Дрвјата и камењата не се занимават со научни истражувања, а уште помаку со „објективни„ научни заклучоци.
А со што се занимаваат? Како ќе знаеме што е вистинската вистина, ако не ни откриеш? Нели тоа што не ги засега дрвјата и камењата е само точно, но не и вистинито? Како ќе ја дознаеме вистината која толку често бараш да ти ја кажам, ако не ни откриеш што ги засега?
Примерот веќе го имам кажано мал миљон пати.
Каде? Ете јас не сум го прочитал, што е толку тешко да го кажеш уште еднаш доколку си го кажал предходно?
Темава е наменета за дискусии на верски теми, не за научни.
Сознанијата од духовната и материјалната сфера најчесто се неспоредливи па така, верата и скептицизмот се тешко споиви.
Тогаш, зошто ти самиот почнуваш да мешаш дарвинизми, еволуции, марксизми, комунизми?[DOUBLEPOST=1434574261][/DOUBLEPOST]
Ако од целово објаснување линкови... не разбра дека во православието има нужда од директна практика, тогаш не можам да ти помогнам.
Ете објасни ми тоа што те прашав, како бебе ќе успее директно да се вклучи во крштевката?
Не е вадење а одговор.
Ти зошто го игнорираш фактот за неопходноста од директно учество и опит за практиките кои ти ги набројав?
Постот,молитвата,безмолвието....... тие пасивно ги набљудува верникот?
Ако не е вадење, повели одговори тоа што те прашав и погоре! На кој начин бебето не е пасивен набљудувач додека трае крштевката? Како ќе се здобие со опит?
Каква е врската со конкретниот случај за Гедлов која е години после пресудата.
Или таа ’’пресуда’’се покира.
Еве каква е:
Итекако има врска, австралискиот сајт имаше изнесено лаги дека ние сме жртвувале бебиња, дека во Редот се користи употреба на наркотични дроги, дека се изведувале оргии и слично! Сето тоа преку системот на расипан телефон се споделува помеѓу таблоидите, се филува, преувеличува и се апдејтира со некој тековен и актуелен настан.
[DOUBLEPOST=1434575218][/DOUBLEPOST]
Eве за јогата:
https://www.edendecoded.com/blog-2/item/yoga
Псалм 1
1. Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2. па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
3. тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сè што прави, напредува.
4. Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
5. Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведниците.
6. Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел.
Јогата постоела и пред христијанството и ќе постои и после него.
И на трепки да дубите, неможете да го смените фактот дека јогата е исклучиво втемелена на пракса и дека без да ја практикуваш, неможеш да ја познаваш, уште помалку да ја коментираш.
Јогата не само што во никој случај не е "безбожништво" во било која смисла и да го сватиш тој збор, туку токму напротив, таа е директен и непосреден начин за спознавање на божественото, преку лично инволвирање, без догми, без закани, без заплашувања, без потреба да се посочува било кој како непријател, опасност или зло! Но вие очигледно за да опстоите, потребно ви е токму тоа, потребно ви е да ги посочите различните како опасни, грешни, како закана, како зло... Без непријател, не сте способни да опстоите, па мора да го создадете и кога го нема.