Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Кога пишуваш биди малку пореален и продавај му муда за бубрези на тие што не се отидени подалеку од Ниш.Татко ти бил гастербајтер ама не работел 8 саати туку 12 на ден и тоа 6 дена во неделата бидејки во Германија градежниците не смеат да работат само во недела ,а тие што работеа во Ју дупло исто земаа како во германија.Таткоти дека бил вреден работник не се сомневам,ама во 60-тите и 70 тите години разликата во плата Ју-германија не била голема тука почна од 80 тите .Не сакам да ги понижавам вредните Македонски гастербајтери во тоа време ама живееле по 5-6 души во еден стан за да спечалат.
Тие што отидоа во тоа време во Германија заминаа преку бирото за вработување бидејки германците требаа да платат некоја оштета од втората светска војна.
Како и да е не ти држит споредбата.
Jugoslavija imala 1970-ta 800 dolari godishno po chovek.
Zapadna Germanija 3.300 dolari.

Kako toa imale isti plati?

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Гледам има доста ју носталгичари на темава.Браос бе,само така напред.Само не знам кога ке се разбудите од таа небулоза дека ју ја нема веке.Умре 91-ва како што умре идејата за 1000 вековно владеење на комунистите......

Дали се живеело подобро во Ју?Не би се сложил со тоа.Иако фатив добар период од таа држава,вклучувајки и школо,па факултет,па војска,итн,итн,не беше цвеке за мирисање.Имаше огромни пропусти,се беше вештачки,со благослов на УДБА и кодошите што сега треба да ја иселиме цела држава,зошто испадна дека секој во Мк бил кодош????

Мислевме дека живееме убаво.Тогашниот систем сега ни излегува низ нос.Проблемите кои постоеа се туркаа под тепих,за да сега се излезе на површина.

Ако беше нормална држава немаше да се распадне 91-ва...[DOUBLEPOST=1434663357][/DOUBLEPOST]
Jugoslavija imala 1970-ta 800 dolari godishno po chovek.
Zapadna Germanija 3.300 dolari.

Kako toa imale isti plati?

Sent from my E2003 using Tapatalk

Имале по вештачкиот курс на тогашна Народна Банка каде динарот бил вештачки јакнат,а штампариите печателе хартија без вредност,а нас не мафтосуваа дека има вредност.....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.074
Поени од реакции
6.691
Гледам има доста ју носталгичари на темава.Браос бе,само така напред.Само не знам кога ке се разбудите од таа небулоза дека ју ја нема веке.Умре 91-ва како што умре идејата за 1000 вековно владеење на комунистите......

Дали се живеело подобро во Ју?Не би се сложил со тоа.Иако фатив добар период од таа држава,вклучувајки и школо,па факултет,па војска,итн,итн,не беше цвеке за мирисање.Имаше огромни пропусти,се беше вештачки,со благослов на УДБА и кодошите што сега треба да ја иселиме цела држава,зошто испадна дека секој во Мк бил кодош????

Мислевме дека живееме убаво.Тогашниот систем сега ни излегува низ нос.Проблемите кои постоеа се туркаа под тепих,за да сега се излезе на површина.

Ако беше нормална држава немаше да се распадне 91-ва...[DOUBLEPOST=1434663357][/DOUBLEPOST]


Имале по вештачкиот курс на тогашна Народна Банка каде динарот бил вештачки јакнат,а штампариите печателе хартија без вредност,а нас не мафтосуваа дека има вредност.....
не бе сега мислиш дека живееш поубаво
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.074
Поени од реакции
6.691
да беше ваква бивша Ју, можеби немаше да се родиш зошто твоите родители не би имале стандард да планираат семејство,можеби немаше демократија тогаш,но ниту луѓето не беа под економско робство на денешницата,сите имаа заработка со која можеа барем да испланираат фамилија и да обезбедат дом,истовремено греење и сите продукти да бидат задоволни и да водат еден нормален живот...........дали мнозинството работници од странските или домашни инвеститори ќе се пофали со тоа :icon_lol:

али ќутете има и полошо........
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Имало ствари кои биле добри, безбедност, сигурност, загарантирана плата и работа, идентитет, почит, здраством и образование и многу добри ствари.

Но исто така имало и лоши ствари.

Дедо ми и Пра Дедо ми биле инжињери, Татко ми магистрирал за Архитектура исто така, а баба ми професорка по Македонски Јазик. Имале работа да, но платата им била скоро слична како на комшиите кои биле обични работници со 4то оделение. Возеле исти коли, иделе исто на одмор, исто се.

Ги прашав зошто не се бунеле. Но ми кажаа дека и да сакаш неможеш, немало слобода на говор, немало опции за отварање на бизниси. Нај богатите биле тие од Комунистичката Партија на Југославија и Воените Генерали. Ништо поинаку од сега, според мене. Единствено е што имаш опција за соптсвен бизнис сега.

Се знае дека систем како Едно Партиска Комунистичка Држава, не може да функционира правилно. Не за џабе сите држави кога некогаш биле комунистички денеска се сиромашни, освен некои многу ретки исклучоци како Чешка.

Единствено што можам да кажам добро за Југославија е тоа што не била како другите комунистички држави. Имало малце повеќе слобода у споредба со СССР итн, но пак не доволно слободна како Запад.

Инаку за пасошот што се се фатиле дека бил се моќен, не баш, во тоа време било многу полесно да се емигрираш во друга држава, дури и без пасош. Да постоеше денеска Југославија со истите стандарди немаше никаде да се признава пасошот.
Исто така, ти пак можеш да патуваш каде сакаш, просто аплицирај за виза. Ако имаш добра причина 99% даваат.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Ај вака поизџвакано малку,гледам со многу мудрување не бива.
Во ред е бе браќа Македончиња (да ми прости Грујо) видовме зошто мислите дека Југославија не чинела на едниот на дедо му дуќанот му го зеле на друг точакот му го украле и тоа пази не еден туку повеќе точаци:),некој телевизор сакал од Германија затоа што тие биле екстра квалитетни а Југословенските не чинеле (иако јас сеуште имам тв Горење од тоа време кој сеуште работи одлично),барем да направевте некој реални споредби што тогаш не чинеше а денес е подобро ќе разберев ама вака ц.

Југославија:
1. Загарантиран годишен одмор.
2. Исплата на К15.
3. Државни фабрики и домашни брендови (производи) со добар и признат квалитет.
4. Платата на работникот била доволна да може да преживее месец и да заштеди нешто настрана.
5. Бесплатно образование и здравство
6. Студентите после дипломирањето работеа во својата земја и на својата струка.
7. Силна војска и полиција.
8. Можноста годишно да се отиде на фамилијарен годишен одмор (од планина до море).
9. Со платата можеш да си купиш стан и тој стан да го исплатиш.
...

Македонија:
1. Нема загарантиран годишен одмор
2. Се исплати К-15 (само една година) но повеќето уредно се си вративме на газдите,затоа што тоа било колку онака пред законот а не ни се следувале нас,сме имале плата и доста ни било.
3. Нема државни фабрики,а домашните подобри брендови се многу малку и не се со некој докажан квалитет.
4. Платата на работникот е доволна да преживее првата недела-две од месецот.
5. Образованието е се само не бесплатно а здравството да не го споменувам тешко на тој болен што ќе падне.
6. Студентите после дипломирањето фрлаат дипломата во шкаф,и доколку несакаат да бидат малтретирани и омаловажувани за бедна плата во некоја од новопечените фабрики (популарно наречени странски инвестиции) си фаќаат патот за странските земји.
7. X,X
8. Биди среќен ако можеш и сам да заминеш некаде,барем нека е тоа и еднаш на неколку години.
9. Фамилијарно ќе црнчиш за свадба,а кога ќе се жениш стан сам ќе си купиш од кај Ставре (купи куќа - купи стан) и ќе го исплаќаш цел животен век а можно е да го до исплаќаат и твоите деца.
...
Во Југославија го имавме Тито кој беше миленик на целата нација,додека пак денес во Македонија си го имаме Ѓорѓе (Џорџ) каде што народот на него гледа со сожалување бидејќи човекот неможе да се привикне на својата функција и после втор мандат :unsure:.

И за крај додека Југославија беше призната како економски стабилна држава во светот,денес Македонија е призната како економски стабилна само од Сител.
JF.jpg

SF.jpg
 
Последно уредено:
А

Атлантист

Гостин
Не ти контактирај го. :pos:
Типов режирал спот за некаква фиктивна Југославија во која не се случила војна 90 - тите, а била богата, не гледаш годинава 1996. :) Од таму е извадена насловнава и се пренесува по фејсбук и твитер,
'Yustalgija' je naziv singla repera Prikija s debi albuma 'U cipelama moga oca' za koji je spot režirao Filip Filković Philatz poigravši se radnjom pjesme i smjestivši je u fiktivnu Jugoslaviju kakva je možda mogla biti da se nije dogodio rat. Može li uzbudljivije?

Spot je pretpostavka alternativne povijesti, odgovara na pitanje što bi bilo da se rat 90-ih na ovim prostorima nikada nije dogodio i da se Jugoslavija nikada nije raspala. Kroz spot autor Filip Filković Philatz...
http://www.tportal.hr/showtime/glazba/233062/Pogledajte-kontroverzni-spot-o-Jugoslaviji.html#Comment,11783
види на 1:25
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Некои што пекаат за Југославија, всушност жалат за голема Србославија и му се љутат на Милошевиќ што не ја поделил Македонија со Грција.[DOUBLEPOST=1434711016][/DOUBLEPOST]
Ево го економскиот бум на Пастирот

http://www.dokaz.mk/drekselmaer-fabrika-na-smrtta/
Каква врска имаат раководстото и вработените на приватна фирма со Грујо?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.366
Поени од реакции
4.804
6. Студентите после дипломирањето фрлаат дипломата во шкаф,и доколку несакаат да бидат малтретирани и омаловажувани за бедна плата во некоја од новопечените фабрики (популарно наречени странски инвестиции) си фаќаат патот за странските земји.
Читајќи ја ова ми текна дека имам диплома и не знам кај сум ја ставил...[DOUBLEPOST=1434713486][/DOUBLEPOST]
Каква врска имаат раководстото и вработените на приватна фирма со Грујо?
:vozbud:Не е крив воопшто, некој друг сечел ленти изгледа, некој друг има понудил такви услови и робови работници на приватните фирми.... Заев???
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Не ти контактирај го. :pos:
Типов режирал спот за некаква фиктивна Југославија во која не се случила војна 90 - тите, а била богата, не гледаш годинава 1996. :) Од таму е извадена насловнава и се пренесува по фејсбук и твитер,


http://www.tportal.hr/showtime/glazba/233062/Pogledajte-kontroverzni-spot-o-Jugoslaviji.html#Comment,11783
види на 1:25
Mnogu si se iznamachil postirajki:несвест:
 
А

Атлантист

Гостин
^
Не бе какви маки :), само го цитирав авторот и го посочив изворот. Се измачиле оние со огромни постови на темава во докажувањето небулози, да не ги цитирам.

Реално немаше ни потреба да го барам изворот на небулозата, јасно е од самиот наслов е дека се работи за глупост.
Но луѓево искрено вруваат во глупости, доволно е само да се спомне 3 армија на свет (или 3 во Европа беше) или меѓу најбогатите во Европа и да знаеш дека е тоа глупа фраза, базирана на некаков фалсификат и сл.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.074
Поени од реакции
6.691
^
Не бе какви маки :), само го цитирав авторот и го посочив изворот. Се измачиле оние со огромни постови на темава во докажувањето небулози, да не ги цитирам.

Реално немаше ни потреба да го барам изворот на небулозата, јасно е од самиот наслов е дека се работи за глупост.
Но луѓево искрено вруваат во глупости, доволно е само да се спомне 3 армија на свет (или 3 во Европа беше) или меѓу најбогатите во Европа и да знаеш дека е тоа глупа фраза, базирана на некаков фалсификат и сл.
затоа имаме чест да уживаме во прекрасната денешнина и иднина со 30 % невработеност,безброј социјални случаи,над 50% вработени земаат минимална плата која не стига за сам човек да го помини месецот,не пак да израни фамилија и да школува деца,недајбоже да им обезбеди нов топол дом да се осамостојат

западниот и источниот блок кокетираат над 30 години да ја придобијат на своја страна,држи в рака цел блок на Неврзани со кои има економска и пријателска соработка,добива преефтина нафта.............СФРЈ или ФИРОМ ??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom