Ај вака поизџвакано малку,гледам со многу мудрување не бива.
Во ред е бе браќа Македончиња (да ми прости Грујо) видовме зошто мислите дека Југославија не чинела на едниот на дедо му дуќанот му го зеле на друг точакот му го украле и тоа пази не еден туку повеќе точаци
,некој телевизор сакал од Германија затоа што тие биле екстра квалитетни а Југословенските не чинеле (иако јас сеуште имам тв Горење од тоа време кој сеуште работи одлично),барем да направевте некој реални споредби што тогаш не чинеше а денес е подобро ќе разберев ама вака ц.
Југославија:
1. Загарантиран годишен одмор.
2. Исплата на К15.
3. Државни фабрики и домашни брендови (производи) со добар и признат квалитет.
4. Платата на работникот била доволна да може да преживее месец и да заштеди нешто настрана.
5. Бесплатно образование и здравство
6. Студентите после дипломирањето работеа во својата земја и на својата струка.
7. Силна војска и полиција.
8. Можноста годишно да се отиде на фамилијарен годишен одмор (од планина до море).
9. Со платата можеш да си купиш стан и тој стан да го исплатиш.
...
Македонија:
1. Нема загарантиран годишен одмор
2. Се исплати К-15 (само една година) но повеќето уредно се си вративме на газдите,затоа што тоа било колку онака пред законот а не ни се следувале нас,сме имале плата и доста ни било.
3. Нема државни фабрики,а домашните подобри брендови се многу малку и не се со некој докажан квалитет.
4. Платата на работникот е доволна да преживее првата недела-две од месецот.
5. Образованието е се само не бесплатно а здравството да не го споменувам тешко на тој болен што ќе падне.
6. Студентите после дипломирањето фрлаат дипломата во шкаф,и доколку несакаат да бидат малтретирани и омаловажувани за бедна плата во некоја од новопечените фабрики (популарно наречени странски инвестиции) си фаќаат патот за странските земји.
7. X,X
8. Биди среќен ако можеш и сам да заминеш некаде,барем нека е тоа и еднаш на неколку години.
9. Фамилијарно ќе црнчиш за свадба,а кога ќе се жениш стан сам ќе си купиш од кај Ставре (купи куќа - купи стан) и ќе го исплаќаш цел животен век а можно е да го до исплаќаат и твоите деца.
...
Во Југославија го имавме Тито кој беше миленик на целата нација,додека пак денес во Македонија си го имаме Ѓорѓе (Џорџ) каде што народот на него гледа со сожалување бидејќи човекот неможе да се привикне на својата функција и после втор мандат
.
И за крај додека Југославија беше призната како економски стабилна држава во светот,денес Македонија е призната како економски стабилна само од Сител.