Средно Училиште.

  • Креатор на темата Креатор на темата lalatrala
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2015
Мислења
12
Поени од реакции
0
Завршив основно и сега, нормално иде Средно. Планирам да се запишам во Корчагин, ама сакав да прашам дали ќе ме примат со три 4ки (во осмо одделение (математика, физика и хемија)) и оваа година (деветто одделение :cenzura:), исто така три 4ки (истите предмети + екстерно македонски 4ка :mad:). Учев многу, ама на тестови поради трема се зафркнував и затоа имам 4ки иначе не сум тапа. xD. Кажете ќе ме примат или слабо?
 
Провери си ги поените, мислам според оценките. Не се сеќавам како беше постапката, ама кога се запишував тогаш според тоа се гледаше.
 
Немој да се запишуваш во Корчагин.Немој жити се,жити мене иди си у Карев таму подалеку од мамините мази и миленици.Башка нема шаанса да ти биде Роска класна така да немој.Ова ти го кажувам од искуство.А за примање ќе те примат.
 
Ма ни у Корчаагин ни у Карев
 
Немој да се запишуваш во Корчагин.Немој жити се,жити мене иди си у Карев таму подалеку од мамините мази и миленици.Башка нема шаанса да ти биде Роска класна така да немој.Ова ти го кажувам од искуство.А за примање ќе те примат.
колку само ти е безвеза постов...
 
колку само ти е безвеза постов...

Да не имаш квалитетно образование во Корчагин ? Да не имаш квалитетни професори ?Отидоа Глобочка, Павлина и уште некои.Новиве се катастрашни. Не знам заматематички смер ти говорам за мене.Јас не се сметам за суперинтелегентно копиле ,а сепак поминував над 4 просек секоја година со 2 недели учење во цела година.Од цела генерација 15 деца беа океј за муабет што е нормален и уште 15 што беа интересни а не сум имал прилика да напраам муабет.У осмицата имаше многу јаки дечки што водеа primetime страна беше и ентузијасти си беа плус 2 девојчиња ако не се лажам.Све друго крекеризам и свои интереси,додека има корист од тебе е со тебе после кој те ебе.Да не правиме муабет како од кец стануваше петка на 80% од генерацијата,за кај мене у клас да не праиме муабет.И какви се не поклони фрштеа за 8ми март.Не знам во твое време како било , али јас останав у школото само ради класната.

Едит: Може ја не се уклопував у школово пошо сум од сељак од Аеродром , не знам.Ама едно знам дека моето дете не оди таму.Ау човече какви глупи деца постоеја тоа беше чудо.Има памет само за книга и ништо друго.Имаше една што немаше напраено муабет 4 години.Еднаш седев 7 часа до нејзе и и зборев, а она ми климаше и нишаше со глава.Имав една што стана и изјави дека повраќа пред секој тест и испрашување и затоа дехидрирала.Онаа весна што ми предаваше со питата на глава и го препишав цел тест и ми стаи 3ка.И и викам професорке се е напишано како може 3ка.Така ти си за тројка.Абе и викам од учебник препишав се како може тројка да имам на тестов , ти стај ми слободно ама ова тестов не е за тројка.Ја прати една ромка од шестката да и земе папучи од шутка , оваа и донесе две десни. Хемија имавме просек од 4.8. Јас уште не знам која е разликата меѓу сулфереста и сулфурна киселина.Има потреба да продолжувам ?

Едино што вредеше од образовен аспект во мојата корчагинска кариера беа : Софрониевска- хемија ( Орце Николов) ми предаваше во втора и ме натера да седнам да научам за двојка ебани 120 страни.Толку не учат на приватен факултет за испит.

Глобочка - ФИзика , ме остаи на полагање во прва и ми рече ако ги научиш сите лекции што ќе ги дадам и ги предаваш пред сите ќе има шанси да добиеш 3ка.Професорка од збор.

Павлина - Биологија , ниеден предмет немам учено како Биологија.Сега да ме кренеш на материјалот од прва и втора ќе ти одговарам без грешка.

Роска - Македонски воедно и класна , ме седна на крај на прво полугодие и ми го просветли животов во поглед на литературата и карактерот мој идиотски.Не знам колку пати ми давала книги да ги читам и да ги раскажувам на час само за да ме натера да почнам да читам литература.

Овие се тие три, кои се симбол на Корчагин.Тоа строгото средно училиште што беше страв и трепет у Скопјево и во кое не можеше да се запише никој што не е 5.00.Рачунај мене мајка ми ме има запишано во тоа школо иако јас нејќев бидејќи мислеше дека строгочата и системот на учење ќе ме вратат на старите патеки од основно пред да се пореметам.Е ова е моето мислење за Корчагин.
 
Последно уредено:
Да не имаш квалитетно образование во Корчагин ? Да не имаш квалитетни професори ?Отидоа Глобочка, Павлина и уште некои.Новиве се катастрашни. Не знам заматематички смер ти говорам за мене.Јас не се сметам за суперинтелегентно копиле ,а сепак поминував над 4 просек секоја година со 2 недели учење во цела година.Од цела генерација 15 деца беа океј за муабет што е нормален и уште 15 што беа интересни а не сум имал прилика да напраам муабет.У осмицата имаше многу јаки дечки што водеа primetime страна беше и ентузијасти си беа плус 2 девојчиња ако не се лажам.Све друго крекеризам и свои интереси,додека има корист од тебе е со тебе после кој те ебе.Да не правиме муабет како од кец стануваше петка на 80% од генерацијата,за кај мене у клас да не праиме муабет.И какви се не поклони фрштеа за 8ми март.Не знам во твое време како било , али јас останав у школото само ради класната.
лол излеа иста генерација сме биле.
Донегде иначе се сложувам, ама нормално неможеш така да судиш сегде во сите школи а и во секој аспект од животот го имаш тоа...

Е сеа за квалитетното образование, РЈК увек е у врвот да не се лажеме...
Тоа што си отидоа некои екстра професори т.е што заминаа у пензија ништо драстично не ти мења..
Ја кај Глобочка цел живот имав 1 па на крај на година 2 па никому ништо...
Или кај Пацка...

Јас бев задоволен од Корчагин како и дае...

Сеа додуша до сменија директорот и владее таков хоас помеѓу наставниците што е катастрофа.. али тоа е што е...
 
Дочитај тоа што допишав.Јас брат не дека не сум задоволен, само кажувам дека порано било школо.Сега нема допирна точка со нашата генерација, ако си бил 2009/2013 а не со тие порано.
 
Епа јбг се мењаваат времињата...

Иначе еве за глобочка јас учев 1 лекција од 10-15 што се и се молев таа да ми се падне... и имав среќа ми се пагјаше и вадев 2ки...
На пацка и бев на пик за малце не ме остаи на полагање ама како што викаш не тераше да учиме сите,али за тестови седував у научував јбг...
За Роска ми е омилена професорка да не се лажеме, али и неам прочитано една лектира :)
Али ме сакаше и јбг се снаоѓав.....
Ме факаше за есеј 3 пати у еден час како препишивам од книга и ништо не ми рече ни избрка ни ништо :) првиот пат ми ја тргна книгата на крај на клупа, вториот пат ми ја зема...

Е сеа мојот рекор кај неа е 2на3на2 на есеј иам добиено рекорд у клас а немав ништо прочитано јбг ахахах

Иначе сегде у сите школи има вакви работи, немој да мислиш дека нема, негде има и подобро нели ама има и бетер...

Јас се би дал се врати тоа време и да бидам у Корчагин...

Како и дае еве сестра ми е осмо оделение т.е деветто и сеа ке се упишува у Корчагин така да...
 
Со среќа нека и е, нека и се погоди класот.Јас ти викам пак би се запишал само ако знам дека Роска ќе ми биде класна.
 
И сега да идам или не? П.С: Математика не ми лежи баш нај-нај, ама ако ја фатам книгата-научувам многу добро. Физика ми иде, само што ме мрази оваа што ми предава. Хемија не разбирам и никогаш нема да разберам, на памет учам. Француски неам ич ама баш ич појма. Биологија само за тест седнувам и научувам. Историја од час и телевизија се знам ахахха, другите предмети не се важни. Кажете мислење. Да идам РЈК / Да не идам РЈК.
 
Абе јас имам завршено у РЈК, мене ми беше екстра.
Нормално да ти кажам да идеш.

Али многу работи се сменети.
Има нов куртонски директор( стариот беше звер).
Има доста нови професори.
Бајаги се отидени у пензија.

Али според мене има и доста уште квалитетни професори.
Иди јас мислам нема да згрешиш...
 
Дајте бе луѓе да специјализираме тема за запишување во средно и сите таму да прашуваат и се бунат... Секоја недела по две нови теми имаме со ист наслов... Кај да одам средно. Отприлика исто се случува и со тие што се запишуваат на факултет. Една официјална за запишување на факултет и уше една за средно и чао пријатно за навек. :cujte:
 
Абе јас имам завршено у РЈК, мене ми беше екстра.
Нормално да ти кажам да идеш.

Али многу работи се сменети.
Има нов куртонски директор( стариот беше звер).
Има доста нови професори.
Бајаги се отидени у пензија.

Али според мене има и доста уште квалитетни професори.
Иди јас мислам нема да згрешиш...
Фала за advice-от :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom