и своевремено тепач на постарите генерации човек со многу дела и конфликти познат по упади во дискотеки, но и близок човек на тогашната власт. Во 1997 Ацо го застрелал Сеад Ибраими убивајки го на лице место зошто предходно добил ќотек од него. За ова дело Ацо добива 15 години затвор, но при пуштање во домашен притвор успева да "побегне" од државава и не е пронајден до ден денес. Меѓу скопјани има доста шпекулации дека Ацо се крие во Солун подоцна и во Аргентина дури и дека доста пати по бегството повторно е виден во Скопје но ништо официјално.

Марјан Тушевски

Еден од најголемите рекетари што го памети Скопје човек што го рекетирал целиот ГТЦ, многу фирми и повекето големи газди. Марјан Тушевски и неговиот личен возач (потрчко) Киро Јанев (Бамбус) се убиени на 07.12.2001 година во скопската населба Тафталиџе. Убиени се кога испаѓале од кафеаната Витраж и се упатувале кон нивната кола се смета дека е пукано од високо и најпрофесионално со неколку испукани куршуми од пиштол двајцата изрешетани починуваат на лице место. Се смета дека убиството е нарачано и добро платено од тогашен голем политички службеник.

Џељај Ајети (Џељо)

Џељај, неговите браќа и други другарчиња од нивното родно Арачиново наречени (Беланоча) по доселувањето во Скопје во периодот на осамосталувањето на Македонија каде и се оформуваат првите официјални големи криминалци и криминални групи почнува со изнуди и рекет, лихварење а подоцна и со трговија со дрога (бело). Џељо е најистакнат член на криминалната фамилија тој е иницијатор на целиот криминал и заработување нечисти милиони. Познат е он и неговите потрчковци и браќа по доста сериозни конфликти и престрелки еве неколку... Во 1996 Џељо ги одлежува неговите единствени 6 месеци затвор поради соучество во убиство на полициски инспектор пред трговскиот центар Беверли Хилс. Во 2006 убиен е Миле Петковски Брус од страна на Џељо и неговата екипа поради што наводно зет на Брус го убил братот на Џељо Ајети. Џељо е убиен во својата чајџилница Ролекс во декември 2013.

Горан Ѓоргиевски Мујо (Командант)

Иако покрај многуте шпекулации дека Мујо не бил криминалец, рекетар и се др. Кумановци добро знаат кој е и што е Горан Мујо од Куманово. Жесток дечко на асфалтот пријател на многу познати јавни личности, голем рекетар познат по многу упади во многу локали во Куманово и пошироко, своевремено има избегано на доста години во Јужна Африка веројатно поради нерасчистени сметки во Македонија. Според Кумановци дечко каков што не се раќа веке. Храбар момак што тепал и повеке души одеднаш физички поголеми од него, но и човек што знаел да брани и да помогне наводно. Неговиот врв на славата се случи после војната во 2001 каде тој беше командант на паравоената формација Лавови која учествуваше во конфликтите. Горан Мујо е убиен заедно со својот пријател Ненад Чавка во дискотеката Линка од страна на сопственикот Горан Линка во април 2005 година. На погребот учествувале илјадници негови пријатели од целиот балкан.

Ромео Живиќ

Исто така голем играч во кумановското подземје близок пријател на Мујо иако доста постар од него. Еден од првите ако не и прв човек во Македонија што си дозволил Ферари уште во раните девеесети, познат по неговите врски со манекенки, човек кој е наречен крал на подземјето и исто така познат по неговиот луксузен живот и чаламење. Ромео Живиќ добил име и место во круговите на подземјето кога во Куманово со убиството на албанецот Нечко локален насилник со кого дошол во конфликт. Убиството се случило среде град пред кафеаната Еснаф така што Ромео го избодел Нечко со 36 убоди од нож за ова Ромео никогаш не одговарал пред законот. Ромео прегазил и човек со својот автомобил исто така не одговарал никогаш. Познат беше по тоа што во војната 2001 бил еден од заложниците во Липково цели 4-ри месеци. Во август 2002 Ромео учествувал во голема тепачка и престрелка во хотел Континентал во Скопје. Ромео Живиќ е убиен во Март 2004 година од страна на голем криминалец Јане Павловски Тица наводно поради лихварски долг.

Франкфурт Мафија

Една од најголемите и најсериозните криминални групи во Македонија досега официјализирана и испопуларизирана со акцијата Диригент. Акцијата Диригент се одвиваше во повеке наврати каде беа апсени по десетици поголеми и лидери на организираната група. Попатно покрај акцијата имаше и многу други апсења на дилери и организатори (Босови) кои беа дел од криминалната мрежа за продавање во главно Хероин во Австрија и Германија. Инаку т.н. Франкфурт Мафија потекнува од Велес и главните корења, членови и организатори и се од Велес. Имено меѓу велешани се зборува дека целата работа почнува некаде касните осумдесети и раните девеесети од минатиот век каде официјално се започнало од еден велешанец тогаш во лудите години кој прв го пробил патот за трговија со дрога од Велес кон Франкфурт инаку велешанецот основачот на Франкфурт Мафија бил добро школуван џебџија и провалник уште како малолетник, но многу интелигентен. Набрзо се збогатил многу и станал (Бос) на тогашните членови (кандидати) за трговија со дрога... Преку нив основачот направил стотици илјади евра а познато е и дека бил непресметлив при конфликти и многуте тепачки низ Велес во тој период. Подоцна основачов паѓа од тронот и со тоа му паѓа и моќта односно прележува многу години затвор губи доста пари и веке не е тоа што бил. Официјални големи (Босови) некаде од почетокот на новиов век се Зоран Манасков (Скршениот) и Јордан Јорданов (Ркулот) инаку ркулот ученик во трговијата на основачов. Скршениот и Ркулот иако своевремено партенри во периодот некаде 2006, 2007 подоцна допираат до степен да бидат лути ривали поради бизнисот. Иако Ркулот доста помлад бил и доста поуспешен од Скршениот успеал да регрутира најмалку 500 млади велешани во Франкфурт и Виена. За разлика од ркулот кој живеел раскошно и возел скапи Мерцедеси Скршениот исто така живеел доста материјално квалитетно, но бил и многу по проблематичен, Ркулот немал закачки и тепачки, додека Скршениот имал доста тепачки дури и вооружани конфликти како во Велес така и низ Европа. Зоран Манасков Скршениот е уапсен во акцијата Диригент и осуден на отприлика десетина години затвор со неговите главни соработници. А Јордан Јорданов Ркулот е убиен во Септември 2010 во рибниот ресторан Биг Фиш со неговите соработници од страна на Тони Денковски (Тони Бели) исто така голем мафијаш од скопското подземје. Причината е наводно долг, но сите докази се повеке од сумнителни. Интересен факт за Франкфурт мафијата е што нејзините членови држеле 19 од 24 општини во Виена.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Симболот на најпознатата криминална група овде, капо ди тути капи

Обично членство менат на 4 години, некогаш поретко/почесто, низ години имале разни водачи, ама бизнисот е на прво место секогаш.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Поштарот? Не беше тој некој апаш? Ден денес се сеќавам на денот кога распукаа, оти живеам во близина и гадно беше богами, али не сфатив за што го утепаа, едино што знам е дека фрлил бомба према полицијата во текот на пукањето али не експлодирала па го наполниле олово...

[DOUBLEPOST=1434667360][/DOUBLEPOST]
Симболот на најпознатата криминална група овде, капо ди тути капи

Обично членство менат на 4 години, некогаш поретко/почесто, ама бизнисот е на прво место секогаш.
Ја мислам дека ова е гнездото на најголемите кримоси у државава...
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Поштарот? Не беше тој некој апаш? Ден денес се сеќавам на денот кога распукаа, оти живеам во близина и гадно беше богами, али не сфатив за што го утепаа, едино што знам е дека фрлил бомба према полицијата во текот на пукањето али не експлодирала па го наполниле олово...

[DOUBLEPOST=1434667360][/DOUBLEPOST]

Ја мислам дека ова е гнездото на најголемите кримоси у државава...
Еве зошто е убиен Марјан Тушевски (Поштар) http://burevesnik.org/bs/ekskluzivno/item/327-доста-димовска-е-нарачател-на-убиството-на-тушевски-и-јанев.html Инаку мислам дека не пукано према него од страна на полицијата него од страна на непознат напаѓач од некоја зграда од високо пукал према него. И ке ве молам да се воздржите од коментарите за политички криминали...
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Еве зошто е убиен Марјан Тушевски (Поштар) http://burevesnik.org/bs/ekskluzivno/item/327-доста-димовска-е-нарачател-на-убиството-на-тушевски-и-јанев.html Инаку мислам дека не пукано према него од страна на полицијата него од страна на непознат напаѓач од некоја зграда од високо пукал према него. И ке ве молам да се воздржите од коментарите за политички криминали...
Ау имало 2-ца со таков надимак Поштар. Мислев на Диме Ицко(в)ски - Поштарот, за Марјан Тушевски знам шо е работата...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Расчепкај за Прчето и Коло од Прилеп кога веќе темата е за цела МК. Едниот убиен од одмазда поради правење на инвалид на дечкото години пред тоа, „недочека“ казна поради материјален криминал а другиот убие на пиво фест од човек кој го рекетирал. Двајцата бивши членови на лавови.

Нема човек што бил низ прилепска чаршија пред 2001 и што не се сеќава на покажаните вени на чело од Прчето, го убијаа не многу после завршувањето на војната....

Коло беше и полицаец после расформирањето. Еве повеќе од 10 години уште се памти „анегдотата на плетвар“. Коло по куси ракави во полициска униформа запира некој рандом. Овој го гледа 150 кила сиот истетовиран по раце со злато нареден и го прашува кај е скриената камера :tapp:
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Еве кој е Никола Мојсоски Кољо иначе близок пријател и соборец на Горан Мујо. Сликата доволно објаснува. Како што кажа погоре Шака зулу убиен е на Пиво Фест во Прилеп не знам датум и околности.

378475_327663163927794_731424851_n.jpg
Слика од Горан Ѓорѓиевски Мујо
11196319_1037949672899136_2766588325146602282_n.jpg
И слика од Ромео Живиќ Роки
1377268_692751570752283_891658974_n.jpg
Наскоро нови текстчиња и за криминалци и екипи што сеуште дејствуваат и слики се разбира.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Oколу Марјан Тушевски малку подетално, имав прилика да слушам предавање од човек кој работел на случајот.

Секогаш кога истиот одел во кафана, најпрвин влегувало неговото обезбедување, разгледувало терен, а потоа влегувал и тој откако ќе се увереле во чистината на местото.

Убиството е извршени од Срби (ко шо ме држи меморијава од раскажуваното на професорот). Строго професионално, дури и ни објаснуваше истиот кој во кој предел бил погоден.

Е сега имаше уште еден интересен пример само не можам да се сетам на ликов, памтам само дека боксер бил на времето, убиен е надвор од Македонија (дали Турција, дали Бугарија беше ич не ми текнува) Дури и на гугл го најдов ко си дојдов дома. Знам само дека биле крајно лути ривали со Марјан Тушевски. Дури и имало некаква си престрелка меѓу истите во одреден период, како резултат на косење интереси.
 
Да да Тушевски бил голем играч и професионално ликвидиран по нарачка на големи политичари.

Иначе за вториот лик што пиша се работи за Сашо Димитровски Боксер од Куманово кој бил навистина боксер иначе сопственик на кафаната Европа во Куманово. Многу пати Сашо Боксер бил нападнат со обид да биде ликвидиран, но неуспешно. Убиен е во Септември 2005 во сопствената кафана.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Веднаш после убиството на Тушевски се појавија муабети дека Љубе Бошкоски стои позади убиството, пошто наводно Тушевски претерал со ректирање и му се заканувал (тепал?) на шурата на Бошкоски. За Љубе се збореше дека ја нарачал и ликвидиацијата на овој криминалецот од Македонија во Бугарија што го убија не знам како се викаше. Заедно со Тушевски го убија и неговиот возач некој ситен мафијаш па затоа никој не го ни спомнува. По убиството во непосредна близина беше виден и Нинџа а расплакан да го жали дојде и Типе иако сите збореа дека биле ептен скарани.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Ова не се мафијаши, ова се група празноглави сељаци кои во глава си го направиле филмот „Ране“. Вистинските босови не носат 5 кила тешки, златни синџири околу врат. Вистинските мафијаши ги плаќаат овие празноглавиве за да ги завршат прљавите работи за нив, носат сако и имаат титула. Некој од нив најчесто ги гласате и им давате уште поголема моќ.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Daj pisi nesto za ohridskite mafijasi, ima interesni likovi. :)
Ке пишам и за тоа понатаму. :)
Веднаш после убиството на Тушевски се појавија муабети дека Љубе Бошкоски стои позади убиството, пошто наводно Тушевски претерал со ректирање и му се заканувал (тепал?) на шурата на Бошкоски. За Љубе се збореше дека ја нарачал и ликвидиацијата на овој криминалецот од Македонија во Бугарија што го убија не знам како се викаше. Заедно со Тушевски го убија и неговиот возач некој ситен мафијаш па затоа никој не го ни спомнува. По убиството во непосредна близина беше виден и Нинџа а расплакан да го жали дојде и Типе иако сите збореа дека биле ептен скарани.
Ставив линк од најдобриот новинар истражувач за тоа кој го нарачал убиството... Погледни погоре. За Типе не знам ништо, но Нинџа е голем опаш.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ке пишам и за тоа понатаму. :)

Ставив линк од најдобриот новинар истражувач за тоа кој го нарачал убиството... Погледни погоре. За Типе не знам ништо, но Нинџа е голем опаш.
ќе ѕирнам ја ова од прва рака ти кажувам како непосреден сведок на убиството:)[DOUBLEPOST=1434712073][/DOUBLEPOST]
Поштарот? Не беше тој некој апаш? Ден денес се сеќавам на денот кога распукаа, оти живеам во близина и гадно беше богами, али не сфатив за што го утепаа, едино што знам е дека фрлил бомба према полицијата во текот на пукањето али не експлодирала па го наполниле олово...

Диме Ицковски Поштар има ограбено пошта таму негде кај што живееше во зелениково или не знам плус уште некои такви кражби, не бил некој мафијаш него онака арамија:). После или киднал од затвор или имало некоја постапка за жалба за неговата пресуда ама овој го искористил тоа време да се придружи на безбедносните сили и бил 5 месеци сместен во тетово за време на конфликтот 2001. Ради тоа ваљда рачунал на амнестија ама премиерот Хари Костов не бил спремен за такво нешто па праќаше полиција во Булачани да го апси безуспешно два три пати (наводно селаните му помагале да се скрие, ова као некоја комитска/партизанска приказна). Се заеба што на телевизија изјави дека ако сака хари костов да го уапси нема да се предаде без борба. После тоа отишол кај некој пријател во карпош, полицијата дошла и го изрешетала. Имаше повеќе приказни дека бил убиен без да пружи отпор ама изјавата дека нема да се предаде без борба им беше кец на десетка на тогашното МВР (наводно Хари Костов бил многу инзервиран од изјавите на Поштарот на одобрил ликвидација)
Ако продолжам вака да раскажувам ќе го стигнам Цацко К-15 у раскажување филмови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom